cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Диета од 9 до 17 часот

Ова е диета за работен народ со која можете да изгубите три килограми за две недели

Диета од 9 до 17 часот

 

1 Придржувајте се до менито во текот на работното време две недели. Оброците можете да ги замените или да повторите некое омилено јадење, но внимавајте да биде разновидно.
2 Ако не ви се допаѓа некое јадење од дневното мени, можете да изберете друго, но внимавајте да има вкупно 200 калории за доручек и 300 за ручек.
3 Секој ден јадете салата или свеж исечкан зеленчук, кое можете да го зачините со ладно цеден оцет.
4 За вечера и за викенд, можете да си јадете што сакате, но смалете ги порциите или одберете поздрави варијанти.
5 За викендот, за доручек и ручек, можете да изберете нешто од работното мени.
6 Пијте најмалку осум чаши вода на ден. Можете да пиете кафе со немасно млеко и вештачки засладувач, билен или овошен чај, и лесни напитоци.

 

Мени

Понеделник


Доручек: 200 г лесен јогурт од јагоди, мала банана и мандарина.
Претпладневна ужина: Праска.
Ручек: Грозје, палачинка полнета со пилешко во сос од зеленчук.
Попладневна ужина: Интегрален тост со 1 лажица топено сирење, салата.

Вторник

Доручек: 30 г житарки со немасно млеко, јаболко.
Претпладневна ужина: Кришка диња.
Ручек: 220 г салата од туна, 70 г чоколадна пена, праска.
Попладневна ужина: Мешан свеж зеленчук, 3 лажици паштета.

Среда

Доручек: Енергетска плочка од житарки и јагоди, крушка.
Претпладневна ужина: Јаболко.
Ручек: Сендвич од интегрален леб, лосос и краставици, банана.
Попладневна ужина: 125 г лесен јогурт од боровинки.

Четврток

Доручек: 40 г мусли со овошје и немасно млеко, киви.
Претпладневна ужина: 15 јагоди.
Ручек: Салата од зеленчук и морски плодови, пакетче чипс, мандарина.
Попладневна ужина: Јаболко.

Петок

Доручек: Енергетска плочка од житарки и мед, 10 јагоди, киви.
Претпладневна ужина: Кришка диња.
Ручек: 200 г грав од конзерва, мал варен компир и салата.
Попладневна ужина: Чаша топло чоколадо.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет