за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Пред некој ден бевме на контрола кај ортопед и ни кажа дека се е ок само нозете на стефан му се криви па мора контрола и на 11 месеци.Јас лично на прв поглед се исплашив но после си помислив па нели на сите деца до 3 год нозете му се како патка??? Ни препорача по 2 капки вигантол и вежби во домашни услови.
29.05.2009, 15:02
mami
8680
ништо страшно..сепак е уште мал...ајде па ти не паничи толку, како прво да ти е вигантол и вежби и ке видиш дека на следната контрола се ке биде екстра
29.05.2009, 15:09
mis.
3845
За првото само на 2 ипол месеци бевме на ортопед и толку а за второво колку повеќе одиме и колку повеќе се информирам се поголеми дилеми имам.Некогаш е најубаво човек да не е толку информиран.Исто ни кажа да не го стоиме на нозе а тој несака да седи само да стои.Уште не знае самостојно да седи а веќе сака да стои,смешки
29.05.2009, 15:16
mami
8680
епа тој е соврсен за џампер...ке ужива..мислам дека имаше во Енци менци во трговски а сигурно има на пластичарската улица и не се скапи а го оставаш и Лука се забораваше и по саат време да рипа на него и така ем он задоволен ем ти слободна да вршиш други работи
11.08.2009, 23:38
Еца
6692
Леле се мислам каде да ја однесам Мила на прв преглед на ортопеед.Со Мартина имам лошо искуство, па сега сум во дилема.Давајте препораки мамички, многу ќе ми значат
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
11.08.2009, 23:46
mis.
3845
Др.Видоевски Горан е добар и веќе докажан ортопед но јас би ти препорачала да ја однесеш во Букурешт поликлиниката.Јас Стефа го носев и приватно и во Букурешт и бев и на двете места задоволна.И во болницата го гледаа на ехо и споредуваа аглите и мислењата на докторите се поклопија.Во букурешт е бесплано и работат со закажување за бебиња.Ние имаме закажано во октомври.
12.08.2009, 10:06
mother 29
4405
Би ја препорачала др.Иванка Стефановска од Ремедика,ние тамо го носеме Марко и задоволна сум.
12.08.2009, 10:10
big_mama817
1331
nie maliot go nosime vo Bukres kaj dr.Mircevska mnogu soliden doktorka jas sum zadovolno no i dr. so koj sum zborela se zadovolni
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
12.08.2009, 13:04
Еца
6692
Па закажав во Ре-медика кај др.Стефановска Ивакна на 31 август за Мила, но сакав да слушнам и други мислења.Кај Др.Видоевски нема тремин до 5 октомври, а тоа е премногу далеку.Во Букурешт не прегледуваат деца помали од 2 месеци, што значи останува да одам на закажаниот термин па ќе ви јавам како сме поминале, инаку Мартина па ќе ја однесам на преглед во Букурешт
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.08.2009, 17:09
Anushka
1392
д-р Видоевски сите го фалат. Ама мене нешто ме буни: сите д-ри препорачуваат широк повој, само тој не. Сега сум во дилема. Двата сина ги пораснав со широк повој и се сега многу згодни момци. А за ќерката, д-р Видоевски ја соблече само по памперс... Помагајте со совет, сугестија.... плизззз
12.08.2009, 17:13
Еца
6692
Да Анушке, докторот кажува дека широк повој е самиот памперс што им го ставаме на децата. Но некако кога се работи за женски деца малку сум и јас во дилема што да правам.Не знам имам и фани гаќички, имам и памучни пелени, и толку се двоумам Сега на 31 август сме на прв преглед во Ре медика и ќе видам што ќе ми киажат таму, и ако ми речат да ставам широк повој, дефинитивно ќе го практикувам!
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
21.08.2009, 11:21
bojanas
187
Кај др.Видоевски бев со првото дете Лука и сум многу задоволна. Ние го симнавме широкиот повој по три недели и добивме пофалба од др.Видоевски. Секојдневно ги правевме вежбите и сега е прав ко пушка и супер му се развиени нозете. За второто дете воооопшто не помислував на широк повој. И пак е ок. Еден мој пријател американец кој живее со сопругата и детето во Скопје, врсник на Лука, никогаш не дозволи да му се стави широк повој на неговото дете. Неговиот одговор беше- Што мислите тие што ги прават Памперс што истражувале сиве овие години? Дали тие препорачуваат широк повој врз нивната пелена особено во земји како Македонија каде што има идеални услови за развој на коските на бебињата? Искрено сосема се слагам со него. Пострашни се деформациите во предшколска возраст и тогаш треба да се обрне поголемо внимание на децата, особено на квалитетот на кондурчињата што ги купувате.
26.08.2009, 23:21
Natasha5
830
Денес бевме на ортопед.Не успеав да закажам кај Видоевски бидејки ми се брзаше,па во истата ординација работи докторка која е исто така добра и денес бевме кај неа и сум задоволна.Ја прегледа Јана и реце дека е супер ,се е во ред и ми реце никако сирок повив и да ви казам ми даде многу вазни совети кои како тазе мајка не сум ги знаела. И многу сум весела денес бидејки поминавме супер. Знаци на котрола по 2 месеци.
26.08.2009, 23:23
mami
8680
само вие растете здрави и среќни
26.08.2009, 23:28
Tanja K.
563
Nate da te prasam:dali kaj Vidoeski e taa dr.ili vo druga ordinacija?
26.08.2009, 23:31
Natasha5
830
Doktorkata e kaj Vidoeski samo sto raboti druga smena
26.08.2009, 23:32
Natasha5
830
Vo istata ordinacija raboti
26.08.2009, 23:34
Natasha5
830
E i ova ne go znaev i ne sum procitala deka sisenceto so kapkite D3 ili koi bilo drugi trebalo da se menuvaat na sekoi 3 nedeli
26.08.2009, 23:35
mami
8680
ехх и тоа е само една од работите кои треба да ни ги кажат во болница ама не ги кажуваат
26.08.2009, 23:38
Tanja K.
563
Zatoa go imame ovoj forum neli mamicki mili.Ako nekoj ne e zapoznaen so bilo kakva informacija od bilo koja oblast,mislam deka tuka mozeme barem del i toa golem del da si razjasnime.Mislam deka ke se slozite so mene?
26.08.2009, 23:45
mami
8680
комплетно...овде дознав многу работи кои не сум ги знаела...а знам дека има уште многу што треба да ги научам...мило ми е што сме си тука една за друга
31.08.2009, 11:58
Еца
6692
Денес Мила за прв пат ја носам на преглед на ортопед, малку сум онака пррррррррр, ама ќе ви пишам обавезно што и како ми рекле кога ке се вратиме.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
31.08.2009, 12:05
mother 29
4405
denes so mila, utre so martina....bogami stvarno prrrrrrrr...so srekicka:)))))))))pozzzzzzzzz
31.08.2009, 12:33
Sara
162
Кога првпат го однесовте вашето бебе на ортопед? Ако толку се чека кај овие доктори што ги фалите дека се добри тогаш да знаеме да си закажеме со време, здравје боже откога ќе се породам. И јас имам слушнато дека се даваат капки Д3 а од кога почнавте нив да ги давате на бебето? И каде го направивте првото ехо на колкчиња?
31.08.2009, 12:35
profesorica
5709
Дамјан прв пат на ортопед(таму прават ехо на колковите) го однесовме по 40 дена а со Вигантол капки почнавме уште првиот ден откако излеговме од болница.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))