Децата да одат во градинка, иако сте цел ден дома?
Во прилог се неколку совети на данските родители, кои можат да бидат пример за сите кои сакаат да внесат малку повеќе среќа и задоволство во својот дом
Кристен Подулка е американка која две години живеела во Данска со своето семејство. За тоа време уочила некои особини на данските родители кои можат да послужат како пример на сите родители кои сакаат да внесат малку повеќе среќа и задоволство во својот дом, бидејќи данците, според некои истражувања, важат за најсреќни луѓе на светот.
Ова се нејзините совети:
- Родителите мора да дишат за да би дишеле и децата
Во Данска е правило децата да одат во градинка и државата да им плаќа на сите. Така родителите имаат, дури и ако работат од дома, време и простор за самотија и непречено работење.
- Заборавете на родителските стравови
Во Данска не постои презаштитување на децата. Во повеќето дански училишта постои простор за палење оган, за децата да се научат да печат леб, а во училниците горат свеќи и никој не паничи дека детето би можело да се изгори. Данците се бестрашни и редовно ги изложуваат своите деца на мали опасности.
- Не постои избор
Данците не веруваат многу во можноста на избор. Тоа за нив е збунувачко и непотребно. Не само што секој ден на децата им пакуваат исто јадење, туку сите родители на децата им даваат потполно иста ужина – паштета од џигер, печено лепче, моркови и јаболка.
- Семејството е на прво место
Во Данска никој не останува во канцеларија по 16 часот. Сите истовремено одат по децата, па се враќаат дома и заеднички подготвуваат вечера. Зборот со кој данците ја опишуваат топлата атмосфера на дружење со најдрагите личности и уживањето во добрите работи е “hygge”, што не значи ништо освен седење на маса и разговарање со најблиските. Данските семејства промислено создаваат таква атмосфера секоја вечер.