cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Антибиотици - ера на наука и разум

clock-img

15.7.2014

Македонија е една од државите кои се меѓу рекордерите во Европа по препишувањето на антибиотици. Антибиотиците се препишуваат за секакви состојби, без притоа двапати да се провери дали навистина истите му се потребни на пациентот

Антибиотици - ера на наука и разум

 

Антибиотици се лекови кои се употребуваат единствено за лекување на бактериски инфекции и кај никакви други заболувања. Антибиотиците не се лекови кои можат да лекуваат вирусна инфекција, а повеќе од 80% од настинките и стомачните заболувања се резултат на вируси. Според статистиката, скоро секој еден пациент кој ќе се обрати кај матичниот лекар поради настинка или стомачни проблеми добива антибиотик. Од овде директно се гледа алармантноста на ситуацијата. Антибиотиците се група на лекови кои се на врвот на препишувани лекови во повеќе држави, додека бактериските инфекции се далеку помалку распространети од вирусните инфекции или од другите заболувања. Тоа јасно укажува дека повеќето матични лекари препишуваат антибиотици без потреба.

 

Има неколку главни проблеми кои се поврзани со честото употребување на антибиотиците

Еден важен проблем се габичните инфекции. Тие се шират кога организмот прима голема количина на антибиотици долго време. Нивните токсини можат да бидат многу штетни за организмот. Најопасен тип на габа која доминира во ваквите случаеви е Кандидата. Втор и многу голем проблем е развивањето на резистенција од страна на бактериите. Честото земање на антибиотици прави некои бактерии да развијат механизам со кој ќе се одбранат од делувањето на антибиотикот, при што тие ќе станат резистентен вид, кој понатаму може да се пренесува и на други луѓе. Исто така, честото земање на антибиотиците може да предизвика уништување на некои осетливи бактерии од нашата нормална флора кои не дозволуваат други условно-патогени бактерии да растат. Откако тие бактерии ќе бидат уништени, оние условно-патогените бактерии ќе станат патогени и ќе предизвикаат болест.

 

Жените имаат поголем ризик

Жените имаат поголем ризик, бидејќи вагината е место каде што има многу голема осетлива нормална бактериска флора, па доколку биде уништена од страна на антибиотиците, секретот ќе биде зголемен и ќе се создадат услови за растење на кандидата и други габични инфекции кои можат да предизвикаат сериозни компликации.

 

Неколку важни совети

  • Паралелно со земањето на антибиотици секогаш земајте пробиотици. Тие ќе помогнат вашата цревна флора да не биде уништена за кратко време, а со тоа ќе спречите и развивање на други несакани инфекции.
  • Никако не земајте антибиотик  на своја рака, никако не употребувајте антибиотик кој бил препишан на друго лице без разлика колку и симптомите да ви изгледаат идентични.
  • Никако не прекинувајте ја сами терапијата со антибиотик, без разлика што симптомите се повлекле.
  • Никако не продолжувајте ја сами терапијата со антибиотик. Ако симптомите не се повлекле веднаш, јавете се кај матичниот лекар, можеби антибиотикот не бил соодветен.
  • Не мешајте антибиотик со алкохол.

Со се ова што денес ви го објaснивме сакавме да ви дадеме на знаење дека антибиотикот не е безопасен и дека можете да го пиете слободно. Но, и ова не значи дека вие треба да се откажете од овој лек доколку ви е препишан. Доколку вашиот матичен смета дека ви е потребен антибиотик, тогаш никако немојте да ја игнорирате или одбивате терапијата. Сепак антибиотикот е револуционерно откритие, ефикасен лек против скоро сите патогени бактерии. 

 

1

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет