Дали е поубаво да си мајка на девојче?
Јас сум мајка на две мали девојчиња. Освен ако универзумот нема некое изненадување за нас, така и ќе остане. Јас секогаш ќе бидам мајка на девојчиња. Знам неколку мајки на момчиња, кои се единствени жени дома и планират тоа да остане така...
Мајките на момчиња сакаат да ми кажат колку сум среќна. Колку ми е лесно во животот бидејќи имам девојчиња кои се преслатки и преубави. Згора на тоа, во еден здив, овие мајки на момчиња ја искажуваат својата симпатија кон фазата “принцеза”, која треба да ја преживувам во следните 10 години. Постојат моменти и кога овие мајки претеруваат.
Па затоа, драги мајки на момчиња, дозволете да ви расчистам некои митови:
Мит: Моите момчиња се толку груби и насилни, што сосема папсав одејќи околу нив. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња
Реалност: Мојата помала ќерка е тркач, алпинист и истражувач. Таа може да отиде и таму каде што не стапнала човечка нога. Исчезнува секогаш кога ќе има можност. Може да влезе во секоја затворена врата/порта. Паѓа, се исправа и продолжува без моја помош. Таа е синоним за нон-стоп. На мене делува исцрпувачки. Мислам дека и недостасува еден Y хромозом за малку да намали со активноста.
Мојата постара ќерка? Нејзиното второ име е афективна агресивност. Може да расплаче момче само ако го прегрне.
Мит: Ухх! Моите момчиња се одвратно валкани. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: Моето дете еднаш нацрта слика на ѕидот со сопствените каки. Си правеше забава пиејќи вода од чешма и плукајќи ја во чаша. Потоа ја пиеше водата. Мојата слатка малечка ја става раката во памперсот кога е какана. Слатко нели?
Мит: Облеката за девојчиња е најубава. Се е толку слатко! И кога малите девојчиња се облекуваат сами, дури и во различни бои, тие изгледаат прекрасно. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: За моите девојчиња цела година е сезона на носење на кратки ракави, посебно во декември. Би сакала да облечат еден убав џемпер како момче! Вие сте среќна што вашето дете не сака да облече кратки панталони и тесни фармерки. Тоа е наша обврска.
Мит: Возови насекаде. Камионите со масивни тркала не одат сами на своето место. Јас треба да ги собирам. Вие сте толку среќна што имате мали девојчиња.
Реалност: Да, но ние имаме принцези и облека за нив. И шминки во сите бои кои најчесто се најдуват на нивните лица, на ѕидовите, регалите, теписите и подот. И да, ние исто така сакаме камиони.
Мит: Ооооо...нема да ти завидувам кога девојките ќе станат тинејџерки! Јас сум толку среќна што имам момчиња!
Реалност: Сум слушала приказни од тинејџерските години на мојот маж. Јас можеби ќе треба да се занимавам со малку солзи и драма, но шансите моето дете да биде придружувано од полицаец до дома се многу мали.
Кога вашето дете ве нервира, многу е лесно да се мисли дека тревата е позелена, поголема и поубаво мириса во туѓиот двор. Тоа што моите девојчиња носат панделки, не значи дека нашата када не е валкана. Сите ние ги имаме истите предизвици како родители. Ајде да се согласиме дека секое дете е полно со изненадувања и да ги зачуваме своите нерви за времето кога овие момчиња/девојчиња ќе бидат тинејџери.
Јас тогаш ќе се скријам под креветот.