ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue
Moze treba Nina da ja cuvas doma do 3 godini da i se izgradi imunitetot pa posle da ide vo gradinka i da i davas nekoj od onie sirupine za jaknenje na imunitet. Isto nekoj mi kaza deka bile dobri kapki propolis so ehinacea, navodno mozele da se davaat na deca od 2 goini nagore.
Истото ми го рече и матичната докторка, да ја отпишам од градинка и да ја чувам дома, со тоа што низ истово сега ќе треба да поминуваме и догодина. Значи пак истиот процес како и сега, 1 недела во градинка, 3 дома, со тоа што наводно имунитетот ќе и бил појак.
Е сега таа ми спомна дека како што ја гледа Нина колку е приврзана за мене, дека најголем проблем ќе ни биде адаптацијата. Кога почна да оди во април немавме проблем со адаптација, но сега веќе имаме. Ако и спомнам само градинка, почнува да плаче. Сега не сака да си игра со други деца, не сака да оди ни надвор, мислам дека се плаши дека ќе ја однесам во градинка. СО плачење секој ден излегуваме да прошетаме. Плаче за дома. Пробувам да и објаснам дека има многу дечиња во градинка кои ја чекаат, таму се нејзините другарки, но таа ми вика: ТЕПАМ! И што да правам?!?! Да ја оставам дома?!?! Ни јас веќе немам памет. Дури разговарав и со педагог за тоа што не сака да излезе од дома, и таа ми предложи некое време да не и спомнувам градинка. И еве сега не зборуваме воопшто за одење во градинка.
Мене многу ми е тешко! ИСкрено! Детето постојано ми е болно, јас на 26 години седам дома, никој не ми ја чува, цело време сум сама со неа. НЕ е до чувањето, но и мене ми треба барем еден саат одмор. Еве ја сега ме влече за рака и ми вика да станам од комп и да стојам до неа додека таа си игра со коцки. Додека одеше во градника вакво нешто немаше. Затоа акам да оди и да се дружи, да биде малце независна.
Не знам што да правам.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...