cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали градниците предизвикуваат рак на дојка?

Гласините дека носењето на градник може да предизвика рак на дојка се околу нас веќе некое време. Но, дали се вистинити?

Дали градниците предизвикуваат рак на дојка?

 

 

Скоро секоја припадничка на понежниот пол носи градник, барем во Европско-Американската културна сфера. Поради тоа, и гласините кои што се појавија дека овој дел од женската облека може да предизвика рак на дојка се загрижувачки. Да видиме дали тоа е навистина точно.

 

Кратка историја на ракот на дојката и градникот

 

Ракот на дојка е релативно стара болест која што е позната уште од античките времиња, многу векови пред да се измислат модерните уреди како што е рентгенот. Од друга страна, градникот е модерен пронајдок, стар малку повеќе од 100 години. Официјално, држачот за гради или градникот е патентиран во 1893-та година, додека модерниот градник кој што сите го знаеме е креиран во 1913-та година. Вреди да се спомне дека градникот е еден од најчесто носените парчиња гардероба.

 

 

Дали сте запознати со гласините дека носењето градник може да предизвика рак на дојка?

 

Гласините дека градникот може да предизвика рак на дојка одат отприлика вака: Носењето на градник 12 или повеќе часови го запира лимфниот систем на градите и со тоа се дозволува лачење и натрупување на штетни субстанци во градите, што на крајот доведува до појава на рак на градите.

 

Дозволете да објасниме дека “чистењето“ на градите на тој начин нема никаков реален ефект на развојот на рак на гради, поради тоа што ракот во реалноста е предизвикан од канцерозни клетки. Сепак, точно е дека градниците кои што се премали или изработени од вештачки материјали ја иритираат кожата и можат да предизвикаат гребаници и воспаленија.

 

Големите гради можат да предизвикаат болки во грбот или вратот, па поради тоа е неопходно да се носи квалитетен градник кој што обезбедува доволна поддршка на градите. Градниците се исто така задолжителни во спортот бидејќи спречуваат неконтролирано движење на градите.

 

 

Според научниците, градниците не предизвикуваат рак на дојка

 

Американското здружение за рак тврди дека градниците не допринесуваат кон развојот на рак на дојка. Но, статистиките покажуваат дека ракот на дојка е застапен во помал процент кај оние жени кои што не носат градник. Тоа не е условено само со носењето или неносењето на градникот, туку и со физичката структура на жените кои што не носат градник. Тие жени обично се слаби и имаат мали гради.

 

Од друга страна пак, жените кои што имаат релативно големи или нормални гради како и оние што имаат зголемена телесна тежина мораат да носат градник за дополнителна поддршка. И поголемата количина на градно ткиво и зголемената телесна тежина се можни фактори за почесто развивање на рак на дојка.

 

 

Сеуште можете да му кажете НЕ на градникот

 

Националниот институт за рак во САД се согласува дека носењето градник не е директно поврзано со развој на рак на дојка. Докажани ризик фактори се гените, консумацијата на алкохол и пушењето, како и нездравиот животен стил и зголемената телесна тежина. Сите овие работи придонесуваат за повисоко ниво на естроген кој што ги зголемува шансите за развивање на рак на дојка. Ако не носењето на градник може да Ве направи да се чувствувате подобро, тогаш сеуште можете да му кажете збогум.

 

 

zazdravje

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет