cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Детето и домашното милениче

Со добра подготовка детето и домашното милениче можат многу добро да живеат заедно. Истражувањата покажаа дека децата кои имаат домашно милениче се почувствителни, по комуникативни и имаат поголемо чувство за одговорност

Детето и домашното милениче

 

 

Животните имаат позитивно влијание на развојот на личноста и социјалните вештини. За да можат детето и миленичето да развијат посебен, богат однос, треба да се подготвите пред да се роди детето.

Подготовки за новиот член во семејството:

- Ако Вашето домашно милениче е куче, водете го често во семејства во кои има мали деца, пред да се роди Вашето дете. Така може да се навикне на деца, а Вие можете да го оцените неговото однесување во присуство на децата.

- Кога детето ќе се роди таткото нека донесе од болница облека која мириса на Вас и на него. На тој начин  кучињата и мачките можат да се подготват за доаѓањето на нов член во семејството.

- Пред раѓањето на детето скратете му дел од вниманието на миленичето, за  да не му претставува голем шок недостатокот на внимание, по доаѓањето на бебето дома.

 

Кога ќе дојдете со бебето дома, обидете се да го интегрирате миленичето во секојдневието во семејството. Откако бебето ќе наполни 6. месеци и ќе почне да лази и да го истражува светот околу себе, мора да бидете многу внимателни. Бебето мора да научи некои правила. Мачките и кучињата не сакаат никој да ги допира по стомакот, туку повеќе им одговара галење по грбот. Кога миленичето спие или се храни, детето не треба да му пречи.  Најважното правило за родители е: Никогаш не го оставајте детето насамо со миленичето.  Животните се непредвидливи. Исто така, на микленичето тгреба да му биде забрането местото каде детето спие, но и животното тгреба да има свое мирно место. На мачката набавете и висока седалка, а на кучето обезбедете му место каде може да се прибере кога бебето ќе почне да лази.

Најдобро е ако бебето и миленичето растат заедно. Треба добро да размислите пред  да купите милениче. Дали имате доволно време за милениче, посебно за куче.  Дали Вашиот стан е доволно голем? Пресметајте ги трошоците за храна и ветеринар и размислете за најважното: дали сте подготвени да се поврзете со животно неколку години?

Ако одговорот на сите прашања е да, информирајте се кои животни се примерени за живот со мали бебиња и деца, а пред се' прочитајте ги десетте важни совети за заедничкиот живот на детето и миленичето:

- Многу миленичиња можат да бидат преносители на заразни болести и глисти. Исто така можат на домашните да им пренесат болви. Заради тоа треба Вашето милениче да го водите на редовни прегледи за да го излечат од глисти и болви, доколку ги има.

- За миленичето  нема место во собата во која спие бебето. Тоа е посигурно за бебето и спречува појава на алергии.

- Во Вашето семејство треба сите да бидете вакцинирани против тетанус. Бебињата се вакцинираат во 4. месец.

- Токсоплазмозата, која се пренесува по пат на изметот на мачката, посебно е опасна за трудницата и нероденото дете. Повеќе за таа болест и мерките за нејзино спречување, прочитајте овде .

- Ако при допир со мачка страдате од солзење на очите и тешкотии во дишењето, направете алерго тест. Можеби сте алергични на мачешката плунка и влакна.

- Каснувањето од мачка може да доведе до инфекции. По каснувањето раната исчистете ја со средство за дезинфекција.

- Ако мачката Ве лижне Вас, или Вашето дете по лицето, секогаш измијте се. По секое галење на домашното милениче, задолжително измијте ги рацете.

- Внимавајте Вашето дете да не дојде во допир со остатоци од храната или изметот на мачката.

- Крлежите од миленичето обично не преминуваат на човекот, но сепак веднаш отстранете ги од Вашето животно за да не заболи од борелиоза или менингоенцефалитис.

- Вашето куче мора да биде вакцинирано против беснило, а Вашата мачка против вообичаени болести и против тифус.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет