cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Да го заштитиме доењето! Тоа е заедничка одговорност!

clock-img

3.8.2021

Среќна Светска недела на доење! Од 1 - 7 август се прославува Светската недела на доењето. Сите ќе се согласиме дека доењето е афирмација на врската помеѓу мајката и нејзиното новороденче, истовремено поврзана со многу емоции, жртва и љубов

Да го заштитиме доењето! Тоа е заедничка одговорност!

Мајчиното млеко е идеална храна за оптимален раст и развој на децата, а во исто време доењето има и позитивно влијание на здравјето на мајката, физичко и емотивно.

Според глобалната јавна здравствена препорака новороденчињата е потребно ексклузиво да се дојат во првите 6 месеци, со цел да се постигне нивниот оптимален раст, развој и здравје.

Ексклузивното доење од раѓањето е возможно за секој пар мајка-дете, се разбира со исклучок на одредени медицински состојби. Но и покрај тоа што доењето е природен акт, станува збор за нова вештина која е потребно да се научи. Мајката треба да научи да дои, а новороденчето треба да научи да цица, што во пракса не е лесен процес!

Сите мајки може да дојат, но потребно е нивната подготовка да започне уште во периодот на бременоста со давањето на релевантни и достапни информации (едукација). Процесот продолжува во породилиштето, каде со соодветна стручна помош се започнува правилното доење и адаптација. Секако битна е и поддршката од семејството, заедницата и целиот  здравствен систем кој што се грижи за парот мајка-дете.

Со тоа мајките доилки би имале пристап до обучени медицински работници кои ќе им помогнат со  техниките на доење, превенција и решавање на проблемите поврзани со доењето, а истовремено ќе им ја зголемат и нивната самодоверба, што е многу важно.

Доењето е најдобриот избор за храна на вашето дете. Иако 90 проценти од бремените жени во нашата земја имаат намера да дојат, само околу 30 проценти продолжуваат онолку колку што имале намера. Некои од главните причини што мајката престанува рано да дои се должи на проблемите кои се јавуваат во првите 4 до 6 недели  (несоодветна положба и контакт, болка и рагади, застој на млеко, загриженост за количината на млеко и др.). Не е секогаш лесно, но ние сме тука за вас секогаш кога ви е потребна стручна поддршка. Преку нашите едукации ве подготвуваме, ве водиме, и ви помагаме!

Ви посакуваме среќна Светска недела на доењето на сите сегашни и идни мајки доилки!

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет