cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

"За" и "против" каишите за проодување

Детските каиши предизвикуваат големи спорови. Некои родители немаат ништо против да ги користат, други жестоко протестираат против овој изум

"За" и "против" каишите  за проодување

 

Секогаш имало и ќе има спротивни ставови. Ние ќе се обидеме да ги извлечеме добрите и лошите страни во употребата на каишите а за проодување.

Позитивни

Рамнотежа


Каишите за проодување се корисни, бидејќи ја подобруваат рамнотежата на детето додека се научи да оди само. Процесот на проодување на овој начин е многу лесен, бидејќи детето е заштитени од чести паѓања.

Заштита од повреда

Ако не сакате вашето дете да е со постојани рани на рацете, нозете и брадата, искористете ги каишите за проодување. Со нив имате можност да го контролирате одењето и при секој момент во кој ќе почувствувате дека детето ќе падне на земјата, влечете нагоре.

Децата ги обожуваат

Обично овие каиши се со шарени позадини или познати цртани ликови кои децата ги сакаат. Затоа и носењето им не е особен проблем. Не замислувајте дека овие помагала се врзуваат на вратот.

Детските каиши за проодуваат се ставаат околу градниот кош, па да не создаваат ризик за детското здравје.

Полесно е за родителите

Ако сте родител на повеќе од едно дете веројатно знаете колку е тешко понекогаш да бидите над децата истовремено.

Ако едното е малку поголемо, а другото допрва проодуваат и исто така, бара внимание од ваша страна, проблемот може да се реши многу лесно со овие каишк. Ем детето ќе е поблиску до вас, ем нема да постои ризик од повреда, ем ќе можете повеќе свесно да набљудувате и другото дете.

 

Негативни


Сепак мора да признаеме дека колку и удобности да имаат, овие каиши создаваат ограничувања. Децата на оваа возраст допрва го запознаат светот и се учат да ги препознаваат предметите.

Искуството секогаш е од корист. Падови, повреди и гребнатини се оние во кои сите сме поминале и сме се научиле да не ги повторуваме грешките.

Ако го заштитиме детето премногу, неговите инстинкти може да се изгубат до одреден степен.

Не им се допаѓаат на сите родители


Ако изберете да користите каиши за проодување, подгответе се да  сретнете преплашени погледи од страна на други родители во градинката и парковите.

Многу луѓе мислат дека врзувањето е варварски чин на насилство против детето и можат да ве осудат со поглед, па дури и со директна забелешка.

Ограничување на независноста


Децата сакаат да трчаат и да си играат. Ако користите каиши, вие ја ограничувате независноста на детето, бидејќи неизбежно ќе го оддалечите од апсолутно сè, со што не се согласувате да игра.

Важно е да се напомене дека не треба да се злоупотребуваат овие каиши и да се користат во постара возраст, како начин да се држи детето под око. Единствената цел за која се создадени е да помогнат во проодувањето. Потоа нивната употреба треба да се прекине, за да не се создаде предуслов за психолошки проблем кај детето.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет