Докажан германски квалитет веќе од 49 денари
Години наназад на нашиот пазар дрогериите на dm се профилирани како место за целото семејство, каде може да најдете сe што ви е потребно за нега и убавина, нега и храна за бебиња, органска храна и додатоци во исхрана
Една од причините за тоа е сеопфатниот асортиман од преку 14.500 производи, од кои повеќе од 4.000 се сопствена dm марка – достапни единствено во дрогериите на dm.
На многумина од нас овие производи ни се веќе и повеќе од познати...Balea, alverde, Denkmit, dmBio, babylove…ова се само дел од сопствените брендови на dm кои нудат врвен, докажан и идентичен квалитет во сите 13 земји, каде што dm е достапен на пазарот.
Но, што е тоа што ги прави овие производи посебни?
Покрај неверојатно ниските цени, производите од асортиманот на сопствените dm марки се истакнуваат и по многу други специфичности:
- Со своите сопствени марки alverde и dmBio, dm нуди најголем избор на природна козметика и органска храна на нашиот пазар.
- Производите се произведуваат по најморедни стандарди и подлежат на строги контроли на квалитет од независни реномирани институти.
- При производството се внимава на еколошката одржливост на производите, на нивните состојки и амбалажи, со што истите би биле што поповолни за животната средина.
Затоа, уживајте во пријатниот шопинг во дрогериите на dm и направете добро дело за целото семејство, вашиот паричник, како и за животната средина.