Чудесен сок кој ја затегнува кожата
Чувар куќа поволно делува на кожата на лицето. Овој сок ги решава и евентуалните оштетувања на кожата во вид на акни или ранички
Најчесто чувар куќа се препорачува како алтернативен лек во случај на воспаление и болка во увото, но дали знаевте дека нејзиниот сок поволно делува и на кожата на лицето? Ако ја имате во саксија, земете една група на листови со средна големина, ситно исецкајте ја, а потоа со рака од добиената содржина исцедете сок, па со памук нанесете го на лицето и оставете да делува 1 час.
Дури и по првата примена се забележуваат резултати. Лицето станува позатегнато и повеќе не е суво. Исто така овој сок ги решава проблемите и со евентуалните оштетувања на кожата, во вид на акни или ранички. Може да се користи секојдневно, но после третман лицето задолжително измијте го со млака вода и нанесете хидратантен крем.