cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Декорирање на домот за Велигден

Од целосни аранжмани за маса до стилски, суптилни изгледи , избравме неколку омилени идеи за Велигденско украсување за да ги пробате

Декорирање на домот за Велигден

И покрај тоа што најверојатно и годинава ќе изостанат семејните собири за Велигден, нема зошто да не се препуштите и да внесете празничен дух во домот. 

Избравме неколку омилени, брзи, лесни и достапни начини за украсување на вашиот дом 


1.  Венец на врата 
Кој вели дека венците треба да бидат ограничени на Божиќ? Без разлика дали сами ќе направите или изберете опција купена во продавница, додадете малку празбично расположение на влезната врата. 

1


2. Цвеќиња 
Ако имате простор за тоа, внесете дел од надвор во вашиот дом. Нека замириса на цвеќиња. Наполнете вазна со вода и дајте им на лалињата централно место во овие празнични денови.

 

3


3. Пуштете сонце дома 
Искористете ги најубавите пролетни нијанси со неколку светли аранжмани со цвеќиња - жолтите лалиња и нарцисите се совршена сезонска опција за да го додадете тој сончев допир во вашиот дом. 

 

3


4. Декорирана маса 
Поставете го вашиот празничен чаршав со пастелни бои, извадете го вашиот порцелански сервис кој е за специјални пригоди, кристалните чаши во кои виното ќе е повкусно. Додадете некои декоративни ситници кои ќе ја заокружат целта празнична атмосфера и уживајте. 

 

4


5. Размислувајте "надвор од (јајцата) кутијата" 
Декорирани избоени јајца се класика за овој празник, па, додадете јајца на други интересни начини - лушпите можат да бидат одлични "вазнички" за цветови на пример. 


6. Празнични  закуски 
Секој сака слатко задоволство, особено за Велигден! Но, зошто да се држите до вообичаените чоколадни јајца кога можете да станете креативни во кујната и да направите секаков вид на закуски во празнична форма! Овие зајачиња бисквити се преслатки и изгледаат совршено на пастелно обоена чинија. 

 

5


7. Забава во градината 
Ако имате дворче, испланирајте прослава на отворено. 
Пребојте го стариот градинарски мебел . Пастелните тонови се совршени за овој период од годината и шарените столици веднаш ќе додадат чувство на забава во вашата градина.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет