cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Колку спие вашето бебе?

  
clock-img

11.01.2010, 16:22

clock-img

niki

pencil-img

4299

Еееее мојана за некој ден три години во газот ќе наполни и уште се буди ноќе, а никогаш не спиела на светло. Јас проблемот го гледам во неколкуте месеци додека цицаше и спиеше со мене во кревет, да ми било полесно. Ама полесно, од цицање е одбиена од кога, ноќе не станува за млеко одамна, но навиката да се буди си остана, за друштво, да види дека сум тука, да ја гушнам во сред ноќ и да поседам покрај неа додека заспие. Една ноќ нема преспиено да не се разбуди, макар во рани зори онака ко од инает, да ме разбуди, да не ме фати сон потоа, а таа ќе си заспие повторно.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

21.01.2010, 12:53

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Надица што направивте вие?Почнавте да пиете или уште сте со иста мака?user posted image

clock-img

21.01.2010, 18:26

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Малите бебиња секој миг додека се разбудени го поминуваат во истражување на сè што ги опкружува. Како последица на тоа им е потребен многу одмор. Додека спијат нивните мали тела се одмараат, а нивниот мозок се обидува да најде смисла на сè она што го доживеале додека биле разбудени.
Колку сон му е потребен на вашето малечко зависи од неговата возраст.
Секое бебе е различно и си има свои потреби. Некои имаат потреба да спијат повеќе од други, но најчесто за вашите најмили важат следните податоци.
 Новороденчиња
Бебињата се раѓаат без смисла за време и спијат кога се уморни, а се будат кога се гладни. Тие спијат околу 15 до 18 часа дневно, но во кратки периоди од 2-4 часа. Предвреме родените бебиња спијат повеќе, а бебињата кои имаат колики помалку. Интервалите кога спијат бебињата, кои се хранат со мајчино млеко, се пократки (2-3 часа), затоа што бебињата побрзо го дигестираат ова млеко. Бебињата кои се хранат со млеко од формула, спијат во подолги интервали (3-4 часа). Новороденчињата спијат и дење и ноќе. Не следат определен шаблон и се многу непредвидливи. Вие мора да се придржувате кон нивниот ритам и да правите тоа што му е удобно на вашето бебе.
1-4 месеци
Во овој период вашето бебенце спие 14 ½ -15 ½ часа.
1-2 месец.
Во овој период можете да забележите некаков шаблон кој го следи вашето бебе, кога станува збор за спиењето. Најдолгиот период во кој тоа спие е од 4-6 часа и најчесто се случува во текот на ноќта. Вашето бебе најдолго може да остане будно 2 часа, затоа овозможете му услови да заспие ако измине тој период. Препознајте кога на вашето бебе му се спие. Ако забележите знаци како триење на очите и тргање на ушите, однесете го во креветчето на мирно место за да може да заспие. Сега веќе е чувствително на светлина или звуци, затоа оставајте го да спие во мирна и темна соба.
3-4 месец.
Вашето бебенце спие повеќе во текот на ноќта (60%), отколку дење. Како што расте, сè повеќе е свесно за околината и треба да спие во потемна и помирна соба. Сега веќе се социјализира (се смее, гуга) и затоа може да сака да поминува повеќе време со вас. Но, не му го скратувајте сонот, бидејќи може да се преумори.
4-12 месеци
Иако во идеален случај треба да спијат најмногу до 15 часа, најголем дел од бебињата, кои се на возраст до 11 месеци, спијат 12 ½ часа. Најважно во овој период е да се воспостават здрави навики за спиење. Плачењето кога го ставате во креветчето или кога ќе се разбуди навечер само ќе се влоши, ако веднаш дотрчувате до него. Освен ако не е гладно или болно, не одете веднаш до него. Треба да бидете упорни, за да му создадете навика за спиење. Кога е на возраст до 9 месеци, вашето бебе најверојатно ќе се буди во 5 часот наутро и веднаш ќе презаспие, или ќе стане во 7 и ќе го започне денот. Бебињата обично спијат 3 пати дневно, до 6 месечна возраст. После шестиот месец, бебето веќе спие само по два пати дневно и нема потреба да јаде навечер.
1-3 години
Во овој период вашето малечко е многу активно и сè уште му е потребен многу одмор. Иако во идеален случај треба да спие најмногу до 14 часа дневно, вашето детенце спие околу 10 ½. Во текот на денот има потреба да спие само еднаш. Многу важно е да ги одржувате воспоставените навики за спиење. Вашето најмило најверојатно си легнува од 19-21 часот и се биди кај 6-8 наутро.

< Поракaта ја уредил mis. -- 21.1.2010 18:28:34 >

clock-img

21.01.2010, 19:45

clock-img

nadica

pencil-img

4381

без светло нема шанси се буди и плаче долго потоа user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

clock-img

21.01.2010, 19:55

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Надица не знам што да ти кажам а да ти помогнам.некогаш проблемот и не е така лесен за да го решиме преку ноќ треба време и трпение.

clock-img

25.01.2010, 00:00

clock-img

vlatko

pencil-img

14



davajte soveti kako covek da uspie 18 mesecno bebe.
od kako e rodeno od bebe nikako ne spie i ne mozeme da si legneme pred 2 saatot se uspivame po 3 saati.
dajte nekoe resenie za da mozam i jas da si legnam porano ili barem do  12 casot i mene me cekaat rabotni obvrski naredniot den.

dali ima nekoj vakov problem so negovoto dete?

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

25.01.2010, 00:30

clock-img

niki

pencil-img

4299

ИЗВОРНА ПОРАКА: vlatko



davajte soveti kako covek da uspie 18 mesecno bebe.
od kako e rodeno od bebe nikako ne spie i ne mozeme da si legneme pred 2 saatot se uspivame po 3 saati.
dajte nekoe resenie za da mozam i jas da si legnam porano ili barem do  12 casot i mene me cekaat rabotni obvrski naredniot den.

dali ima nekoj vakov problem so negovoto dete?

user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



Незнам дали имате некој ритуал на успивање? Како се успивате?
Мое мислење е навечер да изберете активности кои ќе го смират детето, како на пример читање, гледање слики или нешто сл. кое не бара физичка активност. Потоа секоја вечер се порано да почнувате со успивањето за да го воведете во некои нормални рамки бар кај 22:00 да легнува наместо во два после полноќ.Секоја вечер да се придржувате и да ја применувате истата рутина пр. читање, капење, хранење облекување пижами и спиење. Исто така да внимавате колку спие преку ден. Во еден период ќерка ми почна дење да ми спие по 3-4 часа и потоа имавме журки до полноќ и тоа го скративме на тој начин што дневните спиења и ги скратив на час и половина до два часа најмногу.
Друго во тој период децата се полни со енергија па е пожелно да им се обезбеди време и простор преку ден да ја истрошат, да се истрчаат и изморат за подобро да спијат. Затоа секојдневни прошетки надвор на воздух, без количка сигурно ќе му помогнат.
Незнам што друго еве прочитај ја целава тема може и некоја друга идеја да најдеш.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

11.04.2010, 14:16

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Martin za nekoj den polni 2 meseci i mnogu mi e cudno ama vo 24h ke mu se soberat najmnogu 5 casa spienje. Lekarkata vika takov mu bil karakterot i temperamentot na deteto user posted image user posted image
Planiram da se prijavam na "maraton bez son" user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

11.04.2010, 16:38

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Kaj нас секој ден е приказна за себе. Порано се будевме на секои три часа без оглед дали е ден или вечер, се доевме и пак заспивавме. Сега е поинаку. Вчера цел ден го помина будна, не заспа ниту еднаш цврсто, само дремеше кратко, ама затоа пак синоќа за прв пат сиеше цела ноќ без да се разбуди. Стана дури во 6 за да цица. Јас се будев неколку пати вечерта и се чудев дали да ја разбудам да цица ама ми беше жал. Денес пак, не можам да ја разбудам. Спиејки цица и продолжува да спие. Сега ја држев, штипкав, и зборував со цел да ја анимирам ама нееее, а сакам да вежбаме малку user posted image

clock-img

11.04.2010, 16:46

clock-img

Leonida

pencil-img

411

Нека си спие кога и се спие. Не ја буди и не се плаши ако некогаш постпие повеќе. Она си знае кога и треба нешто, па ке се јавиuser posted image Има такви периоди кога може подолго од обично да спие и нека не те чуди.

clock-img

11.04.2010, 17:09

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Стефан и Мартин спијат цела ноќ.Стефан заспива во 21 и спие до 8 Часот.Денски спие од 12,30-13 часот до 15,30 но тоа кога Мартин е на градинка и може мирно да спие без некој да му вика на уво а кога Мартин е дома за викенди едвај пола саат до цел саат успева да дремне.

clock-img

11.04.2010, 17:21

clock-img

mami

pencil-img

8680

Преку ден си спие 2-3 часа, некогаш еднаш некогаш на два пати дневно, зависи колку е уморен. Ноќе заспива кај 9-10 максимум и спие цела ноќ до 9 утрото, ако не го разбудиме со сила за да го носиме кај моите кога сум на работа

clock-img

11.04.2010, 17:58

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Kaj нас секој ден е приказна за себе. Порано се будевме на секои три часа без оглед дали е ден или вечер, се доевме и пак заспивавме. Сега е поинаку. Вчера цел ден го помина будна, не заспа ниту еднаш цврсто, само дремеше кратко, ама затоа пак синоќа за прв пат сиеше цела ноќ без да се разбуди. Стана дури во 6 за да цица. Јас се будев неколку пати вечерта и се чудев дали да ја разбудам да цица ама ми беше жал. Денес пак, не можам да ја разбудам. Спиејки цица и продолжува да спие. Сега ја држев, штипкав, и зборував со цел да ја анимирам ама нееее, а сакам да вежбаме малку user posted image


Немој да ја будиш. Мојата ќерка уште 1 недела прави 2 месеци, а ноќе спие по 6-7 саати. Уште кога имаше 2 недели почна така да спие. Првиот пат дури се исплашивме. Спиеше од 9 вечерта и ја разбудувавме во 2, но неуспешно. Стана дури во 4. Така сеуште спие. Еднаш дури и памперсот и го сменив без да се разбуди user posted image . Преку ден пак малку спие. Од тогаш не се секирам. Ко ќе и се пријади ќе стане сама.

clock-img

11.04.2010, 18:08

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana


Немој да ја будиш. Мојата ќерка уште 1 недела прави 2 месеци, а ноќе спие по 6-7 саати. Уште кога имаше 2 недели почна така да спие. Првиот пат дури се исплашивме. Спиеше од 9 вечерта и ја разбудувавме во 2, но неуспешно. Стана дури во 4. Така сеуште спие. Еднаш дури и памперсот и го сменив без да се разбуди user posted image . Преку ден пак малку спие. Од тогаш не се секирам. Ко ќе и се пријади ќе стане сама.



Sara porano se budese na sekoi 3 casa, ama sega i ona ovie 7-8 dena spie po 6 saati, si legnuva nakaj 23:00-00:30 a spie do 06:30 a ponekogas i do 07:30, ama preku denot e poveke budna od porano, nekogas se slucuva i po 5 saati da ne zaspie user posted image user posted image user posted image
Slagjana, Sara uste 11 dena polni dva meseci, ne sme mnogu razlika so vasuser posted image

clock-img

11.04.2010, 19:25

clock-img

Весна

pencil-img

771

Моево спие многу, но денски. Заспива најрано во 4:30, а најдоцна во 7:30 и спие до 13:30, односно 15:00ч. Е откако ќе стане останува будна од 1-2 саати и постива до кај 40 мин. и се така најрано до 4:30.

clock-img

11.04.2010, 23:20

clock-img

melody

pencil-img

743

Kaj nas pak vo koja smena tatko i odi da raboti taa taka i spie.Nikako da i se fati krajot znaci sekoja nedela razlicno.Veke i jas neznam kako ke pocne nejziniot den i kako ke zavrsi.Uzas.... i nikako ne mozam da uspeam da ja naviknam vo odredeno vreme da spie.Inaku spie okolu 12 casa normalno zavisi koe vreme ke zaspie pa taka i brojam.Preku den i se fakaat okolu cas, cas i polovina da spie i toa e na dva pati.Navecer se budi najmalku 5-6 pati da ne propusti nesto jas vikam.Neznam navistina sto da kazam veke se napravivuser posted image

clock-img

12.04.2010, 09:01

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна

Моево спие многу, но денски. Заспива најрано во 4:30, а најдоцна во 7:30 и спие до 13:30, односно 15:00ч. Е откако ќе стане останува будна од 1-2 саати и постива до кај 40 мин. и се така најрано до 4:30.



И кај нас беше вака до пред 10-тина дена user posted image Намерно почнав да ја бањам навечер и ми заспиваше околу 22 часот, беше збунета. Ноќта се разбудуваше кај 1-2 часот и остануваше будна до 4. Неколку дена така правеше. Сега заспива околу 12,30 и спие до 6,30. Ама оној ритам на заспивање во 4 наутро ме излуди user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

12.04.2010, 13:00

clock-img

ikipp

pencil-img

432

daria spie od 11 navecer do 9  10 sabajle,skoro i nekogas ic ne se budi,ama deana ako e pogolema mnoooogu e leva za spienje samo se budi i kenka nesto,a daria ima samo 4 meseci,deana od koga se rodi takva e.

clock-img

12.04.2010, 13:09

clock-img

mis.

pencil-img

3845

икипп иста беше ситуацијата и кај мене големото до голем стануваше а малово спие цела ноќ од бебе.

clock-img

12.04.2010, 13:30

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Vospostavivme ubav red preku den ednas i toa dva ponekogas znae da se uspie i tri casa a navecer do deset casot e legnat ama ona budenje noke mu ostana kolku da vidi dali sum tuka a sabajle standard 7-7:30.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

12.04.2010, 18:13

clock-img

Весна

pencil-img

771

И кај нас беше вака до пред 10-тина дена user posted image Намерно почнав да ја бањам навечер и ми заспиваше околу 22 часот, беше збунета. Ноќта се разбудуваше кај 1-2 часот и остануваше будна до 4. Неколку дена така правеше. Сега заспива околу 12,30 и спие до 6,30. Ама оној ритам на заспивање во 4 наутро ме излуди user posted image

[/quote]

Ех, со таква намера ја бањаме дури во 23 часот, но ќе си ги отспие своите 40 минути и јово на ново, саат-два будна. Инаку, вчера остана будна дури 3 и пол саата, па заспа во 6:00. Окапав.

clock-img

12.04.2010, 18:18

clock-img

viksa

pencil-img

220

Петар многу малку спие преку ден (има 6 месеци). Се на се му се фаќа околу 3 часа, кои ги отспива неколку пати по половина саат. поради тоа морам постојано да бидам со него. Навечер заспива околу 22 часот, но во текот на ноќта мора да се разбуди.

_____________________________

Насмевката е единствена крива линија која исправа многу работи.

clock-img

12.04.2010, 20:15

clock-img

nataly_13215

pencil-img

99

mojov ima mnogu red uste koga se rodi vednas sekoj den vo isto vreme e bnjat i legnata taka da vo 7 ipol e vo krevet se budi za cicanje no vo 5 e na noga toa i mi odgovara bidejki se spremam za na rabota i zaspiva 2 pati po 1 saat na den.sekoj den e banjat i ceka da pocne postapkata inaku ne zaspiva

clock-img

12.04.2010, 23:17

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Па и јас така му ставив ред со бањањето.Го бањаме и почува ноќното спиење.

clock-img

13.04.2010, 15:02

clock-img

lukas

pencil-img

2148

moeto mnogu place ni v race se drzi a pak ni lezi se gleda deka mu se spie i toa mnogu ama ne saka da zaspie i dusa negova da legnam do nego da mu ja klam gradata v usta i ke potrga ke potrga i ke zaspie ama na 10 min i se razbudva prvo smuka so muceto i koga ke ostei deka mu ja nema gradata pocnuva da place e vcerasniot den cel taka go pominav i nokeski ete pak denes si spie samo cuclata ke mu ja klam  v usta i ke go potapkam po gazeto i zaspiva...aman koga e toa ke si fati red moeto ni red ni redosled ima...mi e grev koga se akinja od placenje a nemom nisto da napramvam...nemozam so gradata v usta da sedam celo vreme do nego....so mozi da mu se napraj taka na bebe od skoro polni 2 meseca....

Последни статии

article-img