cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Грло на матка

clock-img

24.07.2020, 08:24

clock-img

MyNameIsHope

pencil-img

1

Здраво женски, јас сум 27ма недела од бременоста, последната контрола грлото на матката ми го измерија 32, тоа како што читам е во ред, но матичната ми дава да ставам вагиналети некои, како превентивно, не знам зошто.... Почнува да ме фаќа паника.. Некој совет ако имате би ви била благодарна, поздравче. 

clock-img

24.07.2020, 10:16

clock-img

anetar

pencil-img

2

На оваа тема има повеќе пишувано за Должина на грло на матка во бременост можеш да прочиташ повеќе искуства и мислења.
Сепак вагиналетите како утрогестан, прогестерон што обично ги даваат гинеколозите при скратен цервикс се за зацврстување на грлото на матката и штитат од предвремено породување. Мислам дека нема простор за паника само може придобивки да има од земање на вагиналетите, не штетат на плодот. Па на следна контрола матичната секако ќе го измери повторно грлото на матката и ќе ти каже дали има потреба сеуште да ги земаш вагиналетите. Совет одмарај повеќе овој период додека ги примаш вагиналетите, не кревај тешко па ќе видиш што ќе ти каже на следната контрола.

clock-img

06.08.2021, 13:13

clock-img

Tanta

pencil-img

1

Нема простор за паника, 32мм е сосема нормално и понатаму ќе се намалува грлото бидејќи бебето е поголемо и расте. Јас сум со 18мм, оперирана конизација и истерав до 36 недела и 6 дена (царски породена, последица од котизацијата). Се роди 3340г 49см,сосема нормално бебе. Сега сум со второ бремена. И со првото и со второто Утрогестан вагиналети од почетокот до крајот ставав/ ќе ставам. Тое е Прогестерон хормон не е лек 

Последни статии

article-img