cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Билингвализам - најубавиот подарок за децата

clock-img

25.11.2013

Билингвализам или двојазичност значи познавање и говорење на два мајчини јазици

 

 

Да се зборува уште еден јазик, како мајчин јазик значи да се има флуентна и слободна комуникација , природен акцент, да се размислува на тој јазик и да се познава значењето на самиот јазик. Најчесто билингвализмот се развива уште од најмала возраст. Колку порано се започне со изучување на втор јазик толку е подобро и полесно, бидејќи научно е докажано дека децата имаат способност да го апсорбираат јазикот доколку се најдат во друга јазична среднина, особено ако се позитивно стимулирани.

Зборување два јазици, наместо  еден, има  практична корист во се повеќе глобализираниот свет. Тоа значи развивање на широкогледи (Open Mind) деца, способни да прифатат различни култури и начини на размислување. Билингвалните деца имаат поголем пристап до луѓе и ресурси со што имаат поголеми шанси за вработување, напредок и успех.

Меѓутоа, доста интересни се податоците, кои во последно време излегуваат со научните истражувања дека БИЛИНГВАЛИЗМОТ има огромно влиејание врз целосниот мозочен и емотивен развој.

1.Билингвалните деца имаат поголема и побрза мозочна активност, бидејки со развивањето на два јазични системи се стимулира и поголем развој на мозочни синапси во деловите на мозокот кои се одговорни за меморија, фокус, внимание и мултитаскинг.

2.Билингвалните индивидуи се ПОКРЕАТИВНИ и по способни за планирање и решавање на покомплексни и логични проблеми.

3. Билингвалната едукација на децата им овозможува да стекнат поголема ЕМОЦИОНАЛНА СТАБИЛНОСТ.

4. Ја зголемува САМОДОВЕРБАТА и САМОПОЧИТТА во социјалната интеракција и овозможува побрза адаптација во нови ситуации и средини.

5.Билингвалните деца развиваат посуштинско разбирање на структурата на јазикот, што е многу важна алатка за писменоста. Способни се да учат нови зборови многу полесно и изучувањето на трет или повеќе јазици е многу поедноставно.

 

 

helen

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет