cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Машина за садови

clock-img

10.04.2013, 18:57

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010


ИЗВОРНА ПОРАКА: lindicka

Pomos! Vcera ja vkluciv masinata za sadovi, i sabajle da gi izvadam sadovite gledam na dnoto na masinata malku ostanala voda. Ne znam od sto bi mozela da bide! Nekoi iskustvo ili sovet???
Inaku sadovite se ubavo izmieni i isuseni, samo ima voda na dnoto na masinata. Kako da ja ispustam? Sto bi mozelo da bide?
Fala


Изгледа нешто ти се затнало, или одводот, или пак си ставила многу валкани садови и некаде се запушило.

clock-img

10.04.2013, 19:05

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010


ИЗВОРНА ПОРАКА: emidz

Здраво од мене.
Ние имаме машина за садови ама како што мајка ми никако да се навикне подобро би било да ја пренамениме во дополнителен плакар user posted image
Она упорно си мие садови на рака и бидејќи била голема машината додека чекала да се соберат ќе ги измиела.
Јас и кажувам дека повеќе ќе заштеди ако ја користи но имаме друг проблем.

Дали ви остануваат флеки и мрснотии на садовите? Ни се има случувано и дополнително и ја одзема довербата за машини за садови на мајка ми.
Дали треба прво со сјајче да ги замиеме садовите или исплакнеме малку или директно да ги ставаме во машина? Зошто која е поентата да ги замиваш па да ги ставаш дуплли трошок?
Одамна со ова сме во дилема и никако да се одлучиме машина или на рака.

Благодарам однапред за помошта! user posted image user posted image


И мајка ми така размислување, па сеа после 2 години перење со машина ми вика: Еее да имав и јас машина user posted image Ќе се навикне.

Инаку јас вака правам, пред да ги ставам во машина земам салфета и ги тргам маснотиите и остатоците од храна, па го ставам тањирот во машина.
Можеш со вода да заплакнеш некој ептен валкан тањир, никакви сјаење и на раце миење.

clock-img

11.04.2013, 10:49

clock-img

emidz

pencil-img

100


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Инаку јас вака правам, пред да ги ставам во машина земам салфета и ги тргам маснотиите и остатоците од храна, па го ставам тањирот во машина.
Можеш со вода да заплакнеш некој ептен валкан тањир, никакви сјаење и на раце миење.



Фала многу :)
Рековме дека ќе направиме експеримент, овој месец се на рака ќе миеме а наредниот се во машина и ќе ги споредиме сметките па ќе пуштам анализа тука.
Поздрав!

clock-img

11.04.2013, 11:05

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010


ИЗВОРНА ПОРАКА: emidz


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cipi Ripi

Инаку јас вака правам, пред да ги ставам во машина земам салфета и ги тргам маснотиите и остатоците од храна, па го ставам тањирот во машина.
Можеш со вода да заплакнеш некој ептен валкан тањир, никакви сјаење и на раце миење.



Фала многу :)
Рековме дека ќе направиме експеримент, овој месец се на рака ќе миеме а наредниот се во машина и ќе ги споредиме сметките па ќе пуштам анализа тука.
Поздрав!


Можете да пробате така, колку да и докажете на мајка ти. Инаку споредбата за потрошња на вода е огромна, многу помалку него ли на рака да миеш, земи го упатството и прочитај, точно пишува на која програма колку вода троши машината. Е сеа не знам струја колку влече, ама од искуство по сметката за струја до сега не сум приметила дека троши многу.

clock-img

16.08.2013, 08:51

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Zenski dali znaete,zoshto mashinata za sadovi ne mi ja zama kockatauser posted image
Tri pati ja ulkuciv I nesaka,i tanjirite sekako nemise izmieni ubavo.
Se nadevam ne mi e rasipanauser posted image

clock-img

21.11.2014, 14:29

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Имам проблем со машината ама имам претпоставка зошто така ми се случува. Ако на некој му се случува истото нека ми пише. Ја уклучувам се и нормално си работи само кога ќе видам после посебно во чашите има останато како талог од таблетата за миење. Па си викам дали можеби не ја постигнува температурата на водата затоа што овде водата е многу ладна. Значи ова посебно ми се случува во зима. Водата од чешма е камен не може човек и раце да си измие.Слично имам приметено и со машината за алишта, во зима како да не ми ги пере убаво. Е сега си викам да ја ставам на повисока температура може ќе се разложи таблетата поубаво. Барем во зима така да мијам на програмата со највисока Т за тенџериња што е.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

Последни статии

article-img