за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ki4iko ако имате мраз подобро седи си дома,а и загадено е многу подобро шетај дома.Со мало дете имаш трчање цел ден ,а за секс да колку што е изводливо за ваква ситуација
< Поракaта ја уредил lukajana -- 21.1.2015 17:31:35 >
22.01.2015, 17:19
lukajana RR
1481
Женски денес Ki4iko ништо не пишала,може веке се гушкаат со бебе,ако не нека и е со лесно и ја чекаме да пише
22.01.2015, 17:37
Ki4iko
438
Lukajana и јас едвај чекам и денес се зафатив со движење,нели треба но само низ дома, па решив пак да си чистам ,се знае што може една трудница по дома да фати.Важно максимално се истрошив, а секако ќе си се пофалам кога ќе дојде време.Статус сеуште исто,болки како менструални преку цел ден,што ќе беше овааааа
23.01.2015, 11:20
Ki4iko
438
Рингерајки, кажувајте што ли ќе беше ова.Ноќеска имав 2 саати болки на 10 минути ,како јаки менструални.Сватив дека се лажни и продолжив да спијам,ама еве и сабајлево пак така,без интервали,туку нон стоп си боли долниот дел од стомакот,како да ќе добијам циклус .За првото дете немав ништо од ова и сега цела сум прашалници . Бев пред 2 дена на преглед и таму се покажаа мали контракции ,ама докторката рече дека е рано и ќе тераме уште некој ден.Ама ова со болкиве што нон стоп ги имам баш ме чуди.Кажете ваши искуства,кој што имал ваков случај.И сабајлево од мене излегува како слузави конци,малку прошарани со крв, а пред 1 недела испадна густ крвав мукозан чеп.ЕПА СТВАРНО НЕ ЗНАМ ШТО ДА МИСЛАМ
23.01.2015, 11:22
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko
........И сабајлево од мене излегува како слузави конци,малку прошарани со крв, а пред 1 недела испадна густ крвав мукозан чеп.ЕПА СТВАРНО НЕ ЗНАМ ШТО ДА МИСЛАМ
Да си го спремиш торбичето
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
23.01.2015, 11:44
Ki4iko
438
Хехеххе, спремно е торбичето, спремна и јас, болкиве си течат цело време , леле леле ,имам трема, а ако можи вака да си тера уште една недела, хахах ќе биде забавно
23.01.2015, 13:26
Melanija RR
7052
Ki4iko појди си и на ЦТГ ако те држат болки а ако почнало ќе си се вратиш и ќе знаеш дека ете почнало ама треба движење
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
23.01.2015, 13:40
lukajana RR
1481
Ki4iko убаво ти вика Меланија рр оди нека те прегледаат и вагинално нели беше 2 см отворена ,сега можеби е повеке сепак вторпат раѓаш.Ова од чистењето ке да е сака бебе да ти помогне .Ајде заминувај на преглед и за 2 часа да пишеш дека си се породила
23.01.2015, 19:31
Malecka23
1175
AAA gledam za brzo ke ruckame mekici:).Srcka samo so lesno ostavi si ja tremata za doma a misli an bebusko naskoro ke se guskate. Bese li na Ctg, vaginalen pregled ova ona sto ti rekoa?
23.01.2015, 21:03
Hopeful RR
2349
Аааа, ја нема Ki4iko, и јас се радувам на скори мекици! Ајде со лесно и убаво, време е за гушкањеее!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
23.01.2015, 22:31
Ki4iko
438
УФ, уште сум тука. За жал мојата докторка не е на работа овие 2 дена, нели се знае ситуацијата во прилепската болница, па ајде некако да издржам до понеделник , дрш не дај работава . Па во понеделник ќе видиме на каде тера мојава ситуација, со целдоневни менструални болки(освен ако не ми пукне водењак или болките се зголемуваат).Се надевам дека тоа е знак дека се отварам повеќе,ама само се надевам.Инаку бебето е нормално раздвижено,можеби помирно од предходно, терминот е блиску, стискајте палци
24.01.2015, 16:56
lukajana RR
1481
Ki4iko го чекаш понеделник или има промени.Како бе ова слободна докторка па нема ли некоја замена или некој било кој за преглед не бараш којзнае што,а овде во Скопје ги напикале на гак милион доктори место да ги распоредат таму каде стварно има потреба од доктор
24.01.2015, 18:30
Ki4iko
438
Оф леле тука во Прилеп има само 3 гинеколози,од кои едната докторка иди од Битола.Тешка мизерија.Нема ни замени ништо.Викендов нема ни лекар на клиника тука.Докторкава вика чекај поголеми болки, овие се лажни, ама сигурна сум дека лажните болки не носат јака болка која трае 30 секунди ис е повторува целодневно .Барем знам родив едно, имам контракции,кои се на ниво 1 од 10 еве на пример.И ништо да стегам до понеделник хахаха.
25.01.2015, 11:42
Ki4iko
438
Ајде сега давајте совет , што да се прави , болкиве се почнати од ноќеска.НА 15 минути,па на 10, појаки се,ама нели издржливи .Ама па на 10 минути се .Премногу е рано за во породилиште или да појдам?Од друга страна па и дететво дома не ми се остава, сакам уште да си седам,секако болкиве се уште подносливи.Кога вие појдовте во породилиште? Водењакот не ми е пукнат .
25.01.2015, 12:38
Malecka23
1175
Ki4iko dali ti se konstantni bolkite vo pravilni intervali ili ne?Od ona sto znam e deka koga ke bidat bolkite na 5min togas najdobro e da se javis na klinika.No ete neka pise i nekoja dr mamicka sto znae.Poroduvanjeto ti e sekako pocnato.Dali stomakot ti e spusten?
25.01.2015, 13:05
lukajana RR
1481
Ki4iko добро ти вика Малечка23 кога ке бидат на 5 мин.болките е најдобро ама јас не би чекала толку зашто сепак ти е второ а и штом ви е таква ситуацијата со доктори подобро порано за да се организираат на време ако треба да дојде од дома или од друга болница.А за детето не се секирај или заспи го или нека го прошетаат некаде додека да излезеш,оди жено се изнамачи ке ти стават провокација ке се породиш вака само се истоштуваш
< Поракaта ја уредил lukajana -- 25.1.2015 13:07:30 >
25.01.2015, 19:36
Ki4iko
438
статус ист.бев на преглед контракции почетни 3 см отворена докторот ме убеди дека не е убаво со индукција со сила да го вадиме бебево.си има доволно плодова вода се е во најдобар ред со бебето и ќе чекаме да пукни водењак или да добијам неподносливи болки.а во меѓувреме јас имам многу појаки болки на 5 минути и се чудам како ќе функционирам со вакви болки и детето дома.кажете начин како полесно да ги поднесам болкиве се појаки се
25.01.2015, 21:39
lukajana RR
1481
Оф бе мила штом си почнала да се отвараш болките ке се зголемуваат ама додека не ти пукне водењакот не можат да бидат толку силни,откако ке пукне водењакот тоа се болки ама среќа барем јас се пораѓав брзо по пукнат водењак така да пробај да одмориш зашто ке биде во скоро време и ако ти пукне оди одма во болница а во меѓувреме можеш и малку да шеткаш
25.01.2015, 21:43
Melanija RR
7052
Ki4iko штом се појаки болките тоа е тоа ,какво дома .Сигурно си веќе во болница со лесно
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
26.01.2015, 10:26
Felly RR
7977
Ки4ико, има ли веќе новости? Ајде, чекаме да ни пишеш!!!
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
26.01.2015, 11:07
Hopeful RR
2349
Ки4ико, те мислиме и те чекаме да ни пишеш убави вести!!!
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
26.01.2015, 16:26
Ki4iko
438
Епа драги мои рингерајки еве ме и мене по втор пат мајка.се породив брзо после мојата вчерашна порака тука и сега си имаме прекрасна мала ќеркичка.моето патешествие ќе го објавам за скоро во породилни приказни.полесно не знам дали некој се породил од мене.кога ме примија на клиника беше 23:20 а се породив во 23:55.среќа што стигнав на време .инаку немав болки како големи породилни.само силен напон.не сум ни епизиотомија направена.сега си ја чекам бебушка да ми ја донесат и да се гушкамеее.ви посакувам лесен пораѓај на сите кои чекате.
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
11.02.2015, 14:00
Melanija RR
7052
Како сте ?
sunnyday 14.02.2015
amelaljaic 05.03.2015 ana mari 06.03.2014 mesecina83 08.03.2015 Elena 29 15.03.2015
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
11.02.2015, 14:27
Bebuska na mama
34
ki4iko cestitki pred se :) Kazi mi so prvoto kako se porodi? Jas isto sum po vtor pat trudna daleku mi e terminot ama nekako si vikam deka so prvoto mngnlesno se porodiv sea vtorovo ke mi naplati za se :) malce deka znam so kako se desava pa me faka strav