Добра хигиена, добро здравје за Вашето бебе
Стерилизирањето на шишињата, цуцлите и останатиот прибор за хранење на Вашето бебе е неопходно и задолжително особено во првите неколку месеци после раѓањето
Со стерилизацијата се уништуваат бактерии и други микроорганизми опасни по здравјето на бебето бидејќи имунолошкиот систем е сеуште недоволно развиен.
Според медицинските истражувања на Вашето бебе ќе му биде потребна до една година за да развие ист имунолошки систем како возрасните и затоа во првата година од животот на Вашето бебе е неоходно да се стерилизира приборот за хранење.
Стерилизацијата треба да се врши секодневно за да бебето не се инфицира со користење на хигиенски неисправни шишиња , цуцли и цуцли лажливки.
Филипс Авент ви нуди асортиман на производи кои ќе ви помогнат да подготвите здрави оброци за Вашето дете од стерилизација до подготовка на храна.
Сите стерилизатори од програмата Авент користат болнички метод на стерилизација со пареа, која е брза ,лесна и ефикасна , без користење хемиски средства.
Електричниот стерилизатор на водена пареа нуди најлесен начин на стерилизација, со својот компактен дизајн и големина не зафаќа многу простор во кујната но сепак може да собере 5-6 шишиња оддеднаш.Овозможува зависно од потребите да се стерилизираат шишињата или цуцлите заедно или секое посебно.
Стерилизаторот за во микробранова е особено лесен за користење и во него се стерилизираат шишињата и цуцлите за само 2-4 минути.
Во сите стерилизатори содржината останува стерилна во период од 24 часа,доколку не се отвори капакот.