Четко ве кани на нова дружба во Capitol Mall
На 6 април од 12 часот Четко ве кани на нова дружба во Capitol Mall, како дел од кампањата „Патот до здрави заби“ која годинава го прославува својот петти јубилеј
Главниот јунак на „Патот до здрави заби“ Четко Четковски, ве повикува на нова дружба. Овој пат дружбата ќе се одржи на 6 април во Capitol Mall од 12 до 14:00 часот. Настанот ќе биде исполнет со игри, едукативни лекции за правилна орална хигиена и мноооогу подароци.
Колку темелно треба да ги четкате запчињата за да ги отстраните бактериите? Кои лекции треба да ги знаете за да имате блескава и сјајна насмевка како на Четко? Одговорот на овие прашања ќе го дознаете преку игрите што Четко и брендот за орална хигиена Лакалут ги подготвија за посетителите на настанотшто ќе се одржи во Capitol Mall на 6 април. „Плочка“, „Плак тест“ и „Фигури“ се игрите преку кои Четко ќе го пренесе своето знаење на присутните, а сите оние што ќе учествуваат ќе добијат подароци!
На настанот ќе биде присутен и стоматолог кој ќе дели бесплатни совети за правилна нега и хигиена на забите кај децата.
Дојдете да учиме, забавуваме и да се наградуваме!
Кампањата „Патот до здрави заби“ која годинава го прославува својот петти јубилеј е поддржана од страна на Натусана, главниот застапник на широка палета врвни производи со германски квалитет, меѓу кои е и детската линија Лакалут. Во оваа линија се наоѓаат производи за орална хигиена за деца на возраст 0-4, 4-8 и 8+ возраст. Преку кампањата, Натусана континуирано работи на едукација на родителите и децата за сите важни аспекти поврзани со оралната хигиена кај децата.