Дали е опасен Парацетамолот за време на бременост?
За време на бременоста повеќето лекови не се безбедни за земање. Дури и некои од најчесто користените лекови кои се издаваат без рецепт, имаат ризици по здравјето на бебето
Парацетамолот е активна состојка, која е присутна во многу лекови за смирување на болката, симнување на температурата и за борба против вирусните заболувања.
Безбеден ли е Парацетамолот за време на бременоста?
Со неколку збора - да, Парацетамолот е релативно безбеден. Се разбира, не треба да се зема подолго време и во преголеми дози. Сепак, не е препорачливо да се употребува во првиот триместар. Во вториот и третиот квартал неговата употреба е слободна.
Која доза на парацетамол е безбедна за време на бременоста?
Дозата за возрасни обично е 500 мг на и таблетите се земаат до 4 пати за 24 часа. Важно е да не се прифаќаат таблети кои содржат кофеин и кодеин, освен парацетамол.
За што може да се користи чист парацетамол?
За да се олесни лесна или умерена болка, како и да ја намали високата температура. Треба да се зема најниската ефективна доза и тоа за кратко време. Тогаш не би требало да има проблем со бременоста.
Дали е безбедно да се зема парацетамол, додека се обидувате да зачнете?
Парацетамолот може да се зема и во овој период, но повторно со мерка. Секоја злоупотреба на лекови има опасни последици. Ако во овој момент активно се обидувате да забремените, сепак треба да се воздржите од прекумерни количини парацетамол.
Дали е безбедно да земате парацетамол додека доите?
Да, безбедно е. Парацетамолот ќе се појави во мајчиното млеко, но во мали количини и е малку веројатно да наштети на бебето. Користете ги најниските дози и тоа само во случаи кога навистина е потребно.