cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Дали купувате online?

  
clock-img

17.05.2010, 19:00

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Граѓаните сакаат да купуваат преку интернет, ама не се сигурни дали тргувањето е безбедно. Ова е главната причина зошто бавно заживува интернет трговијата. Според истражувањата на пазарот, корисниците најмногу сакаат да купуваат електронска и компјутерска опрема, облека, обувки, и подароци, а најмалку храна и пијалаци.

“Интернет корисниците во земјава кои веќе купуваат на интернет се публика на која мора да и се понуди производ со еднаков квалитет , услуга и поддршка како онаа што е достапна на глобалниот пазар. Самото истражување покажува дека поголем дел од луѓето бараат сигурност, ова е млад пазар Дарко Булдиоски, интернет консултант

Основните услови за интернет трговија се исполнети оти поголем дел од интернет корисниците имаат дебитни или кредитни картички, способни за плаќање на интернет велат луѓето од овој бизнис. Тврдат дека македонските интернет продавници се безбедни оти се потпираат на светски сигурни стандарди, а до сега немало поплаки или инциденти при купопродажните трансакции.

“Стандардниот процес на наплата започнува со префрлањето на купувачот од страна на продавницата до сигурната страна на банката за внесување на бројот на картичка и финализација на трансакција. Потоа купувачот се префрла назад на страната на продавницата , а банката и соопштува на продавницата дали наплатата била успешна. Ако трансакцијата е успешна, на купувачот му се прикажува потврда за нарачката, а истата ја добива и по е – пошта изјави Александар Тасев, основач на Трговски центар- веб сајт за интернет трговија

Во земјава има неколку он лајн продавници, а граѓаните одговориле дека сакаат поголем избор на производи. Истражувањето е спроведено на примерок од 330 испитаници кои редовно користат интернет на територија на град Скопје.

Дали купувате online?
Вашите искуства?


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

17.05.2010, 19:12

clock-img

Julie1

pencil-img

2354

Не многу често но знам да купам преку интернет. Засега сум немала никаков проблем, освен на некои странски online продавници да не е овозможен транспорт на некои производи до Македонија!


_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

17.05.2010, 19:27

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Што најчесто купувате преку интернет?

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

17.05.2010, 19:42

clock-img

lidijas

pencil-img

199

Ne kupuvam online, si sakam prvo da vidam sto kupuvam posebno za obleka. Koga bi kupuvala verojatno toa bi bile prehrambeni proizvodi ili veke nesto probano i provereno.

clock-img

17.05.2010, 19:56

clock-img

Julie1

pencil-img

2354


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Што најчесто купувате преку интернет?



Најчесто некоја книга или подарок кој неможам можеби да го најдам во Македонија!

_____________________________

And this is my beautiful life ...

clock-img

17.05.2010, 21:33

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

Znaete li nekoi stranici za online kupuvanje vo Mk? ili nekoi koi transportiraat proizvodi vo Makedonja? Jas najcesto poracuvam proizvodi od top shop preku internet. 

clock-img

17.05.2010, 21:46

clock-img

Тања РР

pencil-img

2029

Постојат Росана ама да не им правиме рекламаuser posted image Прогуглај, ќе најдеш.

Јас до сега немам купувано online а сум имала потреба само од некои книги но сите страници не ги прифаќаат нашите картички.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

clock-img

17.05.2010, 21:48

clock-img

Rossana

pencil-img

1239

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Постојат Росана ама да не им правиме рекламаuser posted image Прогуглај, ќе најдеш.



user posted image

clock-img

18.05.2010, 10:04

clock-img

niki

pencil-img

4299

Мм купува, јас се токмам, баш утрово нешто разгледував и се мислам дали да завршам со нарачката. Во случајов е безбедно бидејки се плаќа кога ќе ти стигне робата, но облека е па незнам дал ќе ја потрефам величинатаuser posted image

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

18.05.2010, 10:08

clock-img

arh_diz

pencil-img

7198

Jas kupuvam postojano tuka na internet od lekarstva do tehnika se i sesto i dosega sum nemala nikakov problem

_____________________________

Биди тоа што си

clock-img

28.05.2011, 12:45

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Јас не купувам онлине, но мм редовно си купува делови за авиони од Америка и Кина.
Прво бев многу скептична за купувањето и плаќањето, но тој купува од проверени сајтови.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

28.05.2011, 16:33

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Само од групер онлајн сум купила двапати. Друго не.

_____________________________

Live and let live

clock-img

25.06.2011, 17:21

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Јас не купувам онлине, но мм редовно си купува делови за авиони од Америка и Кина.
Прво бев многу скептична за купувањето и плаќањето, но тој купува од проверени сајтови.



Мацо имате авион ма,а не кажуваш а?user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image


Он лајн купувам само од групер и колектива,дрго не сум купила.Сакавме нешто да нарачаме со мм од Италија ама многу скапа поштарината беuser posted image


_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

clock-img

25.06.2011, 17:28

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Имаме авиони, на ѕид закачени наместо слики user posted image user posted image
Мм е аеромоделар, а во Македонија ништо нема за ова хоби да го наречам, па затоа често купува онлине. Претежно од Гремански и Амерички сајтови, но и од Кинески. Поштарината го фаќа некаде околу 20 долари.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

25.06.2011, 17:34

clock-img

Natuska85

pencil-img

3613

Ај сеа вади се ,неќеш кругче да дадеш затоа знам.user posted image user posted image user posted image user posted image

Ние сакавме од на еден фудбалски тим официјалната продавница да земеме 2 поло мајци за мм и боди и комлет шише,цуцла и лигавче за user posted image и поштарина излегуваше негде 30 евра.Многуууу

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

clock-img

25.06.2011, 20:28

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Многу е 30 евра. Целата нарачка може да те кошта 30 евра и плус 30 поштарина.
На мм му се исплати многу, затоа што тоа што го нарачува е од 1 - 10 долари максимум и уште 20 долари за пратката.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

13.12.2011, 00:10

clock-img

Specialen

pencil-img

1

roizvodi vo Makedonja? Jas najcesto poracuvam proizvodi od top shop preku interne



Извинете за постов во стара тема ама да си кажам јас :)
ЈАс купувам редовно од интернет, омилена страница ми е Виадрес, многу добра веб страница за купување од Америка user posted image


Админ: линкот  е отстранет, не се дозволени надворешни линкови на форумот.


< Поракaта ја уредил Тања РР -- 13.12.2011 0:23:46 >

clock-img

13.12.2011, 00:11

clock-img

Боцко

pencil-img

806

Последнава година се растурив од купување на интернет. На времето срдеив она со картичка од Тутунска со PayPal и сега сум стално на Ebayд август догодина кога ќе истече картичката има душа да и извадам. Искуствата ми се позитивни. Сега баш си ги чекам патиките...

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

13.12.2011, 14:16

clock-img

Bububebe

pencil-img

564

Многу често купував книги,имаше еден сајт ,но повеќе го нема.Сега купувам од бебе супер маркет нешто за user posted image ,ако го нема во мојот град

clock-img

14.12.2011, 16:10

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690


ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Последнава година се растурив од купување на интернет. На времето срдеив она со картичка од Тутунска со PayPal и сега сум стално на Ebayд август догодина кога ќе истече картичката има душа да и извадам. Искуствата ми се позитивни. Сега баш си ги чекам патиките...



Kako odi so transportot i carinata? Proizvodite stigaat vo glavna posta pa od tamu si gi podigas? Mene ednas koga mi pratija kuferce po posta, tamu mi go krsea katanecot, pa go otvaraa, pa proveruvaa dali ima nesto da e carini...

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

14.12.2011, 20:43

clock-img

Боцко

pencil-img

806

По пошта без царина можат да се примаат пратки до вредност од вкупно 45 евра сосе поштарината. Но, во комуникација со испраќачот можеш да се договориш да пише пониска вредност, ако се согласи. Помалите пратки на шалтер за вредносни писма и ако имало царински преглед ќе платиш 102 денари. Поголемите пратки се подигаат од пакетско а се плаќа 216 денари за преглед.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

15.12.2011, 10:19

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690

Eee, fala na odgovorot, jas odamna sakam kolicka za bebe da si naracam ama nekako ne mi se rizikuvase. Aj ke probam prvo so nesto positno. A od aspekt na transport, ti stigaat celi i neosteteni proizvodite? I kolkava e carinata nad 45E?

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

clock-img

14.11.2013, 20:27

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Во последно време некако поактуелно стана купувањето online, па ајде да ја активираме малку темава.
Дали вие купувате преку интернет и какви искуства сте имале?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

14.11.2013, 21:56

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Онлајн да, ама само во нашата земја. За преко немам искуство, имам се пар пати обидено, ама се откажував, ми одземаше доста време барањето, вероватно ништо конкретно немав за да ми треба.
И онака гардероба не сакам онлајн, порано имав порачувано од каталози, ко девојка, па се ми беше грешка бројче, па со тоа искуство не се осмелувам повеќе.
Последно имам порачано два часовника, машки и женски, од една од страните на фб.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

15.11.2013, 00:03

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Уште немам купено ништо од странскиве страни ама размислувам да направам една проба. Слушам позитивни искуства, гледам дека е ептен актуелно и стварно има интересни работи, ама за мене облека не би порачувала, сепак кога бирам сакам прво да пробам и да видам како ми стои, евентуално за детуле нешто може.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

Последни статии

article-img