Добро е да знаеме
Детски песнички

Добро е да знаеме
каде оди сонцето,
кога силен облак
вешто ќе го скрие?
Добро е да знаеме
каде одат птиците,
кога студот царува
и гората спие?
Добро е да знаеме
каде одат лисјата,
кога во есен ветерко
луто оро вие?
Добро е да знаеме
зошто се се менува
и какви се тајни,
природата крие.