2021: Бебе родено со антитела на коронавирус
Во Бугарија е родено бебе со антитела на коронавирус. Мајката се заразила во седмиот месец од бременоста, што предизвикало предвремено породување

Бебе со антитела на коронавирус се роди во Бугарија. Имено, мајката на детето се заразила со вирусот во седмиот месец од бременоста, а ковид-19 вирусот преминал од мајката на бебето преку плацентата и така бебето добило антитела, објави агенцијата Анадолија, пренесувајќи ги наводите на бугарското локално радио Бугарија. Радиото објави дека 28-годишна бремена жена била подложена на предвремено породување со царски рез, бидејќи инфекцијата со „ковид-19“ предизвикала забавен раст на фетусот.
Лекарите рекле дека бебето е родено здраво, долго 46 сантиметри и тежина од 2,75 килограми, но во крвта имало антитела кон коронавирусот. Мајката закрепнува по раѓањето, пренесува Х1 во БиХ.
Најважно е бебето и мама да бидат добро и да излезат здрави од оваа ситуација.