за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Здраво до сите. Го ,,разлистував форумот,, и налетав на темава. И јас бев скептик за солената соба но по дообро сурфање на интернет прибрав навистина многу позитивни резултати за солена соба (пред се од странски сајтови). Навистина сум задоволна од самата соба и резултатите кои ги има пред се. Еве денес бев на шести третман и навистина сум многу задоволна. Незнам какви се останатите соби но прв пат кога влегов во солената соба останав без здив. Направена е стварно екстра. Би ви препорачала да ја посетите.
< Поракaта ја уредил Julie -- 10.10.2010 15:34:39 >
10.10.2010, 21:08
mama svetle
1
Zdravo Maja, na internet barav za solena soba i taka go najdov ringeraja i samo sto se zacleniv, sakav da dadam i jas nekoj komentar. Jas so dvete deca odam vo solenata soba, imame odlicni rezultati decata posle nekolku tretmani (3,4 ili 5) prestana da im tecat nosinjata i navecer spijat pomirno. Sobata e extra napravena imaat i dosta igracki za decata, a za stolcinata da nemam zborovi epten se udobni se trudam da ne zaspijam.
< Поракaта ја уредил Julie -- 11.10.2010 13:25:21 >
17.04.2011, 10:28
Snowhite RR
5042
Е супер и во Прилеп отвориле солена соба, а јас мислев во Битола да одам Се јавив вчера, 40 мин е 400 ден за возрасни, а за деца до 8 години е 200 денари, а за мајката гратис. Сега ги организирам другаркиве некој ден и одиме на третман
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
13.05.2011, 09:12
Felly RR
7977
Snowhite дали бевте? Јас пред некој ден видов дека е овде кај мене во близина. Ајде, викај кога ќе одите - идиме и јас и Матеа
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
13.05.2011, 14:44
blue_blue
893
јас ги носев во солената соба во Халомедика во Хром, средина на октомври 2010. Децава веќе имаа затнати носеви. Никакво подобрување немаше. Одвеме само 4 третмани пошто после качија температура и примаа антибиотски капки во нос и веќе не отидовме. Имаме уште 9 неискористени третмани па се размислувам дал да идеме пак и да ги доискористиме, не знам дал ќе има ефект
15.05.2011, 09:12
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly
Snowhite дали бевте? Јас пред некој ден видов дека е овде кај мене во близина. Ајде, викај кога ќе одите - идиме и јас и Матеа
Се уште не, ја чекам другарка ми да го праша гинекологот дали смее да оди во солена соба, зашто е бремена на почеток на второ тромесечие Ако е добро, мислам дека можеме следната рр дружба да ја направиме таму, што велите прилепчанки Инаку да, кај тебе е на 5 мин оддалеченост
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
15.05.2011, 10:51
Octavia
617
Јас кога бев бремена се јајвив директно во една од тие солени соби да прашам дали смеам (последно тромесечие бев) и таму ми рекоа дека за бремени жени немаат сознанија дали е безбедно и дека е подобро да не експериментираме, затоа што сепак големата концентрација на сол влијаела на организамот и дека може да дојде на пр. до нагло рипање на притисокот и сл. последици. Јас имам алергија која ме дотепува затоа што не смеам да пијам таблети ни да користам од кортикостериоидните спрејови (а само такви се) па се јавив да барам спас, ама ништо не бидна.
13.12.2011, 09:40
andronika
26
Kade se naoga solenata soba vo Struga? Ima li nekoj broj da se javam?
13.12.2011, 19:53
miana
6152
jas da vi kazam iskreno bev mnogu ZA vakvo nesto dodeka zboruvajki so eden kolega se predomisliv...Mi kaza deka ovie sobi nemaat nikakva ventilacija nitu pak gi luftiraat nekako a vo niv sedat razni bolni...Tioa bi znacelo deka vo istata soba bi mozele da zakacite uste nekoj virus bakterija grip ili slicno od nekoj sto bil pred vas vo istatta..Posle ovoj muabet nu na kraj pamet ne mi paga da odam vo solena soba
21.12.2011, 00:05
Тања РР
2029
ИЗВОРНА ПОРАКА: teti4ka
За бебе од колку месеци е препорачливо да се носи на терапија во солена соба?
ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama RR
Јас можеби не сум упатена, ама малку ми е нејасно, зошто би се носело бебе во солена соба? Каква терапија е тоа за бебиња?
ИЗВОРНА ПОРАКА: ZVONCICA
bratucetka od maz mi imaat otvoreno i ovde vo gv i vo te i da vi kazam deka nema nesto koj znae sto nema nekoj rezultati duri citav deka nekoj deca dubivaat nekakvo gusenje ne e bas preporaclivo a ne deka ti ne mozes da go odneses maloto tamu...toa e isto kako da si go odnela na more samo vo zatvorena prostorija i pokoncentriran sol ili jod ....ama jas sum protiv
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
10.01.2012, 13:26
Luci
2250
Има ли некој искуство со Солената соба во Аеродром? Се јавив на телефон таму да се распрашам убаво и нормално ептен ја испофалија Ми кажаа релативно ефтина цена, 1750 денари за 13 посети на бебе со 1 родител придружник во времетраење од 20 минути
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
18.11.2012, 13:35
penelopa
3419
Кај нас доста се ги фалат солените соби и ги препорачуваат за дечиња што имаат проблеми со бронхитиси.Викаат дека 10-20 мин. во ваква соба е исто како детето да било 1 саат на море- толкава е концентрацијата на сол. Ние често го носиме син ми на море- речиси секој викенд доколку не дува и е сончево- вчера бевме последен пат и мислам дека дишењето морки воздух многу му помага. Ама Сакам и овде да го однесам посебно сега во зимскиот период.
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu