10 модни совети за бремени жени
Најважното нешто што треба да го запомните, кога станува збор за модата е дека не мора да го промените Вашиот основен стил само затоа што сте бремени.
Бременоста носи разни видови на хормонални промени, но ниту една од нив не предизвикува жестока желба за пастелни бои или полиестер. Значи, задржете го својот идентитет. Едноставно направете некои мали ревизии на Вашиот стил, колку да се приспособите на промената на Вашето тело.
Следете ги овие 10 модни совети за да изгледате модерно во текот на бременоста:
1. Избегнувајте ги сите синтетички материјали, тие имаат поголема веројатност да предизвикаат алергии.
2. Одлучете се за меки, природни материјали како што се лен, свила, памук и волна. Најидеални би биле хипоалергиските материјали, како на пример органскиот памук.
3. Изберете широка облека што не се стеснува околу стомакот и нозете, кои се поделикатни како резултат на бременоста.
4. Купете еден добар пар фармерки, панталони и здолниште, кои ќе можете да ги носите во текот на целата бременост.
5. Купувајте во големите продавници кои имаат мали труднички линии по поволни цени. Можете да ја дополните својата гардероба со парчиња облека кои се прилагодуваат на Вашето тело без премногу да се потрошите.
6. Купете два труднички градници (ако планирате да доите, осигурајте се дека немаат жица за поддршка на градите). Многу е битно да им дадете на Вашите гради добра потпора. Ако имате големи гради, спијте со градник за да си обезбедите заштита на ткивото кое е особено кревко за време на бременоста. Во зима, купете специјални труднички хулахопки.
7. Купете неколку добри, удобни и безвременски парчиња облека кои ќе можете да ги носите додека сте бремена, но и потоа.
8. Ако сте накачиле малку повеќе тежина од таа која што сте ја очекувале, позајмете неколку кошули од Вашиот партнер. Носете ги малку раскопчани за обичен, секси и удобен изглед што оди совршено со фармерки.
9. Првите три месеци Вашето стомаче нема многу да се познава, па за да избегнете индискретни погледи и прашања носете широки блузи, но не оние кои имаат ластик директно под градите. Спротивно на јавното мислење, тие го потенцираат дури и најмалото стомаче.
10. Во зависност од Вашиот стил, од 4-5 месеци па натаму ќе можете да носите облека што се движи по линијата на Вашето тело (се додека не е претесна) за да се потенцира Вашата женска фигура. Трапезоидните блузи би Ви дале пропорција.