Бебе со тежина од 800 гр. го победи коронавирусот
Бебе родено во иранскиот град Јазд, тешко 800 грама, го победило коронавирусот, соопштиле иранските медиуми.

Заменикот ректор на Универзитетот за медицински науки Јазд Шехид Махмуд Нури рекол дека мајката на бебето била позитивна на коронавирусот.
– Станува збор за бебе кое е родено пред 40 дена од мајка која била позитивна на коронавирусот. Кај бебето исто така е потврдена заразата, рекол Нури додавајќи:
– Денеска Емир Ерсалан тежок 1.200 грама го победи коронавирусот и тоа е еден голем успех.
Инаку и мајката е успешно излечена и нејзината состојба е стабилна.
Во Иран во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа уште 60 лица, со што вкупниот број на починати порасна на 5.710.