7 правила за слабеење од нашите баби
Секоја генерација на жени се грижи за својот изглед. Без разлика на времето и развојот на технологијата и нашите баби си имале свои трикови кои им помагале да изгледаат неверојатно во нивната младост
1. Јадете помали порции
Често сме склони кон дебелеење кога несвесно во нашата порција ставаме поголемо количество на храна кое на нашиот организам не му е ни потребно. Еден од најлесните трикови за да ослабете е да јадете онолку колку што на вашиот организам му е доволно, а не на вашите очи.
2. Јадете органски продукти
Во минатото нашите баби имале подобар пристап до свежи и органски производи. Но тоа не значи дека тие не се достапни и денес. Доколку на вашето тело му обезбедите здрава исхрана тоа ќе ви се заблагодари на соодветен начин.
3. Почесто гответе дома
Поради брзото и стресно темпо на живот можеби најлесна опција е да порачаме храна од некој ресторан или да јадеме надвор од дома. Но, многу често тоа не е здрава опција. Одвојте малку повеќе време да ја приготвите вашата храна дома и ќе бидете сигурни дека се исхранувате здраво.
4. Не јадете пред телевизор
Јадењето пред телевизор значително може да го зголеми бројот на калории кои ќе ги внесете за време на оброкот. Послушајте ја вашата баба и јадете ги оброците на трпезариската маса во кругот на вашето семејство.
5. Заменете го грицкањето со некое хоби
Доколку сте навикнале навечер да грицкате непотребни и нездрави грицки кои придонесуваат за вашата тежина, пронајдете некое здраво и корисно хоби, кое ќе ја замени оваа нездрава навика.
6. Движете се секогаш кога имате можност
Пешачењето е одлична активност со која може да ги согорите вишокот на калории. За да добиете убаво тело не е потребно многу. Само 1 час пешачење може да согори и до 200 калории.
7. Избегнувајте индустриски преработени производи
Нашите баби дефинитивно имале поголеми можности за здрава исхрана. Денес живееме во свет каде секој ден на пазарот се појавуваат илјадници лоши и нездрави производи кои може да влијаат на вашата тежина. Органската и здрава храна е секогаш најдобриот избор.