cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Бремена сте? Десет работи кои мора да ги купите!

Стомачето веќе видливо ви расте и дошло време за шетање по продавниците со гардероба за трудници? Десет работи кои мора да ги купите!

Бремена сте? Десет работи кои мора да ги купите!

Стомачето веќе видливо ви расте и дошло време за шетање по продавниците со гардероба за трудници?

До пристигнувањето на детето останале само неколку месеци, па затоа нема преголема потреба за инвестирање во трудничка гардероба, но она што морате или сакате да го купите, купувајте го разумно. Парчињата на гардероба кои ќе ги носите само неколку месеци пред породувањето и можеби месец дена по тоа, мораат меѓусебно да се дополнуваат и да ви овозможуваат комбинирање.

Без разлика на годишното време или модните трендови, нема да можете без долу наведеното:

1. Црни труднички панталони, кои можете да ги носите на работа, за шетање низ град или на вечера. Комбинирајте ги со обични памучни маици, елегантни кошули или романтични туники.
2. Незаменливи (еластични) фармерки, сукња или панталони, за оние кои „мораат“ да ја следат модата. Со правата комбинација во тоа ќе се чувствувате удобно, модерно и заводнички, наспроти облините и веќе преголемиот стомак.
3. Бела памучна маица со кратки и/или долги ракави – класика. Може да ја комбинирате со црни панталони или фармерчиња, па дури и со упадливи модни додатоци. Не може да погрешите!
4. Меки кожни мокасинки, кои за пред крајот на бременоста ќе бидат прав мелем за вашите потечени нозе.
5. Мало (или пред крај на бременоста не веќе толку мало) црно фустанче, кое со малку фантазија и модни додатоци може да го претворите во вистинска вечерна креација.
6. Нов, удобен градник за кој вашите набрекнати и полни дојки ќе ви бидат многу благодарни.
7. Широка, проѕирна, пастелна туника со џинс е сеуште секси, покажете дека сте задоволна трудница.
8. Накит и модни додатоци од сите облици, бои и материјали. Не заборавајте да го носите и после породувањето.
9. Памучно џемперче на преклоп кое расте заедно со вашиот стомак.
10. Сјај на насмеаните усни, а за сјај на вашето лице ќе се погрижат хормоните кои во огромни количини течат во вашите вени.

 

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет