cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали е загрижувачки што моето дете сеуште не зборува?

Се разбира, а НЕ САКА да зборува !Ова е една од најчестите заблуди поради која родителите ја одложуваат посетата на Логопед, и имаат надеж дека детето несака да зборува па кога ќе посака ќе почне самото и нема да биде проблем

Дали е загрижувачки што моето дете сеуште не зборува?

Ги имаат следните оправдувања:сеуште е мал, мрзелив е, многу е разгален...

ВАЖНО Е РОДИТЕЛИТЕ ДА ЗНААТ:”НЕ ПОСТОИ ДЕТЕ КОЕ МОЖЕ ДА ЗБОРУВА А НЕ САКА”!!!
Така да, доколку ова го препознаете кај вашето дете или кај некој близок, обавезно јавете се кај логопед за да се стимулира говор кај детето што побрзо, секако доколку постојат за тоа услови! 
КОЈА Е НАЈВАЖНАТА ВОЗРАСТ ЗА ПРОЦЕНКА НА РАЗВОЈОТ НА ГОВОРОТ?
Посебно важна е возраста помеѓу втората и третата година. Децата кои касно прозборуваат не значи дека се болни, но тоа не значи дека и состојбата треба да се игнорира. Исто многу важно е да не почнете да го присилувате детето да зборува, тоа може да има спротивен ефект. Доколку говорот не почне да се развива ни после втората година, дефинитивно би требало да превземате нешто.
Развојот на говорот мора да се следи.
Половина од децата кои покасно ќе проговорат ќе успеат да го надокнадат ова заостанување до третиот роденден. Тие продолжуваат нормално да се развиваат и до поаѓањето во училиште нивниот фонд на зборови ќе биде скоро еднаков на фондот на децата што проговориле пред нив.
Другата половина на децата ни до третиот роденден не успеваат да го надокнадат заостанатото. Кај нив обично се утврдува дијагнозата на недоволен развој во говорот и ова пореметување треба да се лечи. На овие деца не само што им е потребно повеќе време да го совладаат говорот, им паѓа тешко и користењето на граматичките правила. Причината за овој проблем може да биде од генетска природа, но некогаш се во прашање и проблемите со слухот, невролошките заболувања или дури и аутизам. Затоа пред донесување на конечната дијагноза обавезно мора да се направи тест за слухот.
Твој Логопед, Билјана




Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет