cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Болести кои ни ги носи градинката

clock-img

11.11.2013, 13:53

clock-img

miana

pencil-img

6152

Јас пред две недели слушнав од еден човек ( Си се пожали на работа кај нас ) дека на децата во градинките намерно им ги отвараат прозорите за да се разболуваат од причина што биле по многу деца во група, и неможеле да постигнат учителкиве..Јас навистина се зачудив,не ми се веруваше и не ни сакам да поверувам во ова..

clock-img

11.11.2013, 13:58

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

И јас не сакам да поверувам во ова. Тоа би било навистина ѕверски и фашистички. Треба некој да е навистина олош за да направи такво нешто. Ама, којзнае, хм..

clock-img

11.11.2013, 14:11

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Јас не верувам во муабетот дека намерно им оставаат промаја, од проста причина што се врти години и години наназад, и секогаш го кажуваат повозрасни (баби, дедовци) како тоа се случило на нивни деца или го знаат од ''сигурни извори''. Секогаш истата приказна за различна градинка, затоа не ми е верна. Не ги бранам градинките и условите, но овој муабет е баш "фашистички" - што вели Везилка.
Болестите ги имало и ќе ги има, сепак е тоа колектив, а новите дечиња немаат изграден имунитет на тоа ниво.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

11.11.2013, 14:23

clock-img

miana

pencil-img

6152

Па знаете овој муабет како се одвиваше -
Абе дали ви се верува,вистина е тоа дека им оставаат отворени прозоир на децава ( во продолжение ги опцу ) со свои очи видов. - така беше муабетов,такада...
И јас не сакам да верувам,ама се е можно веке..Човеков еод аеродром и веројатно за тие градинки и мислеше

< Поракaта ја уредил miana -- 11.11.2013 14:27:17 >

clock-img

11.11.2013, 23:30

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Јас и ова го имам видено.Надвоρ κочан вρата отвоρена пρозоρ од спρотива отвоρен,деца на сρедина игρаат,воспитачκите на стρана или се шетκаат низ гρадинκа, жалосно ама сепаκ вистинито.Од ич ништо не може децата толκу да се ρазболуваат.

clock-img

12.11.2013, 09:59

clock-img

topce

pencil-img

523

ај направете тест бидејќи гледам на сите ви смета прозорот кој го отвараат.
во една просторија ставете 30 колеги и не мора да се движат туку само нека седат.
и не им давајте да отворат 8 часа прозор.па ќе умрат од немање на воздух.
Да им се отвора прозор за да влезе свеж воздух, а на промаја сигурно не ги оставаат
намерно туку кога родител ќе отвори врата за да си го види детето се прави промајата.
затоа на врата има домафони.истиов муабет го вртите и за климите во лето.
ако мислите дека децата не ги гледаат и намерно ги оставаат на промаја нека ви текне
дека и вработените се во иста просторија и ако има промаја и они ќе се испоразболат.

clock-img

12.11.2013, 11:12

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Она што јас го κажувам е нешто што сум го видела со свои очи.Од сите можни пρозоρи отвоρен тој од спρотива на вρатата, а затвоρена вρата κаκо поим не постоеше.Деца од 2 год сами во тоалет, не избρишани само им ги ставаат маичκите во панталони.И деκа се 30 тоа ρетκо се случува стандаρд е 10 а дρугите се леκуваат.Апсолутно не може ниκој да ме ρазубеди деκа не е таκа, не е чисто баκтеρии на пρетеκ а изговоρот е што саκате бе за 1500денаρи.Со таκов став далеκу не се стига.Ρодителите моρаат да ρаботат па си велат добρо е баρем имаме κој да ги згρижи па ќути и тρај да не ти го фатат детето на пиκ.
Им тρеба сеρозна ρеоρганизација, нови κадρи,висоκи хигиенсκи стандаρди,пρавилници и одговоρност.Апсолутно не може 20% од децата да им се заρазат со баκтеρија или неκоја пρеносна болест а тие немо да се огρадат нагласувајќи им на ρодителите деκа детето им е болниκаво.

clock-img

12.11.2013, 13:46

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Еве јас ќе пишам за нашата градинка конкретно, зошто тука сум видела како е. Наспроти вратата од занималната нема прозорци. А две занимлани имаат заедничко ходниче, така што и да е отворена вратата нема промаја. Често гледам дека еден прозорец е подотворен, ама тоа сметам дека е во ред, за да влегува барем малку свеж воздух. Кога и да влезам во занималната, внатре е топло. Она што од друга страна можам да го пишам како забелешка, е дека некогаш (не секогаш) ги изнесуваат надвор на ветер, кога е поладно, и тоа само по блузиче, како што седеле внатре. Исто и за мочкањето имам пишано дека сами одат во тоалет, и не им даваат ни хартија, за барем сами да се избришат. Советот што им го дале на децата е - дома редовно да ви менуваат гаќички, зошто овде не ве бриши никој кога се мочкате. user posted image А да им текнеше да им стават една ролна тоалетна хартија (која патем сами си ја носиме од дома) на дофат кога одат во тоалет.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

23.11.2013, 13:23

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: sim4es

namesto da ozdraveme nie ja doteravme do bolnica so povrakanje,prolivce,temperatura so infuzii katastrofa bevme sega sme podobri so sirupce a koga ke se nosime vo gradinka ne znam,najverojatno dr nedela a nemame mn vreme od 2 sum na rabota...samo so Gospod napred se da bide kako shto treba




_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

20.03.2014, 12:57

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Еве ме на темава... Не дека е страшно нешто ама ми е нешто ново.
Имаме нов педијатар што го избрав за син ми (по препорака).
Претходниот не ми се допаѓаше, немав доверба, па го префрливме кај наш општ матичен, ама увидовме дека педијатар сепак е педијатар, па се префрливме пред некој ден кај една стара докторка педијатар која е ептен детална.
Ј откога тргна во градинка почна да му се затнува носето и еве сега после 3 недели се уште е затнат, преполн со секрет. Слабо спие, на сила јаде, храна му се гади, секретот го тера на повраќање.
Е сега крвна слика е одлична, покажуваше вироза, чекаме резултати од брис од носето, а за тоа време одиме само на инхалација и плус една радикална метода како јас ја викам, а тоа изгледа вака: сестра и докторка го навалуваат напред , со главата скроз до земјата, го тапкат под плеќите, додека почне да кашле, потоа го исправуваат, му ставаат шпатула во грло и провоцираат повраќањето за да го исфрли тој секретот. И навистина секогаш поврати топки од секретот, тие насобрани веќе некаде долу во дишните патишта (не знам ни јас каде )user posted image
Денес имав еден разговор со докторкава и таа ми објасни дека на тој начин МОРА да се исчисти инаку може да стане хронично.
Тоа е нејзин начин на работа, инхалации и чистење, ако некој брис покаже само тогаш антибиотик. Ј е се уште со црвено грло, крајници атрофирани, ама она се уште не смета дека треба нешто. Нема температура, весел си е преку ден, ама јас веќе немам трпение и сила. Таа денес ми кажува дека тоа е мојот избор и јас и верувам на неа, ама секој ден овакво чистење хмм, баш е другачији пристап од она на што навикнав.
И ја прашувам до кога овака , таа вика можеби недела, две, два месеци, додека целосно не се исчисти бидејќи е полн со секрет, ако сакаме да видиме резултати, а не после на секое настинување затнат нос кое понатаму поминува во хронична состојба.
Ми вика така и прават на децата во детска клиника и во Козле, само што родителите не се присутни, јас прв пат кога видов ми беше многу жал, сега веќе си велам ајде и и верувам за неговото добро е, па и не ми е толку страшно. Таа ме подучува мене да и јас така треба да правам дома, ама нема шанси веднаш и кажав. И така, сешто се изнапишав, и чекам да видам некој напредок, мада сум веќе со сила и трпение пред крај.
Ај баш ќе видам кога ќе го видиме крајот. А докторкава вели дека при овакво детално чистење не се виделе некои пацијенти со години.
Јас за тоа се држам само. user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

20.03.2014, 21:36

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Жал ми е што поминувате низ тоа. user posted image
Градинката носи многу болестии затоа ја избегнувам и јас, но децата кои не одат во градинка ќе се соочат со болестите во училиште кога ќе тргнат...А и дома па не се којзнае колку здрави...така се гради имунитетот, но која душа да издржи user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

20.03.2014, 23:34

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Бетани баш супеρ е тој метод и пρијатели наши во Сκ κога го носеа детето му поκажале слични таκви методи за исфρлање на сеκρетот и тие ми ги поκажуваа мене и стваρно κај Ј имаше ефеκт а аκо ја однесев сигуρно антибиотиκ ќе и дадеа. Затоа не се неρвиρај чим го повρаќа за бρзо ќе го исфρли

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

21.03.2014, 08:32

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Toa e drenaza,nie koga zaglavivme vo Kozle,znaci prvo trganje vo gradinka i posle mesec dena -7 dena vo kozle,ja tapkaa po grbot pa potoa so stapce i butaa vo usta da povrati,uzasno mi bese,baska nie bevme pod infuzija celo vreme,so inhalacii i drenazi...koga ne pustija doma istoto ni go rekoa da go pravime,so tapkanje ama idi nateraj dete da ti legne,baska bese tolku mnogu istraumatizirana sto ni jas nemav sili toa da i go pravam...ama vo sekoj slucaj kaj povekjeto deca mnogu pomaga,znam taa sestrata sto doagase ,posto moevo moravme dve da go drzime za da dozvoli,vikase deka nekoi deca pri tapkanje i zaspivaleuser posted image ..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

21.03.2014, 09:16

clock-img

Tanjat7880

pencil-img

1256

Rdenazata e mnogu korisna I efektna,navistina se se cisti so nea,no toj secret od nekade se stvara,treba da se najde zarishteto,istoto da se tretira a shlajmot da se vadi so tapkanje,jas prvo davav mlako cajce cela casha I potoa doagjashe fizioterapevt go tapkashe I navistina se izleguvashe.
No treba da se ispita komletno od kade toj secret?!

clock-img

21.03.2014, 19:47

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Фала ви девојки за споделеното. Еве научив- се викало дренажа, а јас ја викав доктор Менгеле user posted image
И денес стандард бевме на инхалација и дренажа, плус и резултатот од брисот беше готов, добар е , не покажуваше патогени бактерии. Ќе продолжиме и понатаму додека не го исфрли секретот, плус и со сируп Муколизин ќе почнеме за полесно исфрлување на секретот (тоа јас барав алтернатива бидејќи ми беше мака да го гледам овакво чистење) па сега преку викенд ќе пие сируп, па од понеделник ќе продолжиме.
Во градинка не го праќам додека скроз не се исчисти. Мм е дури спремен да веќе не оди во градинка, ама мене ми е мака дека ептен лесно се адаптирал без воопшто плачки и многу сака да оди, ама неспиењето и маката периодов не измори сите. Ама ќе оди во градинка, па ќе видиме понатаму.
Сега за сега останува дека е поради вирусот, бидејќи испитаните резултати така кажуваат, ама и понатаму ќе провериме пак брисот, и понатаму ќе направиме и алерго-тестот.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

10.05.2014, 12:11

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

M otkoka pocna vo gradinka poveke e bolen otkolku zdrav.Fala bogu pominuvame lesno,so kaslanje,zatnato nose.
Ednash imashe infekcija na usinjata i togas prv pat proba antibiotik.Sekako taka ne beshe koga sedese doma.
Sega sme na pragot na zimata i ocekuvam poveke bolesti,samo so lesno neka e i prvite simtomi stom gi zabelezm odma na lekar
.Ne cekam kako porano.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

clock-img

10.06.2014, 11:27

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Значи Ј во последни месец дена да ли бил неколку дена здрав...
Последното беше: ангина - 10 дена на антибиотик терапија, последен ден од терапија сиот се осипа - фати рубеола. Па беше демек здрав неколку дена, па еве последново пак висока температура, пак некој вирус, пак црвено грло и пак одиме на инхалирање со антибиотик user posted image Сето ова за ете неполн месец.
Јас мислам дека тоа е премногу за еден недозреан организам user posted image
Крвта му е добра, покажува едно здраво дете, ама едноставно мора на време да направиме пауза.
И ќе одмараме од градинка летово, па ќе видиме понатаму.

Дури и матичната ни кажа да ако немаме потреба да не го праќаме во градинка. Таа им лично предлагала на раководството во градинка да си одделат една просторија каде ќе ги одвојуваат здравите од болните деца (бидејќи факт е дека родителите кои немаат каде да ги остават децата ги праќат болни во градинка), ама се уште ништо не се превзема. На времето, пред 20 години, матичната одеше во градинка и редовно ги прегледуваше децата, сега нема никаква грижа по тоа прашање.

И да, мислам дека со него и јас сум се време болна, тој болен и јас болна user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 10.6.2014 11:28:26 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

11.06.2014, 23:23

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ох Бетани, баш ми е жал што поминувате низ таков период, па ете направете пауза, зашто најверојатно му е опаднат имунитетот и сега е нежен и затоа толку брзо и толку на брзо се разболува. Нека се закрепне па понатаму повторно ќе пробате
Побрзо оздравување и гушки до Јаковчеuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

15.09.2014, 11:13

clock-img

miana

pencil-img

6152

Еве ме мене на темата.. На само 5 дена одење во градинка, моето дете крена температура, фати некој вирус и изгоре од температура.. Правевме анализи во петокот вечерта, крвна слика добра, леукоцити мирни а дете гори!!! Како поминувате вие?

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

clock-img

15.09.2014, 11:58

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Nie tri dena vo gradinka i pocna da kiva, da i tece nose i navecer davse zatnuva.komsikava isto so nejzinoto i vikam aman.i stavav operil p, c vitamin sirupce za imynitet se oprai malku denes.se e od promaja im otvaraat prozori dur spijat i po kratki.M sama mi kaza deka i studelo ama vospitackata rekla deka e zasko.Denes mm i se pustil na ucitelkata a taa so odgovor demek neee ne otvarame prozori...e nee bebe moeto dete se si kazuva

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

15.09.2014, 13:24

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Ние пак закачивме инфекција на очињата. А си мислев дека барем од тие инфекции се откачивме, ама ете user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

15.11.2014, 19:24

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Јас имам една недоумица...

Ј имаше инфекција на грлото пред некое време и како престана да оди во градинка веќе не го ни пратив.
Имено, страв ми е да не ми донесе некој вирус, бактерија и кој-знае-што од градинка посебно сега додека сум во првото тромесечје.
Лани имаше фатено рубеола во градинката, таа е многу опасна за трудници, ајде тоа го прележа, ама земајќи предвид дека нема прележано ниту сипаници, ниту мали, ниту големи, а ни јас не сум сигурна дали ги имам прележано, па ме страв од такви некои зарази сега кога сум бремена.

Значи, тој не мора да оди во градинка, ама сака. Што да правам? Дали да не оди пак преку зимата, па таму од пролет да оди, или да го пуштам знам дека за месец дена пак ќе биде болен итн... Да не сака да оди немаше што да се мислам, ама овака бидејќи сака, на два ума сум user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

15.11.2014, 19:59

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Ja bi ti sovetuvala da go pustis da si odi vo gradinka cim si saka dete.ako taka razmisluvas utre pa koga ke se rodi bebe ke vikas sto ako mi donese nekoja bakterijz ke prenese i na bebe.epten ako mnogu zaladi pa osetis deka ke se razboluva nek si sedi doma no jas bi prakjala dete.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

21.11.2014, 10:49

clock-img

Anuska14

pencil-img

53

Во нашата градинка е хаотично се носат дечиња кои константно кашлаат и се мрсулават и колку и да реагирам јас сум само поединец а мајките на таквите дечиња се убедени дека нивните деца не се болни туку само алергични/настинати и сл.
Учителките не знам дали воопшто нешто превземаат на таа тема-да не примаат дечиња без негативни резултати од брис, лекаркса потврда и сл
После 2-3 недели во градинка обавезно дома почнува да кашла, да се мрсулави и се гњавиме со хомеопатија а некогаш завршуваме со антибиотик.

Последни статии

article-img