cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

5 насоки за побрзо забременување

Специјалистите за плодност ги споделија своите стручни насоки, кои ќе ви помогнат да ја зголемите плодноста и побрзо да забремените

5 насоки за побрзо забременување

За некои жени забременувањето може да биде лесно и да се случи веднаш по престанокот на користење на контрацептивни средства, независно дали работат на нивното прво или четврто дете. Кај други жени, достигнувањето на оваа цел може да се претвори во  тешка  ноќна работа, луд танц на парење кој се врти околу средствата за утврдување на овулација, специфичните позиции за секс и редовни тестови на плодноста, кои можат да дадат насока за можните проблеми.

Независно од тоа дали штотуку сте почнале да се обидувате да забремените, или веќе некое време се обидувате, ви пренесуваме неколку стручни совети, кои се базирани на науката и кои можат да ги зголемат вашите шанси за зачнување. Прочитајте што ви предлагаат да правите и да не правите, експертите за плодност, кога се обидувате да забремените.

 

Имајте секс почесто

Ова може да изгледа како прилично очекуван совет, но со оглед на бурниот секојдневен распоред, ова не е лесно да се “стави во план”. Доколку не сте сигурни и не можете точно да предвидите кога овулирате, имајте сексуални односи секој втор ден, велат специјалистите за плодност.

 

Откријте кога овулирате

Жените со редовен месечен циклус, на 28 дена, може да го пресметаат датумот на овулација, кој е на 14-от ден од првиот ден на менструацијата. Ако вашиот циклус не е редовен, може да ви помогне тест за предвидување на овулацијата.

Повеќето тестови за потврдување овулација ја мерат вредноста на лутеинизирачкиот хормон (LH) – еден од хормоните кој им сигнализира на јајниците да ослободат јајце клетка, а кој се појавува во урината. LH почнува да се лачи околу 36 часа пред овулацијата, но повеќето тестови не го детектираат овој хормон се додека ова растојание не се намали на 24 часа. Жена со редовна менструација, на 28 дена, треба да почне да ја тестира својата урина на 9-от или 10-от ден по стартот на нејзиниот период, за да не го испишти LH хормонот.

Следењето на цервикалниот секрет е уште еден начин за следење на овулацијата. Не е со толкав процент  на сигурност колку тестовите, но не чини многу. За овој метод  потребно е да го следите својот цервикален секрет неколку месеци, за да почнете да ја сфаќате неговата развојна патека.

Естрогенот предизвикува цервикалниот секрет да биде тенок веднаш по вашиот период, додека зголемувањето на нивото на прогестерон го прави секретот погуст. Кога ќе забележите дека секретот е погуст, може да планирате секојдневни сексуални односи.

Мерењето на базалната температура е исто така корисен метод кој може да ви каже кога се случува плодноста. Вашата температура ќе скокне за половина степен пред овулација и за 2-3 степени по овулација. Секако дека ова не е веродостојно ако сте болни и имате покачена температура.

 

Зачестете со сексуалните односи пред овулација

Откако ќе насетите по некој знак дека се ближи овулацијата, имајте секс тој ден и два дена потоа. Тестовите за овулација ја предвидуваат овулација 24-36 часа пред нејзинотоо настанување. Тоа е времето кога цервикалната слуз е најоптимална да и помогне на спермата да отпатува до јајце-клетката.

Спермата може да живее во матката 24-48 часа, што значи дека ќе ја дочека јајце клетката.

Уште една причина да имате секс пред овулација, е фактот дека јајце клетката живее 12-24 часа по овулација, па ако овулацијата започне во утринскиѕе часови, а вие навечер имате сексуални односи, јајце-клетката може да згасне додека сперматозоидите сигнат до неа. Исто така цервикалната слуз станува густа и непроодна, веднаш по овулацијата.

 

Уживајте!

Најважно од се е сексот да биде интересен и да не го изгуби сјајот. Многу е тешко кога сексот ќе стане подточка на вашата to-do листа.

 

Дајте си време

Проблемите со неплодноста или навиките кои можат да влијаат на зачнувањето, треба да започнат да се испитуваат по 6-12 месеци неуспешни обиди.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет