Детето е здраво колку што му се здрави забите?!
Здрави заби се предуслов за целосно здравје. Фактите говорат дека болните заби го загрозуваат општото здравје на децата
Оние дечиња што имаат болни заби постигнуваат послаби резултати во училиште бидејќи имаат намалена способност за концентрација и за учење. Докажано е и дека имаат зголемена анксиозност, замор, раздразливост и депресија што секако атакува на нивните секојдневни активности. Лошото орално здравје е поврзано и со проблеми во социјалниот живот и интеракцијата со другите луѓе.
Затоа, најевтин и најефикасен лек е правовремената и организирана превентивна заштита. Без разлика дали забите се трајни или млечни. Млечните заби влијаат на развојот на трајните запчиња. Поради ова, неопходно е редовно и правилно миење на забите уште при излегување на првото запче. Нормално е секој родител да посакува здраво дете. Всушност, посакува здрави заби за своето дете.
За да се одржат здрави заби, според експертите, најмногу треба да се внимава на храната која ја конзумира детето. И тука настануваат првите дилеми и прашања за тоа која храна е здрава и треба да ја јаде детето, односно што е тоа што ги расипува забите? Која е правилната превентива за нивна заштита? Дали паста со флуор или не? Каква четка? Кога?
Што не е добро?
Она што првично треба да се знае е дека вистинскиот избор на храна е важен во одбраната од кариес или други забни болести како и за одржување на правилна хигиена на усната празнина, т.е “самочистењето” на забите – храна која ги “чисти” забите. Како и за повеќето други работи во животот, така и во случајот на здравјето на забите, потребни се здрави темели, односно здрава основа и тоа да се постави колку порано, толку подобро.
Најголем непријател на здравјето на забите е шеќерот кој доведува до пораст на киселоста, загрозувајќи ја заштитната функција на плунката и претворајќи ја во млечна киселина што го зголемува размножувањето на штетни бактерии.
Затоа неопходно е да имаме контрола врз внесот на шеќери, колку помалку слатки продукти (како што се тврдите бонбони, карамели, шеќерна волна, разни кекси и наполитанки, колачи, мафини, суво грозје и останатото суво овошје) и слатки пијалаци, толку подобро.
Стоматолозите советуваат дека треба да се внимава на скриените шеќери во храната. Пример, фаст фуд храната, конзервираната храна, сенфот, кечапот и други слични продукти кои го содржат шеќерот во својот состав како конзерванс го загрозуваат оралното здравје. Особено внимание е потребно за храната која е богата со комплексни јаглехидрати (скроб) а која е особено “леплива” – смоки, пецива, тестенини и сл. Токму ваква цел има кампањата „Патот до здрави заби“ која преку забавна анимација ги учи најмладите за тоа што е добро, а што штетно за нивните запчиња, ги учи на здрава исхрана и здрави навики.
Затоа при советувањето на нашите дечиња, најдобро е да се придржуваме до онаа древна мудрост која вели „се што е добро ако се претерува станува лошо“.
Здрава храна за здрави заби –„Во здраво тело здрави заби“
Постојат и намирници кои се корисни и придонесуваат до здравје на забите и устата. Пример, сирењето (посебно старото), останатите млечни производи (јогурт, млеко, сурутка), храната со влакненца која бара посилно џвакање и овозможува самочистење на усната празнина (сирово овошје и зеленчук), мешункасти производи (грав, грашок, зелка, проќел, карфиол како извори на витамини и минерали).
Храна која не го намалува pH (односно не ја зголемува киселоста) во устата и не влијае на настанувањето на кариесот вклучува јајца, месо, риба, повеќето од зеленчукот, масло за јадење, марагарин, путер и семки. Токму поради ваквата способност, овие намирници се препорачува да се јадат на крај од оброкот или во комбинација со храна богата со ферментабилни јаглехидрати (скроб). На пример, баната во комбинација со житарките и млекото или крекери во комбинација со сирење, имаат значајно помал потенцијал за создавање кариес, отколку кога бананата и крекерите би се јаделе самостојно.
Што се однесува до течностите, најдобар пијалак не само за децата туку и за возрасните е водата, па потоа незасладените чаеви, млеко и јогурт.
Вистинска паста, вистинска четка и во вистинско време
Најновите истражувања покажуваат дека со миење на забите треба да се почне веднаш по никнување на првото запче (6-7 месец). Најпрво е потребно да се чисти запчето со чепкалки за уши или со малку памук за да се создаде импулс за редовна нега. Првично детето треба да си игра со четката, а потоа да почне и со четкање на забите. Четката треба да биде мека и со помала глава. Откако утврдивме дека четката треба да биде мека и помала, се исправаме пред дилемата – каква паста да користиме за нашето дете? Стоматолозите препорачуваат да се користи паста за заби со одредено количество флуор согласно возраста на детето. Флуорот е микроелемент кој има докажано полезно дејство во заштитата од кариес и е исклучително важен за цврстината на емајлот кај млечните и кај трајните заби. Сепак, со флуорот треба да се внимава, затоа што при внес на поголемо количество од пропишаното, тој се таложи во организмот. До 4-тата година се препорачуват 250 ппм (parts-per million), до 8-та оваа доза се дуплираа, а потоа се препорачуваат од 1000 до 1200 ппм. Освен концентрацијата, важен е и изборот на флуориди (органски или неоргански). Кај органските флуориди (аминофлуорид – олафлур) постои целно насочување на флуоридите врз забните ткива, подолготраен ефект и подлабоко продирање во емајлот. Ваков флуорид има во Лакалут детската линија на пасти за заби за деца. Другите, неорганските, флуориди дифузно се распоредуваат во усната празнина и имаат помал локален ефект. Значи, не се поставува прашањето дали треба или не флуорид, туку која доза и каков флуорид содржи соодветната паста? Оттука и категоризација на пастите за заби до 4 години, потоа од 4 до 8 години и над 8 години, како што е случајот со детската линија на Лакалут пастата за заби, единствени со вака прецизна поделба, односно прецизна намена на конкретнинте пасти. По 12-тата година може да се користат и пасти за возрасни.
Заради оваа поделба и внимание, случајното голтнување е безопасно.
Потрудете се на децата да им ги наметнете светите три правила за одржување на добро орално здравје: секојдневна нега, правилна исхрана и редовна стоматолошка контрола. Само на овој начин може да се спречи појавата на најчестите заболувања кај забите- кариес и прадонтопатија.
Зачувајте го зравјето на забите, затоа што секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи!