cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Аспирација на јајце клетки

После 34-36 часа од примањето на инекцијата со hCG, се прави аспирација или вадење на јајце клетките од фоликулите.

Аспирација на јајце клетки

За аспирација на јајце клетките се користи истиот трансвагинален ултразвучен уред, со кој се следи и развојот на фоликулите, но се додава долга игла со мал дијаметар. Оваа игла се поставува на тркалото на ултразвучната сонда. Иглата е поврзана со вшмукувачка пумпа и течноста од секој достапен фоликул во јајниците се аспирира.

Ембриолог ја испитува течноста под микроскоп. Од неа се идентификуваат и изолираат клетките. Сите фоликули не содржат јајце клетка. Аспирираните јајце клетки се одгледуваат во инкубатор 4-20 часа, во зависност од зрелоста. Обично пункцијата и аспирацијата се вршат под локална анестезија на вагината и грлото на матката и лесна интравенозна анестезија. Процедурата трае 15-40 минути по што пациентката мирува 30-60 минути пред да биде испишана.

Какво е чувството по аспирацијата на јајце клетки

Болка: Пациентката може да чувствува болка. Вообичаено е жените да имаат болки во стомакот. Може да Ви помогне шише топла вода, или лек против болки. Ако болката е силна, посоветувајте се со гинекологот.

Крвавење: Крвавењето треба да биде минимално и со темно кафеава боја. Ако крвавењето е обилно и крваво-црвено консултирајте се со гинекологот.

Гадење и повраќање: Пациентките може да почувствуваат гадење и повраќање во првите 24 часа. Ова обично е спореден ефект од анестезијата или лековите против болки. Ако ваквото чувство продолжи, консултирајте се со гинекологот.

Што може да правите: Одмарајте во следните 24 часа. Покрај тоа, имајте до Вас возрасен човек кој ќе Ве набљудува и ќе Ви помага.

 

Рингераја Ви посакува успешна постапка на оплодување!

 

Поединечни податоци се преземени од Advanced Fertility Center of Chicago 

 

Забелешка:

Сите материјали, публикации, коментари, теми и категории, како и целата содржина на Рингераја.мк, се од информативен карактер и истите НЕ можат да заменат консултација со лекар за дијагностика и лечење. За се што е поврзано со Вашето здравје, консултирајте се со својот матичен лекар.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет