за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
На крајот од првото тромесечје (11-12 ГН) се врши вагинален ехо-преглед, при што се мери нухалната тренслуценција (раслојување на тилниот дел на бебето), носната коска на фетусот, како и колор-доплер испитување на протокот на крвта во дуктус венозус (крвен сад кој ја поврзува папочната врвка со десното фетално срце). Целта на овие три испитувања на бебето во првото тромесечје на бременоста е да се процени ризикот од хромозомните аномалии, како тризомија 13, 18, 21, Турнеровиот и Клајнфелтеровиот синдром и да се индицираат евентуалните понатамошни испитувања.
Во периодот од 15-та до 18-та гестациска недела, се изготвува таканаречениот Triple тест - биохемиско испитување на крвта на бремената жена - алфа-фетопротеин, бета-HCG, естриол или Double тест-испитување на алфа-фетопротеин и слободен бета-HCG. Ако овие два теста се позитивни, тогаш се индицира амниоцентеза, аспирирање на плодовата вода, за да се изврши хромозомно испитување за аномалии на плодот.
Дали и што направивте од овие испитувања за време на вашата бременост?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
19.06.2009, 14:51
mami
8680
вака кога ке слушнам толку стручно напишани ништо не разбирам мене ми правеше вагинално ехо првите два месеца и после тоа само обично ехо, три пати ми зема брисеви и тоа беше тоа...посебни испитување немало, барем колку што ми кажал мене
01.07.2009, 13:03
srnicka
413
Jas vo petok ke odam na eho za organite (screening ) i malku me faka panika, kako ke e , sto ke mi kaze doktorkata, dali e se vo red so bebceto
01.07.2009, 13:10
mami
8680
срничка, немаш гајле и јас се тресев секој пат кога имав закажано на ехо, и секој пат си правев луди филмови што се може да ми каже , се додека еден пат докторот не ми објасни убаво дека нема што да се секирам, ако мрдка се е во ред, и плус дека ако на едниот преглед било се супер, нема зошто и многу е мала шансата на следниот нешто да не чини...не се секирај, се е супер сигурно..ајде па пиши ни утре како си поминала
01.07.2009, 13:12
srnicka
413
Fala mami, ama takva sum panicarka po priroda i vistinski se plasam. Znam deka nemoze nisto tuku taka loso da se sluci, ama toa e. Ke vi pisuvam vo petok posle pregled sto e i kako e.
01.07.2009, 13:21
Еца
6692
Срничка те чекаме во петок мила, иако знам дека ќе ни пишеш дека се е во ред, сепак ќе почекаме само писмена потврда
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.08.2009, 13:28
Еца
6692
Вака имам едно прашање: дали сите испитувања, меѓу кои и она за Даунов синдром се покриени од основното здравствено осигурување или за одредени испитувања (поточно за Дауновиот синдром,) се наплаќа?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.08.2009, 13:42
Iva
626
Ако мајката е постара од 35 год. тогаш Фондот за здравство целосно ги покрива трошоците за испитување на Даунов синдром. Но секако треба да се добие комисиско одобрување. Во некои случаеви како кај мене поради фамилијарен случај на Даунов синдром можат да одобрат и на помлади од 35 год. Во првата бременост едвај со врски ми одобрија, не знам зошто не сакаа, а вториот пат без проблеми поминав на комисија. Иначе приватно беше околу 15 000 ден., ама не ме фаќајте точно за збор.
17.08.2009, 10:45
Sara
162
Јас сакав да прашам дали во текот на бременоста правевте испитувања на трансфузиологија за фактори на хемостаза, д-димери и слично. Јас колку што сфатив ова се многу битни испитувања во текот на бременоста бидејќи укажуваат на ризични ситуации за мајката кои може да се контролираат со соодветна терапија. Кои беа вашите резултати?
17.08.2009, 13:20
mimicka
183
Јас ги правев тие испитувања на трансвузиологија во 35 недела од бременоста. Сите параметри ми беа во граница на нормалата освен Д-димери малку покацени но др ми каза дека тоа е нормално за бременост. Немав потреба од никаква терапија. Ако ме служи помнењето ми се чини за во бременост е нормално да се до 1000 ама не ме држете за збор. Јас малку се испласив зошто ми го прават тоа испитување но подоцна ми објаснија дека е многу важно и е добро превентивно да се направи пред се за мајката. Со плав картон е 700 ден а приватно е 5000 ден.
17.08.2009, 13:58
zami
574
So prvoto dete site kontroli bea obicno eho so komentar ,,se e dobro, aj sega odi si doma,, ama zaradi stravot da go vidam deteto zdravo i zivo nadvor od mene ne dozvoliv ni edno partalce da se kupi pred da se rodi. Stravot sega e pogolem (ne sum bremena seuste) bidejki imav eden nameren abortus bidejki vo 4 nedala na mojata bremenost sin mi imase RUBEOLA i preporakata na site (sem na ginekolozite) bese abortus poradi golem rizik od mozocni anomalii i sl. Inaku kako sovet za idnite majki site zarazni bolesti sem RUBEOLATA nemaa nikavo vlijanie vrz plodot Sega imam uplav kako da bidam sigurna deka ke rodam zdravo i pravo dete.
17.08.2009, 14:26
alex_mo
636
Zami da te "smiram".Bratucetka mi e skoro 40god,a tetkami vo bremenosta so nea vo poodminati meseci imala rubeola, i nikoj ne i predviduval deka se ke bide ok.Samo da spomenam deka tetka mi bese voen lekar i bidejki nemala drug izlez ostavila da ceka.Ima znaci kako sto pisav super kerka koja vo momentov doktorirase,zboruva tecno 5 jazika i e vrven profesor na fakultet vo Belgrad.Znaci se e gospodovo....Pozzz...
17.08.2009, 18:27
Sara
162
Mimicka баш ми е драго што некој има со слично искуство, инаку мене од 28-30 недела димерите ми беа ОК ама во 35 недела ми рипнаа на 1100 и ми ја покачија терапијата со инекции што веќе ја примав дупла доза,сега во среда ќе одам пак да испитувам ама многу ми е страв бидејќи гарант пак ќе ми ја покачат дозата на инекциите а тие може да доведат до ризичен пораѓај.
17.08.2009, 18:42
arh_diz
7198
Koi inekcii gi dobivas za dimrot i jas bev vo slicna situacija
17.08.2009, 19:02
Sara
162
Па јас ги примам инекциите Клексан од 40 мл, веќе отворив една тема за Clexane-инекции за време на бременост па ако имаш слично искуство пиши тука или таму би ти била благодарна Поздрав
17.08.2009, 19:11
arh_diz
7198
Nesakam da te zaplasuvam no sovetuvaj se voenata bolnica kaj Zan Mitrev . Jas primav 0 6 i mi se javi krvotecenie ginekologot rece deka e od inekciite i deka e se vo redi prodolziv da gi primam. No doktorite ne mozea da go sporat krvarenjeto i abortirav. Sega odam na ispituvanja kaj Zan Mitrev tamu vednas mi rekoa deka dozata na kleksan bila golema , ispituvanje na krvta ednas nedelno e zadolzitelno ( koe jas ne go pravev ) hemoglobinot mi bese mnogu nizok.Sega uste gi primam tie inekcii iako ne sum bremena doza 08 nikako da se namali dimerot Ti posakuvam sreka
17.08.2009, 19:18
Еца
6692
арх_диз во која недела абортираше.Мислам дека овие инекции се задолжителни доколку нависитна постои проблем, а Сара е веќе во поодмината бременост, така да од она што имам прочитано за нив, може да предизвикаат нус појави, но без нив може да биде уште полошо, и за мајката и за плодот.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.08.2009, 19:21
arh_diz
7198
Vo 14 nedela abortirav. Da inekciite se zadolzitelni se soglasuvam so tebe, no zadolzitelno e da se odi kaj doktor koj e specijalist a ne ginekolog. Jas odev samo kaj mojot ginekolog .
17.08.2009, 19:31
Еца
6692
Баш ми е жал, ти посакувам од се срце работите да се средат и да ја исполниш својата желба да станеш наша Не е лесно, но мора човек да издржи за да стигне до својата цел, а во твојот случај бебе
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
17.08.2009, 19:58
arh_diz
7198
Da sekako taka e imas pravo .Sepak treba da se vnimava vo rok od ovie nepolni dva meseca bev i nadvor od drzavava na ispituvanja i se ama se e dzabe koga e veke kasno.
17.08.2009, 23:26
Sara
162
Многу ми е жал што тоа така се завршило, но изгледа кај тебе се појавил еден од тие несакани ефекти - а тоа е обилно крварење, и функцијата на инекциите е всушност таа - да го забрзаат крвотокот и да те заштитат од тромбоза - згрутчување на крвта. Јас почнав да ги примам инекциите поради промени во постелката - предвремено стареење и крварење и фала богу мене па ме спасија од предвремено пораѓање - крварењето престана а бебето супер си напредува и покрај зрелата постелка. Е сега мене ме плаши тој момент што ќе се случи за пораѓајот да не ми се јави тогаш обилно крварење - ама со Господ напред. Инаку обавезно консултација и со друг доктор, мојот гинеколог ми ги прегледуваше резултатите но со претходна консултација со трансфузиолог и по негова препорака што да се прави понатака, инаку за дозата мојот гинеколог одлучи иако на трансфузиологија ми препорачуваа дупло поголеми дози ама па и мене ми беше страв да не е премногу голема дозата.
18.08.2009, 09:49
arh_diz
7198
Jas kako sto imam citano po forumi , a i se konsultirav so zena koja go imala istiot problem poragajot pominal super ne plasi se bez nikakvi krvarenja . Samo posle poragajot treba da gi primas inekciite uste a kolku toa ke ti kaze doktorot.I obavezno na poragajot da nosis corapi koi ja podobruvaat cirkulacijata , radi venite . A zasega kupi si hulahopki ili corapi koi ja podobruvaat cirkulacijata i nema da ti otekuvaat nozete sigurno ti go kazal toa tvojot ginekolog.Mozebi se malku poskapi od obicnite no super se .
24.08.2009, 14:30
Viki73
79
I mene mi gi merea proporciite ne bebeto,se e vo red samo doktorot me prati na ispituvanje za Daunov sindrom,jas bev privatno,vo Avicena,mi zemaa krv,za dva dena rezultatite mi bea dobri(fala mu na Gospod).Ne sum ni znaela deka moze toa da se4 ispituva i vo drzavna,vamu e 3800 denara,rezultatite se za eden den.Doktorot mi rece deka ako na ovie ispituvanja rezultatite se vo red nema potreba od aminocinteza.Sega uste treba da napravam ispituvanje na krv,mokraca,brisevi,ne znam kako treba,vo sreda sum na lekar pa ke vi kazam.Pozdrav do site.
13.10.2009, 08:50
happy mommy
108
Во период од 8 до 14 недела се врши испитување на крвта за да се провери бебушот за Даунов синдром, за ова добив упат во Авицена и треба да одам на ова испитување ама не знам дали воопшто да го правам. Со првата бременост не го правев а и со пријателки што имам разговарано ми кажаа дека воопшто не го направиле тоа испитување , доволно било само 4Д во 20 та недела. Дали го имате направено ова испитување ?
13.10.2009, 09:02
ripce
2148
не... синдромите се карактеристични за бременост во поодминати години... а јас имав 18, мислам дека затоа и не го правев тоа испитување... но во принцип јас сум за тоа да се направи секое испитување