10 работи за здрав живот
Дознајте ги десетте начини како да водите активен, а притоа здрав живот што во овој динамичен свет воопшто не е лесно
Секојдневен тренинг
Секојдневно изберете си одредена вежба и нека стане ваша рутина. Ќе имате забележителни резултати и без да одите редовно во фитнес-центар. Секогаш користете ги скалите наместо лифтот, по ручекот излезете на прошетка и немојте да ги избегнувате куќните обврски.
Домашното милениче како тренер
Доколку имате услови и простор, набавете си миленик. Не само што се мили и слатки, туку делуваат врз крвниот притисок, го смалуваат нивото на стрес и ве поттикнуваат да бидете физички активни кога сакаат да ги прошетате.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)