cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дали изложувањето на сонце е здраво?

На сите им е веќе добро познато дека ултравиолетовите зраци од сонцето се многу штетни за здравјето и за предвременото стареење

Дали изложувањето на сонце е здраво?

Кремата за заштита од сонце е задолжителна, но секако и помало изложување на сонце во опасните периоди.

Сепак, покрај овие својства, сонцето има и многу позитивни ефекти врз телото и здравјето на човекот, па добро е да ги знаете и тие страни.

Нормално, треба да избегнувате изложување кога сонцето е најјако и зраците се најштетни, но тоа не значи дека не треба целосно да ги избегнувате сончевите зраци.

Сонцето го подобрува сонот

Влијанието на сончевата светлина во текот на денот и темницата во текот на ноќта, ни помага да одржуваме здрав биолошки ритам, благодарение на кој се будиме секојдневно се будиме со зраците од сонцето и си легнуваме изморени на крајот од денот.

Затоа веднаш по будењето, отворете ги завесите и дозволете да влезе природна наместо вештачка светлина.

Луѓето со нерегуларен распоред на работа и работат во смени, може да го пропуштат денот со светлина, а тоа потоа предизвикува проблеми со сонот.

Недостатокот на сон е причина за алергии

Според истражувања, децата кои живеат во предели со недостаток на сончева светлина се посклони кон алергии на јајца и кикирики, од оние кои се изложени повеќе на природна светлина.

Други истражувања откриле дека има поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Д и различните типови на енергии, како и астмата.

Сонцето влијае на здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека недостатокот на витамин Д е поврзан со кардиоваскуларни болести.

Исто така, сончевата светлина има силен ефект врз артериите и го намалува крвниот притисок.

Сепак, времето кое се поминува на сонце треба да е строго ограничено, а за луѓето со светол тен, сосема е доволно да ги изложат рацете и нозете на сонце 5-10 минути во денот за потребната доза на витамин Д.

Здравје на очите

Очилата за сонце ги штитат вашите очи од штетните ултравиолетови зраци, а директната изложеност на сонце може да ја уништи ретината.  Затоа носете очила со заштита дури и кога надвор е облачно.

Но, исто така е докажано дека децата кои поминуваат повеќе време на отворено, имаат помала шанса за проблеми со кратковидност, па ако примаат доволно витамин Д од природната сончева светлина, нема ни да имаат потреба да носат очила

Витаминот Д го намалува ризикот од мултиплекс склероза

Примањето на задоволителна доза витамин Д, без разлика дали е од изложеност на сонце или преку витамини, може да го намали ризикот од развивање на мултиплекс склероза.

Сонцето има позитивен ефект врз коските и мускулите

Витаминот Д му помага на телото да апсорбира калциум што е многу важно за здрави коски, како и за здравјето на мускулите.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет