ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla
Конкретно, пример за ebay, сакам да порачам нешто, ама изгледа треба да имам пејпал сметка. Што ми треба за тоа? Како стигнуваат производите, каде? Треба ли да имам сметка во некоја банка специфична, или пак посебен тип на картичка? Што ако производителот не специфицирал дали носи во Македонија? Кои други сајтови освен овој алиекспрес постојат?
Lolla за пејпал ти треба само да се регистрираш. Пејпал не е картичка, туку е едноставно систем преку кој се обавува плаќање. Всушност ти плаќаш преку твојата картичка, пејпал е само систем за заштита.
Се што треба е да одеш на пејпал страната и таму имаш понуда да се регистрираш. Пополнуваш полиња со твоите податоци, на крај внесуваш податоци од твојата картичка (мојата е од тутунска), треба да имаш на картичка некаде околу еден и пол долар (така нешто, веќе заборавив) кои ти зимат при регистрирањето, ама кога ти го оверат акаунтот, ти ги враќат. На пејпал сметката може да имаш внесено и повеќе од една картичка.
Сега и Македонија спаѓа во земјите со овозможен пејпал систем, ама дури и додека не беше, јас се бев регистрирала на Словенија, па ми поминуваа пратките (малку дупка во законите
) Секако пратките ќе ти стигаат на адресата која што ја ставаш при нарачката.
Пратките ти стигаат на домашна адреса, мене ми ги донесуваше поштарот, вероватно ако е поголем пакет ќе треба да го подигнеш лично во поштата, или ако подлеже на царината, треба пак да се помине некоја процедура. Тоа не знам, бидејќи никогаш не ми царинеа порачките.
Ако во некој случај не се врши достава во Македонија, тоа веднаш ти излегува под производот што го отвараш на страната да го видиш.
Постојат секако илјади други сајтови, еден од познатите и најсигурните е секако Амазон (има и амерички и британски), потоа IHerb.com (овој е добар за суплементи и козметика), итн. не ми ни текнува сега во моментов. Ќе погледнеш, се ти пишува и колку е поштарина и се.
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."