cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Хидронефроза

  
clock-img

26.02.2013, 20:57

clock-img

radi

pencil-img

5

Здраво мамички, имам синче кое е само 2 месеци старо, и му открија билатерална хидронефроза од 3-ти степен, и сега ќе го прават операција, па меинтересира дали некој од Вас имал слично искуство?

Ви Благодарам

clock-img

09.09.2014, 09:52

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ах, што маки ни напраи. Знаевме дека Јосиф ќе се роди со хидронефроза, ни ја детектираа некоја недела пред породување. И ни рекла дека не е некоја страшна состојба. Но не било така. Требаше на 2 месеци да направиме контрола. Во меѓувреме Јосиф фатил инфекција на урина, ешерикија коли, и престана да јаде. Ништо не сакаше, ни да цица ни од шише, никако. Многу ми падна на килажа. Кога отидовме на контрола не задржаа на клиник една недела. Направивме некои испитувања, се рехидеиравме и не пуштија. Добро е што нема враќање на урината назад, или некоја физичка пречка за задржувањето на урината, но, причината тек треба да ја испитуваме, бидејќи сеуште имаме хидронефроза од втор степен. Наредна недела не чека втора контрола, па ќе видиме.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

30.09.2014, 15:19

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

И после еден месец на контролата хидронефрозата си стои со ист степен што не и се допадна на докторката. Не испрати на уште некои испитувања. Денес бевме на едно испитување интравенозно ренген снимање и резултататот не вели ништо, Може има ВУР, препорачуваме микциона утероцистографија, а тоа веќе го правевме и таму не видоа ВУР, но има хидронефроза и затоа тогаш ни го препорачаа ова за да се утврди зошто. Врти сучи, пак сме на почеток. Во петок ќе ги носам резултатите кај нашата докторка на нефрологија, да видам таа што ќе каже. Ни остана уште скен на бубрезите да видиме дали нивната функција е во ред.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 30.9.2014 15:40:30 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

30.09.2014, 15:38

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Везикоуретерален рефлукс (ВУР), една од причините за хидронефроза

Рефлуксот најчесто се повлекува сам од себе. Најголем дел од децата кои имаат рефлукс воопшто не треба да примаат терапија, туку само редовно да одат на контрола. Како и да е, некои деца кои имаат рефлукс треба секојдневно да земаат антибиотици како заштитна терапија. Кај најголем дел од децата воопшто нема да има потреба од операција, но кај одреден (мал) број деца кои во континуитет добиваат уринарни бактериски инфекции и покрај заштитната терапија со антибиотик, притоа развивајќи лузни на бубрезите, или пак имаат некакви структурни аномалии на уринарниот тракт или рефлуксот е сериозен (степен 4 и 5) - се пристапува кон хируршка корекција (со 3 најпознати методи, класична отворена хирургија, ендоскопска "стинг" метода и лапароскопска метода).



_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

30.09.2014, 15:49

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035

Везилка, баш ми е жал што се плеткате со овие работи. Чисто мој совет, да прашаш повеќе доктори и да формираш мислење и да најдеш чаре за Ј, немој само еден да слушаш, бидејќи е комплексен случајот. Позз, се најубаво ти посакувам

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

30.09.2014, 17:29

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ајде препорака за до ар детски нефролог.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

30.09.2014, 18:01

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

vezilka RR немам препорака ,но поддршка за тебе и Ј user posted image што поскоро да се утврди што и како е

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

29.10.2014, 11:52

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ги однесовме снимките од интервенозното кај еден познат радиолог во Систина и тој за две секунди ни постави дијагноза од истите тие снимки од кои на клиника два месеци не можеа да ни утврдат што имаме. Имаме превезикална стеноза, односно, стеснување на уретрите, мочните канали. Тоа се решава оперативно. Сега ни останува со оваа дијагноза да одиме кај нефрологот и таа да не упати на детска хирургија, за таму да се договориме за понатаму. Дури, радиологов ни рече она снимање што го имаме закажано за во декември, магнетна урографија, ич да не го праиме, вика се е јасно од снимкиве. Сега ќе видиме на хирургот дали ќе му биде се јасно, или ќе ни бара ново снимање.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

06.11.2014, 13:48

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Јас со нови информации, хихи сама си пишувам на темава. Ако, дај боже никој да нема потреба да пишува тука. Хирургот вика не мора да брзаме. Ако на наредно ехо кое треба да го повториме на полни 6 месеци, хидронефрозата не е зголемене и ако немаме повторувачки инфекции, кои и ги немаме сега за сега, операцијата ќе ја одложиме. Е тоа не сфатив, беше многу неодреден, за тоа до кога ќе ја одложиме. Рече некогаш се чека до годинка, некогаш до две, а некогаш до пубертет. Веројатно зависи од случај до случај.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

06.11.2014, 13:50

clock-img

LoveableMe RR

pencil-img

5035


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Јас со нови информации, хихи сама си пишувам на темава. Ако, дај боже никој да нема потреба да пишува тука. Хирургот вика не мора да брзаме. Ако на наредно ехо кое треба да го повториме на полни 6 месеци, хидронефрозата не е зголемене и ако немаме повторувачки инфекции, кои и ги немаме сега за сега, операцијата ќе ја одложиме. Е тоа не сфатив, беше многу неодреден, за тоа до кога ќе ја одложиме. Рече некогаш се чека до годинка, некогаш до две, а некогаш до пубертет. Веројатно зависи од случај до случај.



VezilkaRR, мислам дека е тоа убава вест, бидејќи колку поголем е, толку подобро тогаш да се прави операција, а не сега кога е многу малечок, освен нели ако ептен мора....гледајте да одржувате така и што подоцна да биде операцијата, за него ќе биде подобро. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

clock-img

06.11.2014, 21:48

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

user posted image штом нема потреба за набрзо операцијаuser posted image најважно е и што нема повторни инфекцијаuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

16.11.2014, 12:59

clock-img

Kerubim

pencil-img

5

Аххх и ние со истиот проблем. Пренатално откриена хидронефроза, user posted image има 10 месеци состојбата неизменета .. на левиот бубрег хидронефроза со дилатиран пиелон 12*18 мм, никакви испитувања до сега не правевме туку само ехо, одиме кај др Зоран Трајковски во Систина, не испрати на хирург и тој ни рече операција user posted image а не го ни прегледа, само врз основ на сликите од УЗВ .. сега треба да правиме МЦУГ.. дали го правевте ова испитување, кај кој доктори одевте??? би сакла барем уште едно мислење пред да преземеме било какви чекори...

clock-img

16.11.2014, 15:01

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Др Зоран Трајковски е најдобар радиолог. Само за операција треба да одлучи хирургот нели. И нам Зоран ни рече операција а хирургот рече не, барем сега за сега. За да се случи операција треба или хидронефрозата да биде со степен 4 или 5 или да има повторувачки инфекции кои би го оштетиле бубрегот. И секако за опрација треба уште и некое друго испитување, на пример да се утврди состојбата на бубрзите во моментов, дали се оштетени или не. И што е причината за хидронефрозата, дали ВУР или некоја пречка во каналите. Но, тоа Зоран сигурно на ехото го утврдил.Како и да е појдете и на второ мислење. Проблемот за второ мислење е што кај нас во Македонија, детски нефрлолози и хирурзи се на прсти броени, тие на детска клиника, односно детска хирургија и во Систинас по еден. Толку. НА детска хирургија за оваа тема се истакнува Миле Петровски. Ние кај него одиме. БАрајте и второ мислењење и пиши ни.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

01.12.2014, 09:42

clock-img

Kerubim

pencil-img

5

Еве не пак нас, утре правиме интравенозно ренген снимање на бубрезите, требаше минатата недела, но ко за инат малово качи температура од запчињата... Везилка, сакав да те прашам дали тоа иглата му седи во рачето за време на целото снимање и дали треба бебето да биде голо или не ?? Ние веќе имаме 11 месеци и немаме мир 5 мин, па не знам како ке седи мирен user posted image , се мислев да го станам рано да биде уморен и да го заспијам... само ако спие ке може да седи мирен user posted image .. Фала ти однапред.. голем поздрав..

clock-img

05.12.2014, 11:58

clock-img

Kerubim

pencil-img

5

Го направивме испитувањето, со плачење, како бебушот така и јас, ама се помина добро. Резултатите ни се супер, докторот вика сега за сега не треба операција, ама секако да се јавиме на детски нефролог да ја следиме состојбата, за што Везилка беше во право :) ..Како и да е, ми падна камен од срце, највеќе што функцијата на бубрезите е добра... Сега останува да ја следиме состојбата, закажавме кај др.Кузмановска на детска клиника... голем поздрав.

clock-img

13.12.2014, 13:02

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Баш ми е мило што сега за сега е се добро. И како ви рекоа, наредна контрола кога?

И кај нас е исто. Сега за сега нема операција. На секои три месеци контрола кај нефролог и радиолог, да следиме дали хидронефрозата се зголемува. Се додека не се зголемува, и се додека немаме повторувачки инфекции, нема да ни прават операција. Сега во декември од наредна недела натака ни е следна контрола. Па со резултатите повторно на детска хирургија и ќе видиме.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

13.12.2014, 13:32

clock-img

Kerubim

pencil-img

5

сега во вторник сме кај др.Дафинка Кузмановска нефролог, со сите резултати да го чуеме и нејзиното мислење.. па ке видиме што понатака. Најбитно е што бубрезите не се воопшто оштетени, од тоа се плашев, како и да е ке ја следиме состојбата и што треба ке правиме, важно е дека има решение и не е опасно, па со Господ напред да се надеваме дека се ке биде супер. Да видам што ке каже докторкава па ке закажам кај Трајковски пак. Овој др Ѓорѓевиќ од Белград ви доаѓа на 30 јануари во Систина, ние закажавме, ама нема да одиме, ќе не следи др Миле, за кого слушнав ептен добри препораки.

Голем поздрав па пиши што сте направиле.. гушки до бебушот..

clock-img

13.12.2014, 14:07

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Се уште се мислам дали да одиме кај овој од Белград, оти ако праиме операција, секако кај Миле ќе одиме. Ќе размслам уште малку, па на наредно доаќање.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

16.12.2014, 22:55

clock-img

Kerubim

pencil-img

5

Здравоо, еве не со нови информации.
Бевме кај др Кузмановска, го гледаше малово на ехо и ги виде и старите снимки и рече дека има доста подобрување и дека и она не е за операција и иако резултатите од ДТПА ни беа супер, сепак бидејќи покажуваше мала опструкција ни рече да направиме уште едно испитување ДМСА. Го закажавме, ама се мислам пред да го направиме да одиме со резултативе уште еднаш кај Трајковски, што викаш Везилка?? Па после со тие резултати да одлучиме што понатака, вика вака е супер сте немале инфекции, подобрување има доста, па се надева дека воопшто нема да има потреба од операција, дај Боже. Рече дека можеби ке треба и МЦУГ да правиме, ама јас не би дозволила зошто Трајковски веќе ни воспостави дијагноза, дека не станува збор за рефлукс, па сепак тој е радилог и тој ја кажува дијагнозата, а МЦУГ се прави за да се утврди дали има рефлукс или не. Ахххх докториве ме излудеа. Тоа е тоа, важно сега за сега не чепкаме ништо и се надеваме дека нема ни да има потреба. Поздрав.

clock-img

22.12.2014, 13:34

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Па кај Трајковски одете со резултатите од ДМСА, и тој да ги ѕирне да бидете мирни. Јас како разбрав ова испитување и се да е во ред понатака ќе треба да си го правиме на секои две години. Исто како и ехото на бубрези за да се следи хидронефрозата што ќе треба да си го праиме на секои три месеци за неодредено време. Е тоа е ако треба ќе трчаме по доктори, само да се ок.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

15.09.2017, 20:55

clock-img

zenska18

pencil-img

5

Vezirka te molam kazimi kako e sega detenceto tvoe sega ste veke pogolemi. Kako ppminavte so hidronefrozata. Mnogu sum zagrizena i kaj sin mi e dijagnozirana. 2meseci sme. Mnogu sum zagrizena.

clock-img

24.09.2017, 19:37

clock-img

gogobe

pencil-img

8

Ajde spodelete info i nie sme so ista maka 3 meseci e bebe user posted image

clock-img

24.09.2017, 20:38

clock-img

zenska18

pencil-img

5

Kaj nas problemot bese pronajden uste vo bremenost vo 9 masec, itoa slucajno pojdov kaj toj doktor na mislenje . Pa na dva meseci bebce go odnesovme na kontrola cisto mislejki ne e nisto, no pedijatarot nefrolog rece deka ima zastoj vo levoto bubreze, i ni prepisa terapija antibiotik turski sirup piyseptily. No dur go najdime od Turcija bidejki ovde nikade go nema zemame cefaleksin. Premnogu sme zagrizeni so soprugot. Se nadevam deka ke se sredi so rastot. Doktorka veli do 3 meseci ke visi na sledna konreola dali ima podobruvanje. Ke mora da se sledi redovno. Ako ne pojdevme na kontrola uste vo bremenost ne ke znaevme voopsto mozi ke si se sredelo samo po sebe.(ama pak mozelo i da se zagresi da se pojavi urinarnata infekcina pa ne ke znaeme od so e) neznam veke so da mislam.se trudam da mislam pozitivno. Kaj vas kako go otkrivte. Sto vi vilaat doktorite . Kaj odite na kontrola. Terapija????

clock-img

24.09.2017, 20:46

clock-img

gogobe

pencil-img

8

zenska ti pisav privatna poraka.Bebe fati urinarna infekcija i taka otkrivme.Ince i nie cekame kontrola za 1 mesec,ni prepisaa isto pieloseptil,a dodeka go najdeme cefaklor.Utre treba da ni kazat vo Grcija dali go ima.Kade odite vie na pregledi?Nie bevme vo sistina kaj dr. Nadica

clock-img

24.09.2017, 20:51

clock-img

zenska18

pencil-img

5

A sto simptomi imase bebus.i nie odime kaj Nadica sistina. Vo grcija nie preku eden prijatel ni rece deka nemalo samo tableti. Od turcija nas ke ni donesat poracav jas poveke da vi dademe ako sakate nie.Bi trebalo da stasaat utre ili zadutre

Последни статии

article-img