cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Болести кои ни ги носи градинката

  
clock-img

22.04.2013, 09:54

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

Јас во принцип никогаш не давам ништо што ми препишал дежурен лекар без да му се јавам на нашиот педијатар и да му изреферирам што се ми кажале на дежурен. Ако не е на работа секако е достапен на телефон, Сите рецепти што ги имам добиено таму ги имам фрлено во канта, и да, сите се Амоксиклав, фамозниот лек за се, т.е. за секој случај.

Работете на имунитет миана, со минимална употреба на лекарства, еве се затоплува па искористи прилика, вака само калемите едно на друго... Не знам што да ти кажам, пишав некаде погоре мислам - јас под итно би ја сменила матичната, очигледно пристапот и е погрешен

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

22.04.2013, 10:42

clock-img

Luci

pencil-img

2250


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Ajde i jas da se javam na temava,ama so moj problem user posted image
Kerkami (5 ) veke tret pat vo mesec dena pie antibiotik... Se razboluva preku vikend,ja nosam po dezurni...Piese amoksiklav,pa alicef i sega pak amoksiklav.Vo meguvreme ispi i celo sise blokmaks a veke se zali i deka ja boli stomaceto ( a kako da ne ja boli,posle tolku sirupi)
Denes e 4 den so T,utrovo pak kaci,a primetiv i deka okoto i otekuva...Pamet nemam vo glava veke user posted image
Minatava nedela vo gradinka kaza deka nekoe dete povrakalo user posted image
A ona pocn i da iskasluva slaem a i nosot e poln so mrsuli...Vo sabotata i napraviv i bris...Edna dedela sme OK, ( 5 dena) pa za vikend fati bolest,pa sedi doma cela nedela,pa pak odi 5 dena pa pak po dezurni...I davam i probiotik - Ivancic i sinovi ,toj mi go preporacaa na klinika prethodniot pat- tamu zavrsivme so visoka T koja sto ne se spustase nikako
Znam deka lekot e da ne odi vo gradinka,ama sveki ja cuva malata i nekako premnogu i se dvete da gi cuva i ete sega bolna,pak ke mora da ja cuva user posted image
Denes konecno ke ja odnesam kaj nejzinata doktorka da ja vidi. ( se vikendi ne fakaat i si go izotruv deteo ) user posted image
user posted image user posted image user posted image user posted image Nemam sila veke !!!!!!!


Да ја однесеше и на хомеопат уште пред 1 година кога прв пат ми го побара бројчето верувам дека до ова немаше да дојдете. Скап е првиот преглед да(3000 денари беше) ама ти секако фрлаш еден куп пари со купување лекарства на приватно зашто викенд те фаќа. Башка налет парите кога се работи за здравје на свое дете. Мој совет мењај матичен а и не трчај на сеедно по дежурства зашто таму под дифолт даваат амоксиклав . Греотка децата кој што прави со антибиотици се постојано зашто немаат никаков имунитет. А и како би имале...Верувам дека со хомеопатските лекови не би се разболувале волку често а и да се разболат нема да пијат антибиотици што е најважно

_____________________________

Рани куче да те лае!!!

clock-img

22.04.2013, 11:53

clock-img

Annet

pencil-img

2404

Женски,ние денес завршивме на лекар,ни дадоа сируп Аугментин,Моето дете ништо не јадеше ни пиеше 2 дена,јас мислев ќе биде подобро,ама не биваше.Ноќеска и повраќаше,и качи Температура 39..За нас градинка нема.Сега дома ќе си поседиме,а за понатаму ќе видиме.Многу ми е криво.Ама сите дечиња во групата се болни,сите до едно.Има некој вирус,незнам што е еве и јас и мм сме малку зарипнати...
Фала ви многу за добронамерните совети,како и секогаш,тука сме да си помагаме,затоа и бараме помош.Секој со своето искуство и мислење,јас пробав секако ,ама не бивашеuser posted image

clock-img

22.04.2013, 12:04

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ајде Анет, не се грижи ќе оздравите брзо, само јакнете имунитет. Сакаш да се откажете сосем од градинка? Ако имаш кој да ја чува дома уште оваа година, година и пол - па не ризикувајте по гардинки.
Инаку, во петокот земав негативни резултати од брисевите од микро, а вчера вечер и цела ноќ се уби дете од кашлање, и сабајле со залепено окце стана, од густ секрет.
Вечер ќе мора да правиме промивки, ако не и Хлорамфеникол да ставиме во очи, а попладне ќе ја носам да и видат грло и да ја слушнат на гради...
Кога има напади на кашлица, најчесто е ноќна, пиеме сируп против алергии, па и тој изгледа нема да ни избега 2-3 дена.

clock-img

22.04.2013, 12:48

clock-img

Annet

pencil-img

2404

Јас, која викав и сакав да оди,сега го сменив мислењето з градинката.Кога ќе осетел човек на своја кожа ,болело....
Да .јас не работам,ќе си ја чувам.Башка до другиот понеделник несмее да оди,а после- среда е 1 мај.па до 7ми не се работи....Не можам да ја носам пак,знаејќи дека сите деца во јаслите се болни,и да ја трауматизираме неможам да си дозволам.
Зошто велат дека 1 година се гради имунитет?? А ако оди од 3 нема толку да разболува.Па кога ќе размислам има смисла.нормално,сите нови деца никогаш не мешани со други деца,ќе бидат болни.....Па нека оди од 3 години,ако нема толку да е болна....
отом потом,ние пробавме,ама не бива,не е зорд.Сега иде лето,има деца за дружба.така да има социјализација хаха

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annet

Женски,ние денес завршивме на лекар,ни дадоа сируп Аугментин,Моето дете ништо не јадеше ни пиеше 2 дена,јас мислев ќе биде подобро,ама не биваше.Ноќеска и повраќаше,и качи Температура 39..За нас градинка нема.Сега дома ќе си поседиме,а за понатаму ќе видиме.Многу ми е криво.Ама сите дечиња во групата се болни,сите до едно.Има некој вирус,незнам што е еве и јас и мм сме малку зарипнати...
Фала ви многу за добронамерните совети,како и секогаш,тука сме да си помагаме,затоа и бараме помош.Секој со своето искуство и мислење,јас пробав секако ,ама не бивашеuser posted image


clock-img

22.04.2013, 13:16

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Анет, ако не мора во градинка, зошто да ја праќаш? Социјализација, хмм... Се што треба да научи, ќе научи во свое време и јас лично не сметам дека градинка прави дете да биде социјализирано... За мене најбитно е домашно воспитување, она што ќе види и научи дома. Многу фактори има за некое дете да го окарактеризирам како социјализирано или не...
Само сакав да прокоментирам коментари кои ги слушам, дај го во градинка да се челичи. Од што да се челичи? Тоа ми дојде исто како да го гурнам во огин и да се снаоѓа како знае и умее. Моја должност како родител и желба пред се, е да го заштитувам колку е во мојата моќ во текот на неговиот живот, пред се во овие првите осетливи години, она што дома се воспостави како вредност е нешто непроценливо, нешто што ниту градинка ниту било кој друг не може и не треба да даде, освен само родител.
Јас не кажувам дека е лошо да се оди во градинка, ама поубаво ми е да родител да е со него, ако има можност наравно. Јас на градинка секогаш гледав како на опција за чување деца кога родителите не можат, никогаш на место каде ќе можат да научат нешто подобро отколку дома. Не кажувам дека нема добри страни, ама само ако е некој принуден да го даде детето во градинка, инаку многу повеќе добивки има и ќе има со родителот.
Оф топик сум сигурно user posted image

Се надевам сите болни дечиња ќе бидат добри набргу user posted image Мислам дека нема потешко за родител да го гледа детето болно user posted image

clock-img

22.04.2013, 13:29

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Само пазете со антибиотиците женски, колку се добри толку се и лоши. Не знам што е работава, дали се алергии некакви ама секое второ детенце е со мрсули и кашлање.

clock-img

22.04.2013, 13:36

clock-img

sladjana ms

pencil-img

264


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage


ИЗВОРНА ПОРАКА: sladjana ms


ИЗВОРНА ПОРАКА: dostickage

Moe mislenje e deka ako se navlece dete na preventiven antibiotik cel zivot kje bide nezno i bolno.
Organizmot treba da se bori protiv virusite sam a ne so antibiotici- so nov uste povekje kje padne imunitetot pa posle kje se razboluva mnogu poseriozno. I sto togas, kje kisnete po bolnici...
Virus ne se leci so antibiotik aman vekje !!!

Annet ne mi se luti , ne mislev na tebe ti samo si zagrizena i prasuvas za mislenje.
Do tebe i do Ivce user posted image



Aman veke, ama virusot koga ke go napadne seriozno organizmot so temperatura 39 i so spustanje na pluka ti tvoeto dete ke go lecis so kromid i solen rastvor? Mojot sovet bese dobronameren i sakav da kazam deka vladee strasen virus po gradinkive i Anet da bide vnimatelna, a ne vednas da dade antibiotik. Sekako toa ke go stori nejziniot dr., a ne jas i ti. Pozz




Yes doktore, ke odam pod itno na lekar i kje baram Pancef ili Amoxiclav uste koga ke procitam vo vesnik deka ima virus po gradinkive, za ne daj Boze da ne go fati virus so temperatura i da se spusti na plukja.
Ako zboruvas od licno iskustvo deka sekoj virus vi se spusta na plukja razmisli dobro zosto!

Moeto dete ne se razboluva i koga site doma imame virusi i znam tocno zosto, ama nema da ti kazam idi na lekr on neka ti kaze!

Fala na pozdravot.

p.s. I normalno deka Anet kje si napravi kako sto misli taa a ne jas ili bilo koj.

Inaku ne samo vo gradinkite, virusi ima sekade i skoro sekogas. Kaj mene pola firma ne bea na rabota poradi virus, ama ne sekoj virus sekogas siteb ne fakja.
Ideata mi e deka virusi sekogas ima i kje ima i ne samo vo gradinkite , treba da se poraboti na imunitetot za organizmot da moze polesno da se bori.



Nemoj da mislis deka samo ti znaes kako da se grizis za imunitetot na svoeto dete, toa go znaat i drugite majki i dozvoli i drugite da si go kazat svoeto iskustvo. Naprotiv moevo dete so nieden virus ne spustalo na pluka, samo posledniov virus koj go zakaci od gradinka i po edno mesecna kaslica i kacuvanje na temperatura dr. od kozle prepisa antibiotik, ne jas. Bidejki si dezuren seznajko so zadovlstvo ti ja prepustam ulogata na dr. Biljana Spirkovska. Golem pozdrav i veka nema da komentiram na temava toa ke go storat drugi za mene!

clock-img

22.04.2013, 13:51

clock-img

dostickage

pencil-img

2181

Gospoza slagana ms - prvo jas i se obrativ na Annet so sovet sto da pravi za rasteceno nose.
Tebe nikoj ama bas nisto ne ti rece.
Treto, na tvojot post deka treba itno da odi na lekar si dadov svoe mislenje na koe imam potpolno pravo.
Cetvrto jas za tebe ne sum dezuren seznajko jas sum Koka Kola user posted image

Ne sakam da se raspisuvam za da ne mi brisat postovi. Jas so svoi argumenti se izjasniv za mojot stav za imunitetot i antibioticite i nikomu vo nitu eden moment ne mu zabraniv da si kaze svoj stav.
Ako se oseti vo podredena polozba zasto nemas dovolno pametni argumenti , pa se povleckuvas  od diskusija i dozvoluvas drugi da komentiraat mesto tebe toa e tvoj problem i  toa ne me zasega mene.

Annet se nadevam deka I kje ozdrave pobrzo. Do togas kje znaes dali da prodolzite vo gradinka ili ne.

clock-img

22.04.2013, 13:59

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Бетани не ми беше мене поентата да се натегам. Само си кажав тоа што мислам.
Миана ти некако што и да ти кажат на дежурен одма тоа и го даваш на малата. Незнам како може толку антибиотици да има примено во месец дена? Тие лекари не прашуваат кога последен пат пиела и што пиела и нешто друго да испиташ? Крвна слика, црп неможе така често од градинка да се разболува, додуша може ама мораш да го одмориш детето од лекарства зошто имунитетот и е веќе слаб така да знаеш дека и тие амоксиклави и алицеф и кој беа други слаби антибиотици ги дават така од рака дека широк спектар. Цело шише блок макс??? и да не и се спушта Т. ? Мораш да си смениш ти матичен зошто некако оваа не ви тера салам лечење.

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 22.4.2013 14:12:03 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

22.04.2013, 14:01

clock-img

Annet

pencil-img

2404

lele be zeniiiiiiiiiiiiiiii nemojte ve molam aj ajjjj lelee ajde po edna backa za site,nesakam da se raspravame,jas samo pobarav mislenje,jas si imam uplav od bolnici,i nemozam da podnesam,mene toa mi e problem,zatoa za se si prasuvam tuka,mozebi nekoj ke pomisli deka sum vakva onakva,ama jas tolku godini tuka sum aktivna,i mnogu ste mi pomognale,so vasite soveti,i vi veruvam:)))
nikoj ne e seznajko i najpameten,ama site sme majki,a majkite najveke gi boli za svoite deca.kakvi sme takvi...user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
Bethany fala ti,najdobro me razbra sto mi e makata:)))))

clock-img

22.04.2013, 14:52

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Breeeeee ama ste naostreni uste ponedelnicki....ajde nema potreba od takvi komentari,treba poddrska da si davame,eve i M si potkasluva,i i tecat gusti mrsulcinja,a bogami i so konjuktivitisot,ama so Tobreksot i e podobro,ustvari odma od edna kapka i pomina ama nekolku deka ke terame...a vikaat i deka e prenosliva,koj znae od kaj ja zakacila,i mene vcera pocnaa ocive da me pecat pa si staiv prokulin...
Ajde so lesno na siteuser posted image

clock-img

22.04.2013, 15:18

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Прво нешто кое сакам да го кажам дека за избирање на матичен лекар треба доолго да се размислува да се распрашува и да се донесе правилна одлука. Во целиот процес на растење на дете ова е круцијална најзначајна одлука која треба да ја донесете.
Второ ако јас сум избрала виситнски професионалец да се грижи за здравјето на моето дете, не паметувам него слушам препораки и така постапувам. За мене она што докторката ќе ми го каже е алфа и омега.Да сите сме луѓе и грешиме но јас повеќе би згрешила одколку таа. Затоа ако рече антибиотик антибиотик ако рече настинка настинка.
Трето ако детето качи температура тоа значи дека има инфекција со која организмот се бори, ако температурата е висока и долготрајна значи инфекцијата е тешка. Се знае кога мора со антибиотик. или вие сакате да го гледате детето како се мачи само за да кажете ете моето го лечам исклучиво без антибиотик и сум главна мајка у градов.
Четврто ова за Миана знам дека многумина те судат за антибиотициве, ама верувај и јас сум била во таква ситуација, кога те фаќа паника и очајно сакаш да му помогнеш на своето дете.Распрашај се за некој нов педијатар кој ќе ти биде достапен во секој момент од денот. Велиш нема кој да ти го чува детето, па верувам дека можеш да најдеш некоја жена кога би ти ја причувала малата барем неколку месеци да закрепне организмот, бидејќи секоја повторена инфекција се повеќе го истоштува организмот и кога имунитетот е тотално уништен можноста за развивање на хронична болест е висока.Верувам ти ќе здивнеш малку од грижи а и за детето ќе направиш добро.

clock-img

22.04.2013, 16:36

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Рина никој не ја осуди толку што давала антибиотик, напротив мене не ми е јасно како може дежурен одма да каже еве ви на антибиотик и сигурни сте. Моето дете кога имаше грло полно со гној и покрај обична крвна слика испитуваа уште други работи за да се даде точна дијагноза и нормално правилен лек кој што ке ја излече и нема да се повтори . И кога рече сакате антибиотик јас и реков не, подобро инекции отколку сируп, зошто на моето дете многу добро знам дека антибиотик сируп не му делува напротив има контра ефект, ова го заклучив во овие 2 години колку што е таа и колку што има пробано.Така да не е само дека некој напаѓаме ако дал антибиотик туку напротив со такво искуство со настинки треба да си спремен и да знаеш што му делува на детето а не само да слушаме некои доктори на дежурства кои нели од ракав си ги даваат рецептите. За доооолго размислување на матичен баш и не треба според мене, зто тој што си ја знае работата се гледа уште на првиот па еве ајде и на вториот преглед и да колку и да немам студирано за медицина од основни работи се разбирам и знам да проценам кој е добар лекар според мене на моето дете, а тоа е сигурно тој што по еден даден лек има успешно лекување а не пробај со овој ако не со друго нешто. и да не значи ако сум го одбрала вистинскиот и дека нековиот збор ке биде последен , кога и тој знае да згреши нели? А јас сум таа што си го знам детето на што и како реагира.Така да пре би за 5 инекции коктел отколку за цел месец пиење антибиотик, барем знам дека за тие 5 дена е излечена.

ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13

Прво нешто кое сакам да го кажам дека за избирање на матичен лекар треба доолго да се размислува да се распрашува и да се донесе правилна одлука. Во целиот процес на растење на дете ова е круцијална најзначајна одлука која треба да ја донесете.
Второ ако јас сум избрала виситнски професионалец да се грижи за здравјето на моето дете, не паметувам него слушам препораки и така постапувам. За мене она што докторката ќе ми го каже е алфа и омега.Да сите сме луѓе и грешиме но јас повеќе би згрешила одколку таа. Затоа ако рече антибиотик антибиотик ако рече настинка настинка.
Трето ако детето качи температура тоа значи дека има инфекција со која организмот се бори, ако температурата е висока и долготрајна значи инфекцијата е тешка. Се знае кога мора со антибиотик. или вие сакате да го гледате детето како се мачи само за да кажете ете моето го лечам исклучиво без антибиотик и сум главна мајка у градов.
Четврто ова за Миана знам дека многумина те судат за антибиотициве, ама верувај и јас сум била во таква ситуација, кога те фаќа паника и очајно сакаш да му помогнеш на своето дете.Распрашај се за некој нов педијатар кој ќе ти биде достапен во секој момент од денот. Велиш нема кој да ти го чува детето, па верувам дека можеш да најдеш некоја жена кога би ти ја причувала малата барем неколку месеци да закрепне организмот, бидејќи секоја повторена инфекција се повеќе го истоштува организмот и кога имунитетот е тотално уништен можноста за развивање на хронична болест е висока.Верувам ти ќе здивнеш малку од грижи а и за детето ќе направиш добро.




_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

22.04.2013, 19:52

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Кикичка не знам кој педијатар во денешно време дава коктели, посебно на мали деца. Н. оди 3 години во градинка и вие самите тука знаете колку имам пишувано на темава (оваа ми е најактивна), и никогаш ама никогаш ниту еден педијатар не ми препорачал инекции. ВО наше време не боцкаа, јас ретко пиев сируп се сеќавам, ама затоа колку инекции иммам изнаприманооо, ама сега не. Поправете ме ако грешам, ама и докторите сега гледаат само да ти тупнат сируп и да одат на сл. пациент. Нормално тој сируп е најчесто Амоксиклав или Цефлакор. Можам и јас да и го прешишам на ќерка ми тоа user posted image
Ама со лекарства не сме решиле ништо, едно лечиме, друго уништуваме.
А тоа лекарства од дежурен доктор, тоа јас одма фрлам. Обавезно ми ги даваат горенаведените два сирупи, без да прашаат детето дали пиело во скоро време нешто, без крвна слика, само со диши диши. Баљда и они сакаат што побрзо да се откачат од пациенти и да продолжат со гледање на репризи на турски серии.
Затоа одење на дежурен само со температура на 39,5 и да не може да се симне или не дај боже нешто многу посериозно или повреда.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

22.04.2013, 22:46

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Мацо коктели не мислев на повеќе од две лекарства да се измешаат, не ме фаќај за збор точно незнам која варијанта и ја дадоа тоагаш ама ќе пишам сигурно да проверамuser posted image


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

23.04.2013, 07:44

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

И јас да се пожалам, ако оваа ни е втора година во градинка, ја поминавме полошо од првата. Секој месец настинати. Само се тешам - дека до декември не знаевме за алергијава што ја има, па може некогаш и алергиската кашлица ја сметавме за настинка.
Како и да е, се надевам дека веќе периодот со настинки завршува за сите дечиња.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.04.2013, 09:59

clock-img

Slagjana

pencil-img

463

Јас да се пофалам дека оваа година ни е втора во градинка и многу поретко со настинки. Првите неколку месеци беше со антибиотик скоро секој месец. Сега веќе стекна имунитет и не ги користиме многу. Матичната има став дека до 2 години организмот потешко се бори сам и му треба помош од антибиотик. Затоа пак сега не и препишува толку често како порано. И навистина не осетив штета од антибиотиците што ги примаше во тој пероид. Имунитет си стекна со тек на време.

clock-img

23.04.2013, 11:16

clock-img

masa

pencil-img

473

И ние исто како Slagjana,само имам едно прашање се мислев на која тема да пишам гледам оваа е моментално најативна а и ми треба брз одговор од ваше искуство.Каков пробиотик да дадам на 3 годишно дете додека земаме антибиотик.Моментално ни дадоа Хиконцил зошто по месец ипол кашлица најверојатно од алергија предизвикана и се воспалија малку синусите.И нели го даваме на 8 часа,ама се некако на празен стомак,заради одењето во градинка мора да имаме таков распоред.Сабајле даваме во 8 на гладно,појадокот им е во 8:30 ако дадам нешто нема да јаде,после во 4 обично касно нешто кога ќе си дојде од градинка,ама ручана и ужината пак не и се јаде и ноќесна во 12 во сон и го давам пак на гладно и сабајлево и крчеа цревцата,па мислам треба да дадеме нешто.Ве молам искуства,секако ќе прашам во аптека после,ама ако имате совет добро ќе ми дојде.

clock-img

23.04.2013, 12:33

clock-img

mami2

pencil-img

417

masa јас давам најчесто Prolife, или раствор или пастили, а последниов пати им давав Normia капсули. Нема некоја разлика, битно е да има пробиотик додека се на антибиотска терапија.

clock-img

23.04.2013, 12:37

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Исто може и Б-комплекс да се дава со антибиотикот, и тој има пробиотско дејство. Инаку, и Нормиа имам давано кога Т. пиеше антибиотик (тогаш имаше 15-16 месеци, па ја давав во форма на прашок за растварање).

clock-img

23.04.2013, 17:24

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Маса јас и линекс и давав кога пиеше антибиотик.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

23.04.2013, 19:08

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Со секој антибиотик давам Пролајф, секој ден по едно додека го пие антибиотикот и Б-комплекс гранули обавезно. Мислам дека е многу важен пробиотикот додека детето пие лекарства за да не се наруши цревната флора, па после поголема беља со пролив и стомални болки да се направат.
Веќе 3 ден и давам Летизен на Н. навечер и правиме една инхалација на ден и полека мрсулите ги снемува, исто и кашлицата. Најверојатно е алергија. Се мислам дали да ја однесам на алерго тест или рано е?

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

23.04.2013, 19:47

clock-img

masa

pencil-img

473

Fala vi na sovetite devojki,jas imam prolife doma,ama mislev nekoj drug vid da ne treba user posted image neznam zosto taka pomisliv user posted image ,dosega ne sme imale problem so antibiotici od tipot na proliv I sl,pa nezmam zosto ne mi teknalo da dadam probiotik,a ni nikoj doktor mi nema receno.Otsega ke praktikuvam iako retko pieme,fala bogu,po eden sirup vo srzona dali ni se faka.
Za alergotestovite ima tema I kako sto citav nema vozrasna granica,no se konsultirav so alergologi mi rece,ako ne e neophodno,ako ne pravi epten slika,da pravime alergotestovi na esen

clock-img

23.04.2013, 20:41

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Мацо јас би ти кажала да ја носиш, не е рано, али совет од мене подобро на приватно отколку на државно зошто има да се изначеката резултати. Ние пред месец и правевме и како наводно за 10 дена ќе беа готови и еве нема ништо од резултатите на секој 3 дена звонам и се ме лажатuser posted image
Си викам во умот подобро беше да платам повеќе барем до сега ќе знаев од што и се јавува алергија.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Со секој антибиотик давам Пролајф, секој ден по едно додека го пие антибиотикот и Б-комплекс гранули обавезно. Мислам дека е многу важен пробиотикот додека детето пие лекарства за да не се наруши цревната флора, па после поголема беља со пролив и стомални болки да се направат.
Веќе 3 ден и давам Летизен на Н. навечер и правиме една инхалација на ден и полека мрсулите ги снемува, исто и кашлицата. Најверојатно е алергија. Се мислам дали да ја однесам на алерго тест или рано е?




_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

Последни статии

article-img