Да донираме за херојот Лука!
Потребни сме му на малиот борец Лука за поскоро да продолжи да се радува на животот
Сигурно се сеќавате на малиот Лука кој имаше само 16 месеци а животот прерано го направи борец кој го чекаше тешка борба.
Лука е роден предвреме со само 720гр, подоцна му е дијагностицирана микроцефалија и глувост, после сето ова имаше комплексна дијагноза – тумор на црниот дроб. Дојде до влошување на состојбата поради зголемување на туморот. Опцијата за неговото лекување беше да се направи оперативен зафат, за кој никој не се нафати во Македонија бидејќи требаше во исто време како што ќе се извади зафатениот дел од црниот дроб со туморот, да се трансплантира нов.
-Лука во Италија примаше терапија за намалување на огромниот тумор кој зафаќаше шест седмини од целокупниот орган. Успеаја да го намалат туморот, и потоа да го оперираат и направат трансплантација, раскажува Надица.
Благодарение на професионалниот тим на докторите во Италија, Лука ја издржа операцијата, после денови и денови на апарати успеа да се избори и да се насмее. По долг престој во болницата го виде сонцето и се радуваше на животот.
За жал, сега семејството Ристови е во тешка финансиска состојба, лекувањата во Италија продолжуваат, а животот таму не е евтин, затоа сега сме им потребни ние, да ја покажеме нашата хуманост на дело и да донираме.
- Престојот во Италија ни е обезбеден и сместени сме во куќа каде се сместуваат семејства со слични дијагнози. За целиот овој престој тука храната и трошоците ги плаќаме ние. Во Италија сме со месеци и повеќе немаме средства и не знаеме веќе како понатака, за што ни е потребна и вашата помош. Животот тука не е евтин но ние мора да бидеме тука уште долго поради постојаните контроли и лекувањето кое се уште траат. Потребна ни е вашата поддршка за да може да го завршиме лекувањето тука и на крај да се вратиме живи здрави и нашиот син Лука да продолжи да се радува на животот како и сите деца, порачува Надица и надежно апелира дека они кои се во можност да донираат.
Донацијата можете да ја направите преку Фејсбук страницата за донирање на следниов линк Help for this little fighter Luka.