Бледа линија на тестот за бременост

Користењето на домашен тест за бременост е многу едноставно. Две линии значат дека сте бремена, една дека не сте. Но што ако се појават танки, слабо видливи линии? Си играат ли Вашите очи со Вас, или навистина сте бремена?!

Бледа линија на тестот за бременост

Во многу случаи иако ги гледите упатствата, можат да се појават бледи линии на тестот за бременост. Тоа секако значи дека во урината има hCG, но доколку имате било какви сомнежи и несигурност, повторете го тестот по втор пат за да добиете точни резултати.

 

Причини за појавување на бледи линии

 

Разредена мокрача

Се препорачува за испитување да се земе првата утринска мокрача. Денес има многу различни видови тестови кои можат да се користат во било кој период од денот, но најдобро е испитувањето да го направите со првата утринска мокрача, бидејќи содржи најголема концентрација на hCG.

 

Рано тестирање

Домашните тестови укажуваат на постоење на hCG во урината  и неговата количина се зголемува двојно  на секои 2-3 дена, така што рано тестирање може да даде лажни или неточни резултати, заради ниското ниво на hCG. Заради тоа најдобро е теститањето да се направи  14 дена по овулација или набрзо по доцнењето на менструацијата.

 

Рок на траење на тестот

Кога купувате тест проверете го неговиот рок на траење, инаку можете да добиете погрешни резултати. Многу е важно и каде го чувате тестот, бидејќи и тоа многу придонесува во неговата точност.

 

Сте го пресметале датумот на идната менструација

Уште еден вообичаен проблем е исчекувањето на менструацијата. Доколку ја очекувате предвреме и направите тест, може да биде лажно негативен.

 

Резултати по препорачаниот рок на траење на тестот

Втората линија на тестот за бременост може да се појави и по рокот до кога е препорачливо да се искористи тестот. Доколку е поминат рокот, може да се појави бледа линија, па заради тоа проверете уште еднаш.

 

Линија по испарувањето

Оваа линија се појавува по испарувањето на урината. Таа нема одредена боја и се појавува како сенка.

 

Чувствителност на тестот за бременост

Постојат неколку видови на тестови за трудници и некои се почувствителни, а некои не. Постојат тестови кои потврдуваат бременост и со 20mlU hCG во урината, додека на останатите им требаат дури 100mlU. Во резултатите на различните тестови се разликува и бојата на линијата.

 

Лекови

Некои лекови вклучувајќи Thorazine и лекови за лечење на стерилитет кои содржат hCG можат да дадат позитивен тест за бременост.

Во случај да Ви се појават две бледи линии на тестот на бременост, веројатно сте бремена. Во секој случај посетете го Вашиот лекар. Тој ќе Ви каже дали линијата е лажна, или...вистинска.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет