5 оброци кои трудниците треба да ги консумираат
Многу од жените мислат дека кога ќе бидат бремени можат да јадат се што ќе посакаат. После сe, јадете за двајца, така? Звучи добро, но тоа е далеку од вистината. Се што ви е потребно, се само 300 екстра калории во текот на денот
Под изреката - “јадење за двајца”, не треба да се подразбира да се јаде сe, туку да се јаде правилно. Нека вашата чинија биде полна со здрава храна, чисти протеини и многу овошје и зеленчук. Избегнувајте газирани сокови, благо и преработена храна.
Јајцата се еден од главните извори на протеини. Тие исто така се одличен извор на хлорин, кој помага за развој на мозокот на бебето и негов целокупен раст.
Јогуртот е одличен извор на калциум кој има и протеини. Тој исто така содржи пробиотици кои помагаат против габичните инфекции, кои се честа појава кај трудниците.
Леќата е одличен извор на фолати - што е од витално значење за развојот на мозокот, нервниот систем на бебето и штити од одредени вродени дефекти.
Лососот е богат со омега-3 масни киселини. Тие играат клучна улога во развојот на очите и мозокот на бебето и може да помогнат да се намали ризикот од депресија за време на бременоста.
Зеленчуците како спанаќ, аспарагус и брокула се преполни со витални хранливи состојки - тие дефинитивно треба да ги консумираат сите. Изненадени?