ЧЕТКО ПРАШУВА, ДРУЖИНАТА ОДГОВАРА
Четко Четковски го продолжува едукативниот пат со дечињата. На преубавиот кањон Матка, во сабота 16.05.2015, од 12 до 14 часот, Четко ќе се дружи со децата во рамки на кампањата на Лакалут „Патот до здрави заби“
Овој пат Четко прашува, дружината одговара. Дојде време јунаците да покажат што научиле за своите запчиња и да играат Квиз.
Освен дружењето, децата ќе се едуцираат за миењето заби со одговарање на 50 поставени прашања, како што се „колку минути треба да се мијат запчиња за да бидат здрави“, „колку пати на ден треба да миеме запчиња“, „кои се правилните движења на четката“, „кога да посетиме стоматолог“. Со овие и многу други прашања и нивните одговори, Четко ќе ги научи дечињата како всушност да ја формираат убавината и здравјето на нивната насмевка.
Нашите најмали и најмили конечно го добија својот омилен лик со кој редовно се забавуваат и секој викенд ја повторуваат старата лекција за здравјето на запчињата, а ја учат новата.
Со преглед на ова видео ќе можете да ја доживеете заедничката приказна на Четко и нашите дечиња.
Учество во игрите се обезбедува со боенка, која секое дете може да ја добие со купен Лакалут детски производ. Секое дете на возраст до 13 години има право да учествува во оваа и во сите останати игри кои ќе се случуваат во следните два месеци. На дечињата до 6 годишна возраст ќе им биде дозволена помош од нивните родители, додека останатите ќе треба да играат самостојно.
Кампањата „Патот до здрави заби“ се реализира под мотото „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.
------
Кампањата „Патот до здрави заби“ е подржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.