cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

15 дилеми поврзани со бременоста

Бременоста е природна работа и треба да се доживее со радост, но и со одредена доза на внимание. Некои постапки не се препорачуваат во текот на тие девет месеци, но тоа не значи дека во потполност треба да се менуваат животнитe навики

15 дилеми поврзани со бременоста

1. Може ли сексот да биде штетен за бебето?

Ако во текот на бременоста се се одвива во најдобар ред, половата активност во бременоста не претставува проблем и пенетрацијата не е опасна за плодот, но секако подобро е да биде нежна и внимателна. Во првото тромесечје ризикот за спонтан абортус е поголем, а лесни трауми предизвикани од сексуалната активност може да ја зголемат опасноста и затоа се препорачува поголемо внимание при истите. До седмиот-осмиот месец од бременоста може води љубов, со поголемо внимание да се одбере положбата. Тогаш е подобро мажот да биде под жената, посебно кога стомакот е поголем. Второто тромесечје од бременоста обично е период во кои моментите на интимност се најинтезивни. Мночу често кај жената може да дојде до природно губење на желбата за водење љубов поради физичката промена на телото и стравот од губење на детето.

2. Дали кафето и виното се дозволени?

Конзумирањето на храна и пијалоци за време на секако се менува од повеќе причини. Треба да се намали конзумацијата на чај, чоколадо и да не се пијат повеке од 2 шолји кафе дневно. Секако најидеално би било потполно да се престане со конзумирање на овие пијалоци во текот на 9 месеци  бременост.

Се работи за надразливи супстанции кои влијаат на нервниот систем и прекумерна употреба може да доведе до спонтан абортус или предвремено пораѓање.

Апсорбирањето алкохол во организмот ослободува работи кои се штетни за правилен развој на детето во првите 3 месеци. Поради тоа најдобро е да не се пие повеќе од една чаша вино дневно.

3. Дали лековите се штетни за плодот?

Активните состојки од лековите може да дојдат до плодот преку плацентата и да влијаат на неговиот развој. Затоа во бременоста лекови се препишуваат само ако се неопходни. Никако не земајте лекови на своја рака. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар и следете ги неговите упатства. Ова се однесува и за природните додатоци во исхраната икои исто така може да содржат активни состојки кои може да влијаат на развојот на плодот.

4. Оставаат ли светлата за вештачко потемнување дамки на кожата?

Во деветте месеци бременост не се пожелни естетски третмани од било каков тип од тој тип вклучувајќи го и вештачкото потемнување. Поради хормоналните промени за време на берменоста, кожата станува осетлива и изложувањето на овие зраци може да доведе до појава на дамки. Освен тоа топлината од тие светла за самопотемнување делува како вазодилатор, односно доведува до ги ширење на жилите, а тоа може да го забави протокот на крв од нозете во срцето.

5. Претставува ли бојата за коса проблем?

Како мерка на безбедност во првите 3 месеци треба да се избегнуваат трајни бои за коса и оние со избелувач, но и ние на билна база. Хемиските супстанции во боите за коса се присутни во големо количество и може да влезат во циркулацијата и да го оштетат плодот. Сепак дозволени се преливи за коса или фарбање прамени бидејќи штетните супстанции не доаѓаат до коренот на косата и не постои опасност да бидат апсорбирани. Шампони и спрејови во боја исто така се дозволени. Само претходно проверете прво на мало место од кожата дали има алергиска реакција. Во бременоста кожата станува осетлива па секој од овие производи може да предизвика надразливост.

6. Предизвикува ли восокот за депилација надразливост?

Во тој период може да дојде до намалена употреба на депилациски третмани поради зголеменото влијание на естероген и прогестерон кој го намалува растот на влакна. Во секој случај треба да се ориентирате према поблаги варијанти на депилација, жилет кој нема никаква контраиндикација, креми или сапуни за депилација.Топол восок треба да се избегнува бидејќи може да влијае на циркулацијата на крвта, која во овој период е намалена. Ладниот восок е дозволен доколку немате проблем со циркулација како отеченост или видливи капилари. Исто така ласерските третмани подобро е да ги оставите за после породувањето.

7. Треба ли да се избегнува летање со авион?

Воздухопловните компании примаат на летови бремени до седмиот месец. За кратки летови потребна е потврда од доктор дека не постои опасност од предвремено породување. Посебно кај долгите патувања, мали телесни вежби помагаат да се ублажи чувството на отеченост во нозете, која може да се појави како последица од седечката положба и притисокот на матката на подрачјето на слабината што ја спречува нормалната циркулација. Пожелно е често да се станува да се прошета по ходникот и да се протегнат нозете во секој момент кога тоа е дозволено за време на летот.

8. Дали пливањето е корисно?

Пливањето се препорачува во сите 9 месеци од бременоста затоа што ги тонифицира мусклулите без преголемо напрегање на зглобовите и и помага на жената да се подготви за пораодувањето. Корисни се и благи спортски активности како возење собен велосипед. Сите активности кои предизвикуваат силно напрегање на мускулите и поради тоа, треба да се избегнуваат за да не дојде до траума на плодот и плацентата.

9. Дали се дозволени стоматолошки интервенции?

Стоматолошки интервенции се дозволени само ако се неопходни, затоа што се склони на инфекции во бременоста и лесно доведуваат до крварење. Ако е потребно може да се даде и локална анастезија, но не смее да содржи адреналин затоа што делува така што врши притисок на капиларите кои може да ја оштетат плацентата.

10. Треба ли да се избегнуваат високи потпетици?

За време на бременоста носете потпетици не треба да бидат ни превисоки ни премногу ниски. Превисоките или пренискиуте потпетици потенцираат неправилно држење на телото и јпредизвикуваат блокирање на циркулацијата на крвта. Идеална висина за нов центар на рамнотежа во бременост е 3-4 сантиметри.

11. Дали ПАП тестот е неопходен?

Пап тестот е преглед кој обично се прави во првиот стадиум од бременоста, но не е неопходен ако е направен во текот на претходните години. Она што не се препорачува за време на бременоста е правење на ренгенски снимки. Х – зраците се опасни за мобилниот развој на детето.

12. Сака ли детето да слуша музика?

Секое дете сака да слуша музика, но прегласната музика може да му смета. Исто така секој изразито висок или необичен тон може да го направат немирно. Гласната музика поттикнува и лачење на адреналин во организмот на жената, а тоа може да биде штетно за здравјето на детето. Се препорачува слушање класична музика која ги смирува децата и може да придонесе до посебно чувство на поврзаност меѓу мајката и детето.

13. Смеат ли да се користат лаксативи?

Трудниците често имаат проблем со констипација или народно кажано запек, посебно во последните месеци од бременоста. Зголемената матка притиска, зголеменото излачување на прогестерон доведуваат до оваа состојба. За решавање на проблемот со запек наместо лекови може да помогне соодветна исхрана. Дајте им предност на производи кои имаат лаксативно дејство односно кои содржат влакна (трици, овошје, зеленчук)., Пијат најмалку 2 литри течности дневно бидејќи тие ја потикнуваат работата на цревата. Бидете повеќе физички активни, 15-20 мин одење, особено наутро може да поттикне на правилна работа на цревата.

14. Дали моторите и моторциклите се преопасни?

Превозно средство на две тркала како мотор или моторцикал не само трудниците туку секој го изложува на опасност од паѓање. Но кај трудниците може и негативно да влијае на бременоста од повеќе причини. На пример: во првите три месеци од бременоста вибрациите и тресењето предизвикани од возењето може да доведат до микротрауми и да ја загрозат бременоста.

15. Дали пушењето е потполно забрането?

Докажано е дека пушењето во бременост е штетно, се зголемува опасноста за абортус и се загрозува правилниот развој на детето. Деца родени од мајки кои пушеле може да имаат намалена телесна тежина и воглавно се склони на појава на проблеми во дишењето. Докторите поради тоа советуваат во текот на бременост да се прекине со пушење или барем да се доведе до минимум за да се избегна можните штетни последици.


Промоциска објава

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет