cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Дискалкулија кај децата: Како да им помогнете?

Развојна дискалкулија е состојба која се среќава кај деца со нормална интелигенција, а сепак имаат потешкотии во совладување на основните математички поими и вештини

Дискалкулија кај децата: Како да им помогнете?

Како резултат на ова ќе произлезат и проблеми, во совладувањето на основните аритметички операции, собирање и одземање. Проблем им се запомнувањето на основните метематички постапки, дури ако и применат  точна  постапка при решавањето тоа  ќе биде од механичка природа и без разбирање, и токму овде доаѓаат  до израз психолошките ефекти врз детето кои и те како оставаат белег на неговата личност ако на време не се интервенира. Во даден момент секој наставник  може да  се посомнева дека во одделението има  дискалкулично дете, кое е инаку успешно по другите наставни предмети, а има  потешкотии во совладувањето на основните математички операции и пресметува на прсти, додека останатите деца напредуваат а тоа заостанува. Дискалкуличното дете  нема чувство за поим број и дека е поврзан со соодветна количина и  цифра. Имаат потешкотии во краткорочното и долгорочното  помнење кое резултира да не може точно да запомни постапки и факти, без разлика колку пати ќе повтори и ќе се обиде и колку пати ќе се обиде да сето ова го научи на памет. Некои од овие деца не можат да ја совладат таблицата за множење, така што денес  ќе ја запомтат и кажат, но утре не ја знаат. За овие деца  и самото броење претставува проблем, посебно броење на назад. Имаат лоша визуелна и просторна ориентација, лево и десно не разликуваат или со потешкотии, а посебно им е тешко да одредат лево и десно кога се едно наспроти  друго дете, тоа им е навистина  мака и тажно е да се гледа збунетоста на детето. Овие деца имаат потешкотии во правење на низи од броеви, во воочување на едноставни постапки, не снаоѓање со парите, неможност за одредување на точното време на часовникот и потешкоти во временската организација во секојдневните активности. Најмалку е по едно дете во секое оделение. Мора да се има  во предвид  дека  децата кои се со развојна  дислексија  – деца кои имаат проблеми во совладување на техниката на читањето покрај нормалната интелигенција, ќе имаат и проблеми  во совладување на основните матеметички и аритметички поими и операции. Деца кои имаат проблеми со тонусот на мускулатурата  со движењето и координацијата на движењето  и рамнотежата на телото се викаат стручно диспраксични деца, на кои се нешто  им испаѓа од раце, се препнуваат а од мали препреки и паѓаат,  и тие имаат математички проблеми при користење на математичкиот прибор, или шестар, пак бележењето и цртањето не  е читко и не уредно и тешко е да им  се препознае што е точно а што не. Многу значајна информација која треба да ја знаат и наставниците и да направат разлика дека хиперактивните деца со недостаток и расеано внимание дека истите  не се и дискалкулични деца.Тие не мора да имаат дискалкулија само треба  правилно да им се насочи вниманието и тука треба да се прави разлика .

 

Првата и основна работа која се почнува за совладување на потешкотите и последиците од дискалкулијата е да се почне со броење. Кај диспраксичните деца е тешко при броењето воедно да го поврзат со покажување на даден предмет и токму затоа нивното броење  често e не точно. Некои деца учат на памет, без разбирање на количината на дадениот број. Тие чувствуваат дека имаат потешкотии со помнењето и затоа многу често  ги употребуваат прстите. Броењето на прсти е  недоволна ефикасна  активност. На секој чекор постои можност на грешка. Броењето на прсти е додатен напор за помнењето и концентрацијата, бидејќи сметање со броење е двостран процес. И кога после толку одземено време труд и грижа ќе дојде до крајниот резултат, не останува учењето во долготрајната меморија и така  се се врти во еден магичен круг. Еден од најдобрите резултати како да помогнеме на децата е употреба на различен дидактички материјал. Манипулирањето со материјлот овозможува да се зацврсти поимот број. Најчесто користен дидактички материјал  се пластичните или дрвени стапчиња во боја .

 

 

КОИ СЕ ПРОБЛЕМИ И ПРАШАЊА ПРОИЗЛЕГУВААТ  КОГА ТРЕБА ДА СЕ СОВЛАДА ОСНОВНОТО БРОЕЊЕ ДО  5 И ДО 10.

  • Рецитирање на  броевите во низа без разбирање  што претставува процесот на броење.
  • Не разбирање на концептот на главен број, односно дека последниот број ја  означува  вкупната количина на предметите во еден збир.

Не воочување на фактот дека поголемите броеви во себе ги содржат и помалите .

КАКО ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ДЕЦАТА ВО ОВОЈ ПОЧЕТЕН СТАДИУМ.

  • Да им се даде доволно време на децата да го запознаат и да манипулраат со соодветниот дидактички материјал.
  • Пред  да се користи илустриран материјал, се даваат манипулативни конкретни материјали, детето со нив  да манипулира, конкретно, пред  да  се започне со запишување.
  • Секое движење да биде проследено со конкретни и кратки реченици.
  • Нека се создаваат многу ситуации за броење, но почетното броење да биде од различен број, и кога правилно  ќе се совлада техниката на броење до 10 тогаш  ќе треба  да се вежба броењето на назад од 10.
  • Нека броењето биде низ различни детски игри.
  • Нека се користат за броење различни жетони, нанижани зрна и стапчиња во боја до 100.
  • Преку игра да ја сфатат суштината на собирањето и одземањето.
  • При совладување на математичките операции собирање и одземање прво се работи со бројот 1, а после следува бројот 2.
  • Математичките  проблеми нека се постават во конкретни и практични ситуации  кои ќе имаат значење за учениците –уште две играчки—наместо –уште два –
  • Најдобри рeзултати во совладување на броеите до 5 е преку играта –Не лути се човече -,а до 10 преку домино коцките. Преку принципот на боење и додавање на црните точки се учи и количина и собирање и одземање.

 

Примери со дијалог и со домино точки или сами направени како би се прецртувале за математичката операција одземање.

....   .... =ДВЕ ГРУПИ ОД ПО ЧЕТИРИ ТОЧКИ ГО ДАВАТ БРОЈОТ 8, И ЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ ИЗРАЧУНА ОД 8 ТОЧКИ КОГА КЕ СЕ ПРЕЦРТААТ 4 ЌЕ БИДЕ ЕДНАКВО НА  4.

.....  ....=ДВЕ ГРУПИ ОД ПЕТ И ЧЕТИРИ ТОЧКИ ГО ДАВАТ БРОЈОТ  9

Десет стапчиња во десет различни бои и различни по должина се многу добар дидактички материјал за деца кои имаат развојна дискалкулија

 

 

 1

 

Овие стапчиња може секој наставник да ги изработи и се многу апликативни за истражување на броевите до 10. Нивната предност е дека должината и бојата може да ги разликува едно од друго.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет