10 незаборавни спомени од детството
Што е првото нешто на кое се сеќавате кога станува збор за детството? Сигурно и вие имате непроценливо богатство од десетина незаборавни спомени кои ви се навраќаат со насмевка и носталгија кон минатото
Сигурно имате барем еден пријател од детството, со кого се гледате и сега. И сигурно често разговорите ви почнуваат со "Ееех, ти текнува кога бевме деца како ...". А потоа сте размислувале какво е детството на вашите деца и сакате тоа да биде барем малку како вашето, безгрижно и многу весело.
Ако ги чувате живи најскриените спомени од времето кога сте биле големи колку вашите деца, тогаш имате една од најдобрите лекции. Имено како да го направите детството на децата, барем во делови толку среќно како што било вашето. Но не обвинувајте ги само децата за тоа како го поминуваат слободното време. Една од најголемите грешки на родителите во денешно време е дека не обрнуваат внимание на своите деца, туку им даваат еден таблет, за да се одморат од нив. Е, па така сигурно нема да им се создаде дури ниту еден од незаборавните спомени, кои ги имате вие од детството.
Еве каков е рецептот на среќно детство
Игра во барички, кал и дожд
Едни гумени чизми се можеби најубав подарок за секое дете, бидејќи нема поголема среќа од цапање со кал, правење на калливи ќофтиња, газење во локви, ставање на хартиени чамци, итн
Борба со снежни топки, правење снежни луѓе и лизгање со санка
Едно време, сепак, беше модерно слизгање на најлон. Тркалањето во снегот траеше со часови, а потоа следеше киснене на нозете во чаша со топла вода и сушење на водените алишта до печката на дрва. Не беше исклучено да се видат и деца со санки влечени од домашните кучиња.
Игра на ластик, народна, дама, крадци и полицајци...
Вообичаените игри, со кои децата играа до мрак по улиците, по што населбата ечеше од извици на родители кои трагаат по своите деца за вечера. А вообичаениот одговор кој се слушаше, беше "Еј сега доаѓам, само уште малку ..."
Да имаш прачка беше богатство
Се сеќавате ли колку време поминувавте во реката додека да фатите жаби и што ли уште не. И бевте попрецизни со прачка отколку вујко ви ловџијата со пушката.
Војна со пиштоли на вода
Играта со вода во текот на летото беше задолжителна. Почнувајќи од пиштоли на вода до водени бомби - Украсна пластична кесичка или балон, полна со вода.
Цртеж со креда
Кредата понекогаш беше луксуз, но секогаш се наоѓаа парчиња тули, на пример, кои вршеа идеална работа за да ги исцртате тротоарите и улиците во соседството.
Качување по дрвја
Качување по дрвјата во играта криенка-миженка или пак со тајна замисла да се снабдите со сливи, цреши, јаболка, итн беше задолжително.
Готвење со баба
Баба даваше да сецкате, да месите, да мешате и зготвеното мирисаше преубаво и беше превкусно.
Ако не те закопаат до глава во песок на плажа, сигурно не си бил на море
Правење на замоци, барање ракчиња, возење на водно тркало и се разбира јадење сладолед влегуваат во претставата за најсупер море на секое дете.
Игра со мама и тато
Вообичаено родителите имаат малку време за своите деца, но кога ќе најдат, играта во детската свест останува незаборавен спомен. Затоа земете ги децата и одете на пикник, пуштајте летала, возете велосипед, одете на риболов итн
А какви се вашите незаборавни спомени од вашето детство што сакате и вашите деца да ги имаат?