Четко и другарите составија роденденска сложувалка
Изминатава недела (28.06) во паркот кај езерата во Аеродром, главниот јунак на кампањата „Патот до здрави заби“, Четко Четковски, заедно со своите другарчиња ја состави роденденската сложувалка.
Преку составувањето на оваа сложувалка Четко го прослави осмиот роденден. Голем број дечиња учествуваа на настанот и се покажаа одлично во играта, покажувајќи вештина и брзина при составувањето на сложувалката со ликот на Четко, а атмосферата можете да ја погледнете во видеото.
Преку оваа игра, Четко освен што го прослави роденденот ги научи дечињата за тоа колку е важно редовно да се мијат запчињата, затоа што не смее да недостига делче од сложувалката кога ќе се насмевнат :)
Кампањата „Патот до здрави заби“ е поддржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.