Аспарагус - тајно оружје за подобро здравје
Зошто овoj зеленчук е толку корисен и зошто е убаво понекогаш да ги вклучувате во своето мени? За сите придобивки од консумацијата на аспарагус, научете сега
Постојат три видови на аспарагус: американски и британски кои се зелени, француски во пурпурна боја и шпански и холандски аспарагус, кои се со бела боја. Најраспространетиот аспарагус е зелен, белите се потешки за одгледување, а пурпурните се помали и со овошен вкус.
Се смета дека за прв пат овој зеленчук бил култвиран пред околу 2500 години во Грција. Неговото име потекнува од грчкиот јазик и значи "труп". Во почетокот аспарагусот бил користен во природната медицина, познат по своите корисни активности.
Интересен факт е дека римскиот император Октавијан Август дури создал "Флота на аспарагус" кога зеленчукот требало да биде однесен на Алпите и на тој начин да се замрзне за зимата.
Французите почнале да одгледуваат аспарагус во 1400 година, а Англичаните и Германците - околу еден век подоцна. Вкусниот и хранлив зеленчук стана познат во САД околу 1850 година.
Денес најголемиот производител на аспарагус е Кина.
Зошто аспарагусот е толку специјален?
Во него се содржат многу корисни хранливи материи како фолна киселина, калиум, растителни влакна, витамин Б6, витамин А, витамин Ц и витамин Б1. Заради тоа аспарагус е еден од најздравите зеленчуци кои човек може да користи.
Покрај тоа, тој е познат по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства, поради кои и бил користен во медицината уште пред векови. Освен во борбата со слободните радикали, аспарагус помага и при проблеми со срцето, варењето и ги зајакнува коските.
Важно е да се спомене, исто така, дека во аспарагус не се содржат речиси никакви масти, а количеството на калории е исклучително мало (само 20 калории во пет стебла). Јаглехидратите се исто така ограничени, а натриумот - воопшто го нема.
Количина на корисни хранливи материи (во препорачани дневни вредности):
20 калории во една чаша
2 грама протеин
60% фолна киселина
38% витамин К
20% витамин Ц
15% витамин Б1 (тиамин)
10% витамин Б6
8% витамин А
6% витамин Б2 (рибофлавин)
5% витамин B3 (ниацин)
2% калциум
4% магнезиум
4% бакар
Здравствени придобивки од консумацијата на аспарагус:
Добар извор на растителни влакна и протеини, кои се од суштинско значење за доброто варење и за имунитетот;
Содржат редица противвоспалителни соединенија кои штитат од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања;
Извор на антиоксиданси, вклучувајќи еден наречен глутатион, кој е познат како бранител на кожата. Тој штити од инфаркт, од нечистотии, како и од стареење.
Витамин К во аспарагус делува добро врз згрутчување на крвта и зајакнување на коските;
Содржи единствен јаглехидрат инулин, кој помага за подобро апсорбирање на хранливите материи, како и го намалува ризикот од рак на дебелото црево;
Богат извор на витамини од групата Б, кои се познати по својство да го регулираат нивото на шеќерот во крвта;
Истражувањата покажуваат дека белиот аспарагус е покорисен од зелениот. Најголемата "вредност" се крие во нивните стебла, кои содржат витамин А за добар вид, калиум за беспрекорно функционирање на бубрезите и микроелементи кои помагаат за зголемување на имунитетот.
Како се подготвува аспарагусот?
Постојат многу начини со чија помош може да готви аспарагус: во тава со вода, лимон и маслиново масло, скара на средна температура, во рерна и дури во микробранова, кога немате доволно време (иако тоа треба да биде крајна варијанта ).
Може да го консумирате аспарагусот како мезе, како гарнир, во форма на крем супа, во салата или пак како состојка за вкусно рижото.