Дали да присуствувате на раѓањето на Вашето дете?
Присуствувањето на таткото за време на раѓањето на своето дете, е нормална работа, а тоа го прават и голем процент од младите брачни двојки ширум целиот свет. Кај нас сеуште не е толку актуелно, но заинтересираноста расте
Ако ги прашаме лекарите за проблематиката дали таткото треба или не треба да присуствува на чинот на раѓањето, ќе видиме дека нивните ставови се поделени. Исто така и истражувањата правени на оваа тема носат различни резултати.
Едни сметат дека присуството на мажот во салата е од особена важност за мајката, и дека помага во пребродувањето на тешките моменти така што и даваат психичка подршка. Други пак сметаат дека идејата, мажот да биде во операционата сала за време на раѓањето не е добра, бидејќи како што велат тие, жената нема да може да се сконцентрира на самиот чин на раѓање, а со тоа и ќе го отежнува процесот.
Сепак на вас е да одлучите дали би влегле во сала за време на раѓањето или би останале да ја чекате убавата вест надвор од сето тоа. Оваа опција гинеколозите ја дозволуваат и го нудат како сосема бесплатна опција за љубопитните татковци. Но и кај нас од неодамна можете да го сторите тоа доколку имате силна желба да и дадете поддршка на вашата сакана за време на тешките моменти, како и да го видите вашето дете при самиот чин на раѓање.
Сите татковци кои досега присуствувале на раѓање не останале рамнодушни и моментот го опишуваат како дел од нивниот живот кој никогаш нема да го заборават. Па така и вие, доколку очекувате принова во семејството, соберете храброст и дајте и поддршка на вашата сакана во моментите кога и е најтешко, и бидете присутни на незаборавно искуство кое секогаш ќе го паметите и раскажувате.